Дали треба да дигам паника ако сум започнал да сонувам пред воопшто да заспијам?
...зависи во каква состојба си во моментот! на сите понекогаш тоа ни се случува, но еднаш во месецот или неколку пати во текот на годината!
...сонување т.е. сон настанува при спиење, а не кога човекот е буден, но чувството на нештото што не е пред нас, а ние го гледаме, всушност е конфузија на мозокот поради различни причини и тогаш велиме дека имаме некоја соновна хипнагогична халуцинација, визуелните слики во мозокот се толку реални што тешко можеме да кажеме дали е сон или реалност или халуцинација!
...на пример, ако се враќаме од некој музички концерт и легнуваме веднаш, може да се има аудиторна соновна халуцинација, да се слуша звук, музика, бучава како реална или пак присуство на некој објект или настан преку некое сетиво (за мирис, вкус, додир) како да е реален а всушност не е и тоа најчесто се случува кога сме под голем стрес, кога имаме тешки анксиозни ситуации дури слушаме и гледаме нешта што не постојат како потешки форми на халуцинации пред спиење или кога заспиваме!
...често се случува како здрвување при спиење кога телото физички е неподвижно „спие“, а ментално е свесен и тогаш како свесен, а во сон ние се чувствуваме дека сме смрзнати, парализирани или нешто слично, па тогаш се создава силен страв и можност за викање во свесна состојба, а физички сме неподвижни...а може и обратно да сме физички активни да клоцаме и мавкаме со раце,а да не сме заспиени, а сепак мозокот е неподвижен!
.. овие халуцинации се почести кај тинејџерите, младите при што бројот на халуцинации се намалува со возраста, а и жените се со поголема веројатност да ги доживеат овие соновни халуцинации за разлика од мажите !
...други причини за хипнагогичните соновни халуцинации вклучуваат, употреба на алкохол или дрога, несоница, анксиозност, стрес, депресија, нарушувања на расположението во текот на денот!
...ова така малку како вовед, и сега дали овие халуцинации се опасни и предмет за загриженост?
пааа во повеќе случаеви не се, освен ако предизвикуваат вознемиреност или често го нарушуваат спиењето, па ни предизвикува поспаност во текот на денот!
...инаку телото си сака најмалку 7-8 ч сон, телото си сака редовен термин за заспивање, па ист термин за будење, ако се има проблеми, стрес, анксиозност тоа преку ден да се „среди“ и ако не можеме со самоконтрола тогаш некој лек не би било лошо одреден период да ја смири таа ситуација на анксиозност и стрес!
....со еден збор кога се иде секоја вечер во исто време на спиење и кога дневните проблеми ги оставиме во „дневна“ и не ги носиме со нас во „спална“, а предходно сме испиле една чаша млеко, но никако алкохол, кафе или вечера, тогаш велиме ќе заспиеме како јагне и сонот ќе ни биде вистински сон!
и ДА! треба да се учиме на навиките на многуте наши постари генерации кои не заспивале со цигара и кафе во раце, после полноќ во ниедно време, со нервоза гледајќи пораките на вибер и слушајќи вести на ТВ, тие легнувале секогаш на време со предходно водење љубов како основно средство за релаксирање и вовед во сон, ние најмалку ги следиме во тие нивни навики, а напредната технологија има и негативни страни како што е замарање на мозокот пред спиење и тоа се „буни“ на ваков начин!