Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
vratot pred dva dena pocna da stega prednata leva strana i pozadi kaj trapezod koga pritiskam e bolno nekoj sovet sto moze da bidi bidejki sme stega nekako odnapred i osekam kako mi piulsira mozebi deka mislam i od strav malce:vozbud: a isto taka i vezbam.. nekoj sovet nesto..Fala vi
... а зашто го притискаш вратот ако те боли кога притискаш? велиш преден дел на вратот мислиш кај грлото како опис на „предна страна“ па било кој да притиска ќе го боли тука си има „нешта“ што ако се притискаат реагира со болка и кога ќе додадеме дека идеш во теретана без тренер или профи контрола колку „дигаш“ товар и колку се напрегаш ете ти мускулно истегнување на вратот што ќе ти помине само од себе ако внимаваш да не вежбаш пак барем пауза 5 дена!

1564068417127.png

Ke vidam moze utre neznam pred 1 2 mehca pravev krvna i ekg bese bo red a tuka vo germanja mnogu ne se zamaraat sigurno ke mi davat nekoja mas
а тоа ЕКГ, крвна слика што врска има? ќе слушнеш таму некого за затнување на каротидни артерии што веднаш ќе ти препорачат доплер како дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв ама на тие што имаат историја на болест, а не ти вака, мислам ејјјјј дај бе уживај не туку мисли глупости.... демек си се плашел? од што?
1564069587870.png

Ahm ovie tri dena se masitam stalno ali ne popusta bas e da mozebi e malku toa
... странично и напред на вратот не се масира! може и полошо да се направи! нема што тука немаш ти кој знае што болки, ниту пак ти е нешто неподвижен вратот па да пиеш лекарства... мирувај, не вежбај со време ќе попушти болката за која си ТИ крив при вежбањето нешто си претерал и истегнал вратот!
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2019
Мислења
39
Поени од реакции
2
... а зашто го притискаш вратот ако те боли кога притискаш? велиш преден дел на вратот мислиш кај грлото како опис на „предна страна“ па било кој да притиска ќе го боли тука си има „нешта“ што ако се притискаат реагира со болка и кога ќе додадеме дека идеш во теретана без тренер или профи контрола колку „дигаш“ товар и колку се напрегаш ете ти мускулно истегнување на вратот што ќе ти помине само од себе ако внимаваш да не вежбаш пак барем пауза 5 дена!

Прегледај го приврзокот 213245


а тоа ЕКГ, крвна слика што врска има? ќе слушнеш таму некого за затнување на каротидни артерии што веднаш ќе ти препорачат доплер како дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв ама на тие што имаат историја на болест, а не ти вака, мислам ејјјјј дај бе уживај не туку мисли глупости.... демек си се плашел? од што?
Прегледај го приврзокот 213263


... странично и напред на вратот не се масира! може и полошо да се направи! нема што тука немаш ти кој знае што болки, ниту пак ти е нешто неподвижен вратот па да пиеш лекарства... мирувај, не вежбај со време ќе попушти болката за која си ТИ крив при вежбањето нешто си претерал и истегнал вратот!
Okej fala ti mnogu na sovetite i jas mislam toa e ali pocna veke da popusta se mackam so mas i sega malku pauz ke pravam od treninzite fala ti
Автоматски споено мислење:

Okej fala ti mnogu na sovetite i jas mislam toa e ali pocna veke da popusta se mackam so mas i sega malku pauz ke pravam od treninzite fala ti a i da pravam pravk 300 filmovi
 
L

Löwe

Гостин
Дали треба да дигам паника ако сум започнал да сонувам пред воопшто да заспијам?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Дали треба да дигам паника ако сум започнал да сонувам пред воопшто да заспијам?
...зависи во каква состојба си во моментот! на сите понекогаш тоа ни се случува, но еднаш во месецот или неколку пати во текот на годината!
...сонување т.е. сон настанува при спиење, а не кога човекот е буден, но чувството на нештото што не е пред нас, а ние го гледаме, всушност е конфузија на мозокот поради различни причини и тогаш велиме дека имаме некоја соновна хипнагогична халуцинација, визуелните слики во мозокот се толку реални што тешко можеме да кажеме дали е сон или реалност или халуцинација!
...на пример, ако се враќаме од некој музички концерт и легнуваме веднаш, може да се има аудиторна соновна халуцинација, да се слуша звук, музика, бучава како реална или пак присуство на некој објект или настан преку некое сетиво (за мирис, вкус, додир) како да е реален а всушност не е и тоа најчесто се случува кога сме под голем стрес, кога имаме тешки анксиозни ситуации дури слушаме и гледаме нешта што не постојат како потешки форми на халуцинации пред спиење или кога заспиваме!

