@bijons
Дали постои можност нешто да е изместено, иако 95% од времето јас болка немам во зглобот(освен ако не пробувам да го свиткам и истегнувам, пр. вежба). Дали би осетил приметливи потешкотии при одење.Дали истото би се случило при некакво кинење на лигаменти? Исто така, не можам исто да ги свиткам „навнатре„ зглобовиве, што ваљда е уште нормално, ипак треба време.Тетивава е малце боли, но како да поминува. Движењето ми е горе-доле ок, но ногата како да е малку „стегната“, не е опуштена или нормална како другата.п.с. Ова се случи на 8 јуни(сабота вечер), значи пред 16 дена. Околу третман, ја „удавив“ со acidi borici, стегач пробувам, но
демек ни ми требало веќе.
Чудна ми е ногава у моментов, посебно внатрешна страна под тибиата. Малку е „поголема“ таму. А кај надворешната, мало потекување, кое би требало да спадне кај и да е. Како балонче е.
Малку сум скептичен за местачиве, при евентуално изместување на нешто во зглобов, и одење кај нив за местење.Еве една пеинт слика каде ми е чудно со ногава, да не ја сликам.
... ај замисли дека се работи за рамо и прашуваш дали е можно да е изместено рамото? што мислиш нема да знаеш самиот? а за скршеница самиот ќе слушнеш или ке почувствуваш едно „крццц“ како пукање, нели?
....болката е и дар од природата, таа укажува дека нешто се случува или уште трае односно
ако постојано имаме болка и неможност за газење,
одење мора нешто да е изместено или пукнат, скинат лигамент , ако немаш постојана болка туку само во некои движења со свиткување и истегнување нормално дека тогаш ќе те боли, оти тука имаме повреда на околното ткиво, затоа има појава на модро место кога веќе заздравува, но ништо друго покомлицирано ниту пак простор за загриженост!
...тоа „демек“ не треба стегач или еластичен завој е најлоша работа што може да се случи за еден спортист во смисол на самата повреда, оти правилната имобилизација веднаш после повредата значи и побрзо заздравување, така да колку побрзо би носел стегач или еластичаен завој велиме местото имобилизирано повредата би траела до недела, а вака ќе тера повеќе и затоа спортските повреди ги следат професионалци доктори малтене кои се експерти во спортска медицина, затоа што сите фудбалери како тебе, слично и одбојкарки
највише патат од тие повреди на зглобови и правилен пристап имаме побрзо враќање на терен со веднаш после повреда имаме само визулен преглед во смисол дали ногата има оток, хематом што велам јас модрица и однесувањето на повредата кога се стои се седи или лежи и можност на движење на самиот зглоб и ТОЛКУ! ...НО; ако се сомневаме на структурни промени одиме со пристап за втора фаза испитување со дијагностички порцедури како (ултразвук, магнентна резонанса-ртг снимки- компјутерска томографија)
... стегач се носи или пак се става еластичен завој поради мобилизација и стабилизирање на самото место додека не оздрави т.е. поради повреда на околното ткиво( истегнати лигаменти) може еписодата на свиткување на ногата повторно да се повтори што се вели од „мирно седење“ и колку навреме се имобилизира толку побрзо имаме санирање и оздравување!
...инаку мануелен преглед не се прави после повреда кога се има болка, туку после 5 дена од повреда, во моментот може само ртг снимка, така да не знам тоа што значи да се ди веднаш по повреда „на местење„ посебно кај немедицински лица!
... како да е би рекла дека имаш латерално лигаментарно истегнување
anterior talofibilaren ligament - Atfl и
calcaneofibularen ligament - Cfl е сега во кој степен ( има три според тежината и комбинираноста) зависи од снимките, визуелниот преглед и на крај мануелниот преглед од спортски лекар,
...
distorzija, според тоа како што ти објаснуваш во каква состоба си со зглобот ќе речеме „на невидено“ дека отокот ти се повлекло, немаш постојана болка туку само при истегнување и виткање што е нормален одговор на повредата која ќе се санира со време да речеме до 2,3 недели! ( борова вода е само доколку имаш оток за локално иземање на отокот, мразот често поставен на нога исто поради отокот и исчезнување на болката), другото само ќе се санира со одмор и пак ќе кажам со имобилизација со не многу стегнат стегач и не многу стегање на еластичен завој на самиот зглоб!
самиот ти ќе осетиш кога ќе треба да почнеш со лесни вежби (пливање и возење велосипед) и со мануелен преглед на лесно истегнување, ама веднаш после повреда НИКАКО туку само мирување и мачкање со хепарински гелови и масти или од хербална база од костен и некои антиревматични мастови од тип на диклофенак гел и ништо друго! и ДА! тој стегач треба да го носиш најмалку 3 месеци да би се санирала повредата а и да бил заштитен зглобот од повторно свиткување! инаку спомнуваш местачи? какви местачи? па ти имаш повреда на ткивото лигаменти што да ти местат? или ако не дај боже имаш скинати лигаменти? ruptura делимично искинати да ти ги доскинат? или тотална ruptura искинати ,што да ти местат? да те осакатат ако имаш дури и скршеници на коскените структури( ама ги немаш оти направи ртг, нели?)
мислам ејјј што е ова мода со овие „местачи“? ако ти се повредени во смисла истегнати лигаментите треба МИРУВАЊЕ, ако се скинати лигаментите треба чиста имобилизација со гипс каде тука ќе ги вклопиш тие „местачи“ ?
... да спомнеме, на форум укажуваме препоставки, совети, свое мислење, можеби и сопствени искуства, тоа не значи дека треба да се базираш на нив, но да ти бидат како еден спореден водич во твоја посета на матичниот лекар, но да си имаш и ти некои сознанија за својата сопствена здравствена состојба!