Дежурна Ординација! #2

Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.626
Поени од реакции
10.745
Некој да препорача нешто против течење нос? Залепив настинка пред десетина дена, веќе не кашлам, ама носов никако да прекине да тече.
Капки како оперил ништо не помагаат, аква марис (марисол) исто така немаат никаква функција во намалување на секретот whatsoever... Некоја друга опција?
Веќе пукнав, веќе не знам кај да се обратам :toe:
оперил спреј
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
114
Поени од реакции
172

Многу различни терапии(одговори) добиваш од овдешните членови и тоа е нормално бидејќи повеќето од нив не ни знаат зашто ги пиеле истите.
Тргни го оперилот(тој се користи кога е затнат носот), овие водите(меѓу нив има различни:изотонични,хипертонични и др.) немаат директно функција во намалување на секретот но имаат индиректно функција. Индиректно имаат бидејќи се многу важни во хигиената на носната слузница исто како што е важно хигиена на усна празнина(миење заби). Ако не престанува да тече можеш да земеш риностоп и плус некое апче за алергија (даселта на пример). Ако и после пиење на овие не престане да тече ќе побараш упат до орл доктор
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.313
Поени од реакции
7.121
Некој да препорача нешто против течење нос? Залепив настинка пред десетина дена, веќе не кашлам, ама носов никако да прекине да тече.Капки како оперил ништо не помагаат, аква марис (марисол) исто така немаат никаква функција во намалување на секретот whatsoever... Некоја друга опција? Веќе пукнав, веќе не знам кај да се обратам :toe:
... е па издржи уште некој ден, телото природно ќе „го секне носот“ само да се стабилизира имунитетот, единствено избегнувај нагли промени од ладно во топли простории, кога вдишуваш наеднаш ладен, сув воздух, влажното ткиво во внатрешноста на носот автоматски го зголемува производството на „течноста“ во носот за заштита на ткиво на белите дробови и носот дополнително ќе тече или обратно во топли климатизирани или премногу топли простории каде не е регулирана влажноста пак го зголемува вишокот на „течноста“ во носот и пак ќе ни тече, дури и неконтролирано ќе ни истече од носот, исто кога ќе сркаме многу топла супа, а тоа носот тече!
... инаку сите горе предложени лекови било инхалирани, било како локални деконгестиви, било како орален антиалергик се препорачуваат само доколку е загрозено дишењето, вака оти „ќе пукнеш“ не е оправдано (земи салфетки и полни ги) навистина досадно е да се шмрка нон стоп ама кога се нема друга здравствена пречка околу тоа нема примена на хемија!
П.С.
...сигурно веќе ти секна носот! :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.596
Поени од реакции
6.902

Не прекина уште :(
Иначе не би ми сметало да сум дома, ама во просторија со 15 други луѓе малце незгодно е да трубам цело време па заради тоа нонстоп излегувам и се враќам, што е нијанса помалце иритантно за сите но сепак доволно иритантно.
 
... прерано си почнала со работа штом си имала настинка, па ете не си оздравила целосно, напротив тие колеги треба да бидат криви што „поради нив“ си морала порано да почнеш со работа наместо да седиш дома, нив да им биде незгодно, а не тебе...така да ја свртиш работата и нема да биде иритантно за нив! јас дури од шала би рекла дека имаат среќа што е во прашање само носот, а да беа гасови?
бриши го носот со салфетка, ама не претерувај со дување на носот со сила, го празниш целосно да за кратко време пак се полни и може да го надразниш повеќе!
хемија... немој, знаеш самата тоа ! ;)
...15 души во една просторија? :shook:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.239
Поени од реакции
9.289
Не прекина уште :(
Иначе не би ми сметало да сум дома, ама во просторија со 15 други луѓе малце незгодно е да трубам цело време па заради тоа нонстоп излегувам и се враќам, што е нијанса помалце иритантно за сите но сепак доволно иритантно.
дали проба нешто како риностоп? Оти го споменав и бенилот кој ја суши слузницата на начин како што е опишан во упатството. Меѓутоа, случајно татко ми додека работеше, го претставуваше меѓу другото и тој спреј (од Крка) така да не препорачуваше подолго користење ако немаше крајна потреба од престанок на крварење или да се намали слузта.
Да прашам, дали сметаш дека ти е од настинката или од алергиска реакција? Чисто информативно.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.596
Поени од реакции
6.902
дали проба нешто како риностоп? Оти го споменав и бенилот кој ја суши слузницата на начин како што е опишан во упатството. Меѓутоа, случајно татко ми додека работеше, го претставуваше меѓу другото и тој спреј (од Крка) така да не препорачуваше подолго користење ако немаше крајна потреба од престанок на крварење или да се намали слузта.
Да прашам, дали сметаш дека ти е од настинката или од алергиска реакција? Чисто информативно.
Да, пиев капсули DayQuil и прашок DayMed комби што се со сличен состав ама по 4 дена ги прекинав зашто не се за користење подолг период, а и не беа многу ефикасни за ова.
За Бенилот знам, предизвикува зависност и разраснување на слузницата и не треба да се а. Еднаш си направив ептен беља со тоа и сега сум многу претпазлива.
Мислам дека се работи за последица од настинката зашто не сум имала досега проблем со алергиски ринит. Обично доста поспоро отколку на просечен човек ми поминуваат настинките и навикната сум на тоа па само си исчекував да помине, ама еве сега други ми се околностите па затоа си барав чаре.
Земав Марисол со пантенол, ќе прскам за слузницата да ја опоравам зашто веќе и ранички ми се направија и викендов ќе го отседам дома со супа и чаеви па ќе видиме.
Фала ви на сите за советите:pipi:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.603
Поени од реакции
17.550