1564257789095.png

...често се случува како здрвување при спиење кога телото физички е неподвижно „спие“, а ментално е свесен и тогаш како свесен, а во сон ние се чувствуваме дека сме смрзнати, парализирани или нешто слично, па тогаш се создава силен страв и можност за викање во свесна состојба, а физички сме неподвижни...а може и обратно да сме физички активни да клоцаме и мавкаме со раце,а да не сме заспиени, а сепак мозокот е неподвижен!
.. овие халуцинации се почести кај тинејџерите, младите при што бројот на халуцинации се намалува со возраста, а и жените се со поголема веројатност да ги доживеат овие соновни халуцинации за разлика од мажите !

...други причини за хипнагогичните соновни халуцинации вклучуваат, употреба на алкохол или дрога, несоница, анксиозност, стрес, депресија, нарушувања на расположението во текот на денот!

1564257245935.png

...ова така малку како вовед, и сега дали овие халуцинации се опасни и предмет за загриженост?
пааа во повеќе случаеви не се, освен ако предизвикуваат вознемиреност или често го нарушуваат спиењето, па ни предизвикува поспаност во текот на денот!

...инаку телото си сака најмалку 7-8 ч сон, телото си сака редовен термин за заспивање, па ист термин за будење, ако се има проблеми, стрес, анксиозност тоа преку ден да се „среди“ и ако не можеме со самоконтрола тогаш некој лек не би било лошо одреден период да ја смири таа ситуација на анксиозност и стрес!

....со еден збор кога се иде секоја вечер во исто време на спиење и кога дневните проблеми ги оставиме во „дневна“ и не ги носиме со нас во „спална“, а предходно сме испиле една чаша млеко, но никако алкохол, кафе или вечера, тогаш велиме ќе заспиеме како јагне и сонот ќе ни биде вистински сон!

1564257592102.png

и ДА! треба да се учиме на навиките на многуте наши постари генерации кои не заспивале со цигара и кафе во раце, после полноќ во ниедно време, со нервоза гледајќи пораките на вибер и слушајќи вести на ТВ, тие легнувале секогаш на време со предходно водење љубов како основно средство за релаксирање и вовед во сон, ние најмалку ги следиме во тие нивни навики, а напредната технологија има и негативни страни како што е замарање на мозокот пред спиење и тоа се „буни“ на ваков начин!
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2017
Мислења
320
Поени од реакции
521
Да се надоврзам на последниов пост бидејќи и јас имам сличен проблем.Најчесто се будам пола саат или саат откако ќе заспијам и тоа во паника и срцебиење како да сум заробен во затворен простор или дека се случило нешто.Ова се ми се јавува најчесто летно време и почна од лани,иначе работата ми е во смени така да нередовно спиење,не сум под некој голем стрес периодов.Немам обилни оброци навечер или пред да си легнам и со самоконтрола се намалија ваквите "епизоди".
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
На промена на време по 2-3 дена нон стоп имам тапа болка во левата нога во делот кај коленото и под него и на левата рака под лактот па се до прстите.
Забележав една мала попуштена вена, не се којзнае колку познава, ама ме интересира дали е можно да е од неа или пак нешто друго?

Работата не ми е во стоечка положба, па за целата тежина да ми е на нозете.
 
L

Löwe

Гостин
Ефикасен лек за 1но месечна несоница? Предизвикана од ненаден стрес а не од депресија и анксиозност.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Постојано вадам суви парчиња од носов. Вака ништо поозбилно не осеќам, што уствари и не појавува потреба да одам на лекар и да се проверам.
Но стално сум со салфетки по џебовите, дека стално вадам суви.
Да и се дешава да имам кивање и слина од време на време. Сега за летово кога се мењаше од топло во ладно и обратно.

Дали имам некоја болест на синуси/нос или можеби загаден воздухов па телото само се чисти од штетните честици?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
на левата рака под лактот па се до прстите.
Може ова да е зачеток на Карпал тунелов синдром a коленото боли при промена на време, не е нешто чудно, има рецептори кои реагираат на промената на притисокот.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Може ова да е зачеток на Карпал тунелов синдром a коленото боли при промена на време, не е нешто чудно, има рецептори кои реагираат на промената на притисокот.
Сите што ги мачи ова можат да сменат да работат со раката која не ја користат за работа со компјутер. Јас сум деснорак. И мене ме болеше десната рака. Со малце упорност ќе може да привикнете и другата(левата) рака да ја користите.
Иначе не менувам во поставки на оперативниот кое да ми биде лево кое десно копче туку, исто користам како за десна рака.
Се привикнав и сеа супер ми е. Менувам по потреба.

Се извинувам, не видов дека се работи за колената. Кога ми велат„карпалов тунел“ мислам на дланките.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom