Дежурна Ординација! #2

Govinda

Lud, Zbunjen, Nenormalan
Член од
20 април 2014
Мислења
2.263
Поени од реакции
1.661
Исхраната голема улога игра.
 
Член од
2 април 2019
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здравоо пред некое време ви пишав дека ми се појавија црвени топчиња на грлото( поточно слузницата) и бев на приватен орл кај Др Мери во тафталиџе, ми откри pharyngitis granularis и ми даде терапија ( витамин Ц 1000мг и едно како пастил) но не ми помогна нешо многу
Искуство некој да пробам со некоја др терапија?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.032
Не знаев за каде е прашањето па велам да си ја пробам среќата овде.
Веќе извесно време по телото ми се појавуваат некакви израстоци, дали е бемка, дали е брадавица не знам како да го наречам, кафеави по боја точки, дали по градите, дали на нога дали на рака.
Пред некој период имав под окото, ама среќа со еден вид на лосион се изгуби. Мали се, не се приметуваат ама ми пречат. Ако едно исчезне, друго ќе се појави а некогаш знае и да порасне.
Се мислам да не е поради начинот на исхрана, не се хранам баш здраво, дали поради слабокрвноста или нешто трето.
Јас не би ти препорачал тие такви израстоци да ги мачкаш со разно разни сомнителни лосиони, зашто прво не знаеш што точно се, и можеш некој несакан процес да иницираш. Посебно не доколку се бемки, а велиш личат на тоа. Можеби би можела да се консултираш со кожен лекар, колку да си ја смириш главата, зашто мислам дека не е ништо страшно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
4.235
Поени од реакции
4.953
ми се појавија црвени топчиња на грлото( поточно слузницата) и бев на приватен орл кај Др Мери во тафталиџе, ми откри pharyngitis granularis и ми даде терапија (витамин Ц 1000мг и едно како пастил) но не ми помогна нешо многу Искуство некој да пробам со некоја др терапија?
... ти го прочитав повторно коментарот :
и ме пратија да ми земат брис од нос и грло, резултатите беа супер немав ништо. немам никакви други симптоми, не ми се фаќа гласот и такви слични работи само можеби ми е малку отечена жлездада под адемовото јаболко од десна страна
имаме повеќе моменти :
- тоа што си отишол кај laringolog (oto & rino) ...ОК!
- тоа што ти поставила дијагноза pharyngitis granularis ! ОК делимично, затоа што не ја укажа причината за pharyngitis granularis и со тоа не е целосно воспоставена дијагнозата! Зошто?
- затоа што има различнии pharyngitis granularis зависи која е причината, ако е бактериска треба антиботик, ако е вирусна на пример „мононуклеоза“ или „цитомегало вирус“ лечењето е симптоматско..итн!



ај да видиме што си испитал:

- земен брис од нос и грло велиш „супер“ значи немаме присуство на стафилокок бактерија која би ја потврдила бактериската инфекција која може да биде причина за појава на pharyngitis granularis! !

- не ти се фаќа гласот и други симптоми, значи лесно голташ, немаш болка и гребење на грлото што го оправдува стерилниот резултат на дадениот брис!
до тука: pharyngitis granularis кај тебе не е од бактериска инфекција!!!

одиме понатаму:
- велиш „малку ми е отежена жлездата под адемово јаболко“! значи имаме еден симптом на отечена лифна жлезда
- велиш „ треба да правам крвна слика за хелиобактер и нели онаа основна што ја викаат“ овде не укажуваш што резултати доби??? треба да имаш сигурно покачени леукоцити, лимфоцити оти имаш малку потечена лимфна жлезда кај грлото?
што резултати имаш на крвна слика????
дали си ги направил лабораториски анализи на јетрените ензими и евентуално на имуноглобулинот IgM, IgG i IgA, што би требало да ти се двата благо покачени? сето ова би потврдило некое вирусна инфекција (дали имаш покачена температура?)



...ова би била инфективно заболување кое се пренесува со бакнување од заразени, лижење на предмети, разни играчки кои се заразени со вирус (често и деца и помладите се заразуваат со Епштајн-Баровиот вирус кој ја дава инфективната мононуклеоза) и еден од симптомите е појава на промена на грло како pharyngitis granularis и појава на отечен лимфни жлезди



.... ама ете немаш воспалено грло ниту температура, затоа ТРЕБА ДА ВИДИМЕ ШТО ЌЕ КАЖАТ ЛАБОРАТОРИСКИТЕ ИСПИТУВАЊА НА КРВНА СЛИКА, хепатални ензими и имуноглобулините што ги спомнав погоре!



