Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
8.102
Поени од реакции
12.711
Дали е нормално одењето во тоалет по неколку пати секое утро, во перод од 2-3 часа? (притоа столицата е нормална)
... ако столицата е нормална ( не е течна, полутечна), а при тоа немаш попратни незгодни симптоми како подуеност, болки, напрегање тогаш нема зошто да се вознемируваш, ваквата „дефекација“ укажува дека предходниот ден храната била првенствено на зеленчук и овошје и внесено многу малку протеини!
... можно е да некогаш има застој на храната во цревата, па и во дебелото црево, па наутро доаѓа прво празнење предизвикано од една чаша вода, потоа по некое време сигурно пиеш кафе кое повторно набрзина го раздвижува стомакот, па делува благо лаксативно и оп! повторно доаѓа до празнење на цревата!
... како и да е сето тоа е нормално, смени ја исхраната еден ден јади месо, навечер пред спиење напиј си млеко, сабајле не пиј вода веднаш по станување, празнењето највероватно ќе биде еднократно и тоа после доручекот!

1572452794418.png

инаку доколку си потемпераментна личност, напнатоста наутро што ќе треба да изработаш во текот на денот може да ја засили перисталтиката па ете да настане расчистување на целиот колон за време не тие 2, 3 часа наместо во текот на денот, како и да е има различно објаснување кое е во рамките на нормалното одење во тоалет!

1572452852765.png

... е сега некој ќе каже дека претеруваме, ама формата на фецесот како и начинот на дефекација укажува многу околу нашето здравје!
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
243
Поени од реакции
54
потребна ми е маска за да се заштитам од подрумската прашина на која ми реагира организмот, а сепак треба да го средам подрумот. некој со предлог, каква маска, од каде?
 
Член од
22 октомври 2019
Мислења
3
Поени од реакции
2
... ако столицата е нормална ( не е течна, полутечна), а при тоа немаш попратни незгодни симптоми како подуеност, болки, напрегање тогаш нема зошто да се вознемируваш, ваквата „дефекација“ укажува дека предходниот ден храната била првенствено на зеленчук и овошје и внесено многу малку протеини!
... можно е да некогаш има застој на храната во цревата, па и во дебелото црево, па наутро доаѓа прво празнење предизвикано од една чаша вода, потоа по некое време сигурно пиеш кафе кое повторно набрзина го раздвижува стомакот, па делува благо лаксативно и оп! повторно доаѓа до празнење на цревата!
... како и да е сето тоа е нормално, смени ја исхраната еден ден јади месо, навечер пред спиење напиј си млеко, сабајле не пиј вода веднаш по станување, празнењето највероватно ќе биде еднократно и тоа после доручекот!

Прегледај го приврзокот 220943

инаку доколку си потемпераментна личност, напнатоста наутро што ќе треба да изработаш во текот на денот може да ја засили перисталтиката па ете да настане расчистување на целиот колон за време не тие 2, 3 часа наместо во текот на денот, како и да е има различно објаснување кое е во рамките на нормалното одење во тоалет!

Прегледај го приврзокот 220944

... е сега некој ќе каже дека претеруваме, ама формата на фецесот како и начинот на дефекација укажува многу околу нашето здравје!
благодарам на одговорот. обично секој ден јадам месо за ручек а јадам и овошје и зеленчук, кафе не пијам ама често пијам јогурт. првата потреба за тоалет обично ми е кратко по будењето, па во наредните часови уште два три пати. во меѓувреме некогаш не чувствувам ништо посебно, некогаш чувствувам како активност во стомакот или цревата.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
9.676
Поени од реакции
12.884
Еднаш земав сируп за искашлување, мислам дека си ја искашлав младоста.
Мачна работа.
Мрзи тешки....а да се истрчаше едно 20 мин. темпо. Па спринтеви едно 15x20 метри на 80% од можности.?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.202
Поени од реакции
13.940
сируп за искашлување само ако сакаш да погинеш, еднаш ко дете на итна завршив ради една таква што ми препишала таков шуруп, цела ноќ до 4 сабајле не престанав да кашлам
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
Со оглед на тоа што досега не сум бил на компјутерска томографија (на глава), ќе ве замолам за мислење. Според некои доктори зрачењето е многу големо и треба да се применува само во најнеопходни случаи. Според други (мегамед), има многу мало зрачење и трае само неколку секунди (кај ни велат со современи томографи). Прашањето ми е дали да се снимам или не (заради тремор на раце од млади години посебно при вознемиреност, кој најверојатно е наследен од родител). Инаку тој тремор со одредени лекарства е прилично намален како што пишува во наодот. Искрено, како секој нормален, можните последици од зрачење (треба да се снимам во државна установа) ич не ми се допаѓаат. Секако ќе се консултирам и со матичната, но ми значи и вашето мислење и искуство. Да не си направам само беља, а ништо да не се постигне со тоа. Оти и од лекови на дневна база ми е преку глава.
 
... НЕ! не треба да се направи компјутерска томографија доколку имаш есенцијален тремор! (мое мислење)
... причината за појава на есенцијален тремор е непозната, пола од пациентите имаат друг член во фамилијата со тремор како што самиот спомна, уште не е пронајден генот кој предизвикува есенцијален тремор и доколку е како наследен фактор во идната генерација е можно да се појави на помлада возраст!
и да се решиш да направиш снимање на мозокот резултатот ќе ти биде во граница на нормала само што без веза ќе се третираш со контрасно средство во тело и ќе се озрачиш!
... на жалост не постои дијагностички тест за есенцијален тремор, но може да се намали треморот зависно да не биде засилен од примена на други лекови или состојбата на штитната жлезда , на жалост не постои лекови за негово лечење, но постојат лекови за негово повлекување т.е. спречување, но дали се утврди дека тој тремор не е Паркинсов тремор ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.102
Поени од реакции
12.711
... есенцијален тремор е многу почесто заболување од Паркинсон!

зашто да не ја знаеш разликата, еве неколку моменти кај Паркинсонова болест треморот се јавува при мирување, на пример дланката се приметува кога рацете мируваат и се релаксирани „тие се тресат“, а и сите движењата се побавни и се има пречки во одењето (како да се потскокнува во чекорот), а кај есенцијален тремор, треморот се јавува кога се врши некоја активност (се чувствува потешкотии во пишување, јадење држење лажица, дигање потешка чаша), но ако се спуштаат рацете релаксирано треморот исчезнува, овој есенцијален тремор може да се потенцира дури и при силен стрес и нервоза доаѓа до појава на тремор на гласот, како и тремор на раце и глава!
...ако се има лесен тремор, малку е незгодно од околината т.е. друштвото демек што ти е, што се тресеш, инаку не преставува некоја пречка и нема потреба од било каков третман, доколку се појачи и зачести треморот тогаш се зема некои лекови како на пример бета блокатор (пропранолол) со препорака да се избегнуваат сите кофеински напитоци, стимуланси, алкохол, па и некои лекови за други болести (пр.астма, амиодарон, антидепресиви) кои предизвикуваат тремор, дури ако се има проблеми во дигање на пример на чаша, пишување се носат зглобни алки (тегови) со што го намалуваат треморот(стабилизирајќи го зглобот и тежината на раката)!

1572895561415.png 1572895843678.png

... но за да се консултираш понатаму со невролог, мораш да ја испиташ штитната жлезда (Т4 и ТСХ), оти хипертиреоза дава тремор, како и нерегулиран шеќер во
крвта т.е. низок шеќер во крвта (хипогликемична состојба)!

Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
6.677
Поени од реакции
17.369
Знае ли некој чаре за киселини? Од секогаш сум имал проблем ако после јадење одма легнам у кревет ама ноќеска мислев дека ке скинам.Кај 3 саат негде ме разбуди таква болка и печење у грло,неописиво.Дури грбот ме болеше.Стоев некое време ми стана малку поарно,испив ранитидин,па уште еден после пола саат па рупурут и неколку лажици сода бикарбона,џабе само што легнав пак истото.Така до 7 се мачев легни стани,едно време лиги и бела пена повраќав, и еве денес цел ден сода,ранитидин рупурут,не поминува ни под разно.И нолпаза пиев сабајле ама јок,никако не поминува.
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
188
Поени од реакции
299

Нема да ти помине од ништо ако ги пиеш препаратите само по потреба.
Рупурутот и ранитидинот ок (тие ги пиеш по потреба), ама нолпазата мораш да ја пиеш подолго време. Мораш да посетиш доктор од гастро за да ти даде точна терапија. Од нолпазата има помала и поголема доза, ќе треба еднаш или па два пати да ја пиеш. Може ќе добиеш препорака и за друга терапија или за дополнително испитување.
Мегудругите работи сигурно имаш гастроезофагеален рефлукс.
Краток совет додека не посетиш доктор е да не го препунуваш желудникот со голема количина на храна, јади помалку ама повеќе пати во денот.
 
На врв Bottom