Aj да прашам дали имал некој сличен проблем.
Пред 7-8 месеци негде, имав некое воспалување на крајнициве, првин ми беше затнато едното, па другото уво. Десното чинам ми беше затнато некаде еден месец и слушав послабо. И пушти нештото.
И се беше ок. Е сега некаде за мај, бев на повисока надморска височна ме отепа така поприлично студен ветер. Од тогаш имам сетено, при секое голтање, како да ми крцка нешто кај ушево десно. Онака голташ и прај нешто крцццц, онака кратко. Бев на специјалист, ми вика си имал проблем со крајниците се гледа и ко мал и сега, немаш моментално воспаление, освен во десното уше некој процес, ми го испери нешто и вика ако продолжи да ти крцка да дојдиш со камерчиња да го снимаме. И не појдов.
Од шо можи да е, некое трајно оштетување, нерв, тапанче нешто?
п.с заборавив да надополнам, на специјалист бев бидејќи чувствував како кнедла в грло, која накрај се испостави дека ми е на нервна база, ради напнатост, нова работа, период на адаптација и слично.