ете си се пожалил овде во април, времетраењето на периодот на инкубација на вирусот е 7 до 50 дена, но потоа имаме и други симптоми кои ти не ги посочуваш дека ги имаш освен отечена жлезда, затоа дај ги резултатите од лаборатриските анализи да видиме што ќе ни покажат тие!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
4.235
Поени од реакции
4.953
Жлездата повеќе од 20 дена не ми е отечена, тестот за хеликобактер ми е негативен е сега малку леукоцитите ми се покачени како што можете да видите на сликава, матичната ми вика нишо страшно ме ми е ке ми поминело со време и не ми дава упат за никаде што ми влева малку доверба но сепак не сум мирен бидејки тоа сигурно нема да исчезне само од себе, инаку вооопшто не ми смета не го ни осеќам само така понекогаш си велам ај да видам сега на огледало можеби изчезнало но не, сеуште е тука
Во прилог ке ви испратам и резултат од брис
... искоментиравме предходно дека не е бактериска инфекција, ниту па габична инфекција (кандида), највероватно вирусна! постои т.е. инфективна мононуклеоза (објаснивме предходно) која состојба не мора да даде симптоми и често ќе помине така, ама не мора да значи ако е токму тоа мора да се докаже со испитување на имуноглобулинот IgM, IgG i IgA, каде се благо покачени, како и јетрени ензими лабораториски вредности благо покачени... овие две анализи ако можеш да ги направиш под сомневање на ова инфективно вирусно заболување „мононуклеоза“ што деца и млади се заразуваат од лижење на предмети и бакнување со заразна личност т.е. „болеста на бакнежот“? ете си имал отечена лимфна жлезда што викаш дека се смирила, ама имаш покачени леукоцити, не многу, но сепак покачени, што дава знак дека телото е нападнато од нешто!
... и да е тоа, ништо страшно, симптоматско лечење до 8 недели со мирување без замор, ете со тие Вит Ц што ти ги дале да ги пиеш па и ориблети за грло (највероватно Пантенол) и дознавање на извор на заразата на вирусот да немаш повторен контакт и добра хигиена!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.448

Дали на записот има нешто абнормално? Некој од медицинарите на форумот, што се разбираат повеќе? @bijons @AlternativeF @Kadaif
Нема ништо страшно на ова ЕКГ, единствено што има е синусна тахикардја најверојатно реактивно причинета од емоцинален стрес, никотин, засилена физичка активност или пак реактивно покачена фрекфенција при покачена телесна температура. Потребно е анамеза и клиника, синусна тахикардија има обично некоја некардиолошка причина за својата појава и таа треба прво да се третира!.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
4.235
Поени од реакции
4.953
Можи да ми кажи некој за што станува збор . снимка од црн дроб
оф, зарем тој што го гледал пациентот на ЕХО апарат не кажал ништо? знаеш што значи вака преку „смрзната“ слика пресликано од ЕХО монитор некој да каже нешто и тоа на општ форум? малтене научна фантаситика, оти кога се гледа на ЕХО апарат прво самиот тој што гледа во кој правец ја поставува ехо сондата треба да очекува и таква фотка, при што притискајќи ја сондата со малку движење се согледуваат и други делови и органи... како и да е да не биде останато неодговорено да се потрудиме да кажеме нешто слично што би можело да биде, но не е благодарно препоставки, така да во никој случај мора докторот да го даде последниот збор т.е.описот на ехо дијагностиката!

(слична фотка)

... според поставената сонда, лево горе се наоѓа јетрата (liver) каде според морфологијата укажува на замастување на клетките што би било причина на покачени липиден статус и оптоварена функција на јетрата!

(твоја фотка)

...десно е жолчното ќесе (gallbladder) не се гледа некоја акустична сенка за да би се рекло дека има камче, па можно да е некој мал полип на самиот зид (но не мора да значи), другото што е како кругови темни во средина се хепатална и портална вена чија дилатација или не (како работат) нормален портален венски проток на крв во јетра се согледува со „колор доплер“ на самиот Ехо апарат со обоеност!

 
Член од
4 јули 2012
Мислења
303
Поени од реакции
557
оф, зарем тој што го гледал пациентот на ЕХО апарат не кажал ништо? знаеш што значи вака преку „смрзната“ слика пресликано од ЕХО монитор некој да каже нешто и тоа на општ форум? малтене научна фантаситика, оти кога се гледа на ЕХО апарат прво самиот тој што гледа во кој правец ја поставува ехо сондата треба да очекува и таква фотка, при што притискајќи ја сондата со малку движење се согледуваат и други делови и органи... како и да е да не биде останато неодговорено да се потрудиме да кажеме нешто слично што би можело да биде, но не е благодарно препоставки, така да во никој случај мора докторот да го даде последниот збор т.е.описот на ехо дијагностиката!

(слична фотка)

... според поставената сонда, лево горе се наоѓа јетрата (liver) каде според морфологијата укажува на замастување на клетките што би било причина на покачени липиден статус и оптоварена функција на јетрата!

(твоја фотка)

...десно е жолчното ќесе (gallbladder) не се гледа некоја акустична сенка за да би се рекло дека има камче, па можно да е некој мал полип на самиот зид (но не мора да значи), другото што е како кругови темни во средина се хепатална и портална вена чија дилатација или не (како работат) нормален портален венски проток на крв во јетра се согледува со „колор доплер“ на самиот Ехо апарат со обоеност!