Пробај пост на вода само, ќе се исчистиш за макс неколку дена.
Ама нема да пробаш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.239
Поени од реакции
9.289
Мислам дека се работи за последица од настинката зашто не сум имала досега проблем со алергиски ринит. Обично доста поспоро отколку на просечен човек ми поминуваат настинките и навикната сум на тоа па само си исчекував да помине, ама еве сега други ми се околностите па затоа си барав чаре.
Знам Еф, се познаваме прилично одамна. Се надевам ќе ти помогне седењето дома, да користиш топли напитоци, да не излегуваш на загадениов воздух и да не менуваш топло ладно, промена на температура (иако само при одење на работа и назад). Би ти препорачал и жалфија ама таа е меѓу другото антисептик, дал ќе ти помогне, не знам оти зголеменото течење може да е од различни причини.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.313
Поени од реакции
7.121
... жалфијата има потенцирано естрогенско дејство, содржи „тујон“ кој е невротоксичен и при подолга примена може да предизвикува конвулзии, главоболки, тие што имаат хипертензија треба да избегнуваат пиењето чај од жалфија!
... така да внимателно зошто не е толку безопасен хербален лек, а да се примени како антисептик, а да се чудиме оти ни се покачил притисокот или менструалниот циклус ни се продолжил ...не знам...?!:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.239
Поени од реакции
9.289
... така да внимателно зошто не е толку безопасен хербален лек, а да се примени како антисептик, а да се чудиме оти ни се покачил притисокот или менструалниот циклус ни се продолжил ...не знам...?!:)
мене ми е само ради циклусот да не ми се пролонгира :)
Ја пиев неколку денови, една недела отприлика што мислам не е многу за да си направам беља.
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
114
Поени од реакции
172
дали проба нешто како риностоп? Оти го споменав и бенилот кој ја суши слузницата на начин како што е опишан во упатството. Меѓутоа, случајно татко ми додека работеше, го претставуваше меѓу другото и тој спреј (од Крка) така да не препорачуваше подолго користење ако немаше крајна потреба од престанок на крварење или да се намали слузта.
Да прашам, дали сметаш дека ти е од настинката или од алергиска реакција? Чисто информативно.
Бидејќи го спомнуваш во повеќе наврати Бенилот, да знаеш дека не се произведува неколку години веќе. Заменет е со нешто понова генерика на која и е додадена и декспантенол кој превенира сушење на слузница и се вика Септаназал
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.239
Поени од реакции
9.289
Бидејќи го спомнуваш во повеќе наврати Бенилот, да знаеш дека не се произведува неколку години веќе. Заменет е со нешто понова генерика на која и е додадена и декспантенол кој превенира сушење на слузница и се вика Септаназал
не знаев. Одамна, со децении не го користам, а и стариот мој пред исто толку децении е во пензија така да не сум информиран дека не се произведува. Веројатно Крка имаат нешто слично али не сум го прашал. Ок, фала за информацијата
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.313
Поени од реакции
7.121
мене ми е само ради циклусот да не ми се пролонгира :)
Ја пиев неколку денови, една недела отприлика што мислам не е многу за да си направам беља.
1575646579985.png

... естрогенот како хормон е присутен во мали количини кај мажот, како што е присутен и тестостерон во мали количини кај жените, така да при честа, долгорочна примена на жалфијата фитоестрогени кои се во нејзин состав можат да дадат потенцирани естрогенски ефекти кај мажот (либидо, еректилна функција, сперматогенеза) :)

1575646493815.png 1575646532323.png

...по една чаша неделно, не би требало да биде проблем!
 
Член од
22 август 2018
Мислења
67
Поени од реакции
14
Имав акни на лицето и јас ги тргнав така што ја скинав кожата и ми се појави рана(глупост!). Јас не ѝ обратив внимание и по 5 дена се инфицира раната. Што да правам? Сега ја исчистив со хидроген и ставив бетадин. Нешто друго? Да одам ли на дерматолог?
 
На врв Bottom