Е фала многу и ова ми помогна многу , за 5 дена снимките треба да ги однеси брат ми на читање , па неможеше да дочека , паничеше шо е ова вака темно црно сето бла бла испаниче а уште тсаму му рекле дека има замастување на џигерот , ама тој во филм влезе со ракој , ама не му кажувале . сепак фала и ова е олеснување ко ќе му кажам :)
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
39
Поени од реакции
2
Decki Veke 2 mesecj imam bolki vo levata strana od grbot kon rebrata i kaj levata strana od gradniot kos kon zeludnikot napraviv ekg i krv se bese ok.Dali e mozno da mi je nesto od puberitetot ili nesto taka posto isto tka vezbam .me fajka premnogu strav i nekako ponegokas osobeno koga ke si legnam mnogu mi cuka zabrzano srceto neznam dali e strav ili ..
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.298
Поени од реакции
1.431
Пред месец дена при пад од мотор го повредив левото колено. Бев на снимање, ми кажаа нема скршеници/пукнатини, отокот ќе спадне, има излив. Пиев анти-тромбоза терапија, се е тоа ок. Сега направив и магнетна, менискус и лигаменти се ок, ама изливот уште го има, речиси воопшто ненамален однего пред месец дена. Се' уште не можам да одам убаво, не можам скроз да го исправам/свиткам коленото. Чаре за излив ? Во среда имам закажано на ортопед, дотогаш може ќе се најде некој што го поминал истото што и јас па ќе каже некој совет/искуство ?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.161
Поени од реакции
32.931
Прегледај го приврзокот 210547 Здраво да прашам нешто, почетник сум во трчање трчам скоро декој викенд, саботса и недела . Секогаш после трчање другио ден сабајлето ми се појавуваат кај препоните мали тврди топчиња од двете страни минатиот викенд ми се појавија по 2,3 од страна ама мали како кикиритки инаку трчам околу 7 километри , а фчера истрчав 10 километри и сабајлево видов ми се појавија по едно топче на страна истото место иста висина се исто ама се поголеми пример како ореви , минатите пати се губеле сами по два дена . ме интересира што е тоа , се плашам да не е кил, или е пак само некој мускул оптеретен, како и да е, ако знсе некој нека ми кажи шо како :)
Дали беше на лекар за ова?
Сабајле се разбудив со болка и кај мене исто на десната страна, ама не се познава тоа мало топче. Сега осеќам болка само на допир.
Немам никакви активности, а ни носено тешки предмети.

Дали може да е од лоша положба при спиење?
Ако е хернија каква е болката?
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
303
Поени од реакции
557
Дали беше на лекар за ова?
Сабајле се разбудив со болка и кај мене исто на десната страна, ама не се познава тоа мало топче. Сега осеќам болка само на допир.
Немам никакви активности, а ни носено тешки предмети.

Дали може да е од лоша положба при спиење?
Ако е хернија каква е болката?
Ко ќе го притискам боли, ама кај мене се губи самото по неколку дена , само кога ќе истрчам пример 10 колометри без паузи одма другио ден ми се појавува на двете страни . ако трчам помалце се појавува помали такви топчина, несум бил на лекар , си велам "нема потреба од трчањето е" така си се тешам хахаххаха. види појди ти на лекар па кажи шо е работата мене страв ми е :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
4.235
Поени од реакции
4.953
Ко ќе го притискам боли, ама кај мене се губи самото по неколку дена , само кога ќе истрчам пример 10 колометри без паузи одма другио ден ми се појавува на двете страни . ако трчам помалце се појавува помали такви топчина, несум бил на лекар , си велам "нема потреба од трчањето е" така си се тешам хахаххаха. види појди ти на лекар па кажи шо е работата мене страв ми е :)


... како почетник највероватно немаш добар план за трчање, телото реагира и на ваков начин кога е префорсиран или нагло се бара ефект, како и да е кај тебе можни се две работи или да е хернија т.н inguinalna hernia според местото каде е лоцирана!



...или да е спортска атлетска повреда наречена pubalgia кила или спортска хернија која не е исто со inguinalna hernia!



како и да e треба да превземеш мерки во прв ред сега да паузираш да се санира настанатата повреда која со одмарање како кажа самиот се повлекува, а потоа со професионален тренер или бар совети од професионалци тркачи да се вратиш во твојот омилен спорт на атлетско трчање т.е. џогирање!



... инаку, спортска атлетска повреда наречена pubalgia на препоната всушност е воспаление на тетивните мускули на долниот екстремитет и абдоминалната мускулатура поради дисбaлансот на овие мускули при спринт, нагли движења што е резултат на мускулната префорсираност или мускулната неспремност и некондиција што највероватно е пример кај тебе и највероватно е твојот проблем моментално според тоа што го покажа на фотката!


...еве некои вежби додека апстинираш во трчање !



...доколку ја занемаруваш ова појава кај препоните, највероватно за кратко време ќе доведе до ингвинална хернија со појава на дополнителни силни болки!
 
Последно уредено:
На врв Bottom