Дежурна Ординација! #2

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
Можно ли е истегнат лигамент(при виткање) на скочен зглоб да отече?
Ваљда добро се изразив.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Можно ли е истегнат лигамент (при виткање) на скочен зглоб да отече? Ваљда добро се изразив.
... не да може, туку мора да се појави оток, оти се случува „повреда“ во глуждот!
... нестабилноста на глуждот доведува до свиткување и секоја структура која го поддржува зглобот може да биде причина за нестабилноста на глуждот коските, лигаментите, тетивите и мускулите играат улога во стабилизирањето на глуждот! ...преоптоварување или оштетување на оваа област влијае на рамнотежата на мускулна сила на секоја страна од зглобот што доаѓа до нерамнотежа на глуждот за време на одење, стоење или некоја активност!



...постојат три главни типови на нестабилност на глуждот со што и се одредува самата повреда и соодветниот третман за санирање :
1. Механичка нестабилност на глуждот
... е предизвикана од лабавост или проптовареност во зглобот на глуждот со што лигаменти нивниот опсег или движење го надминува она што е здраво за глужд!
2. Функционална нестабилност на глуждот
... се карактеризира со мускулна слабост, погрешна комуникација помеѓу нервите и мускулите кои го контролираат глуждот!
3. Хронична нестабилност на глуждот
... веќе е хронична состојба по шест месеци од доживување на симптомите, или по повеќе повреди на истиот глуждот (посебно мака мачат спортистите) често повредите на глуждот, станува тешко за зглобот да се врати во нормала па се превзема низа мерки и специфичен третман!



... симптомите на нестабилност на глуждот се движат од благо непријатно до тешки и често се влошуваат по долги периоди на активност.
- неспособност да се стави тежина на нога
- проблеми одење на нерамна земја
- вкочанетост и оток
- болка и непријатност



... вежбите за зајакнување на лигаментите се важни за враќање на стабилноста на зглобот.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
Си'бав(морам) матер играјќи фудбал, и многу лошо згазнав, тотално спротивно на нормалното. Наместо да „слетам“ на прсти, јас на пета.
Беше бааѓи потечена, па успеа тој оток да спадне. Останато е, се надевам оток, уште малце под „топчето“ на тибиата, и околу тоа на фибулата.
Кога се случи ова, ја снимив чисто за сигурно рентгенски, и коскено беше ок.
А другот скен, да се почека да спадне добив совет, па може и ќе треба да се направи таков.

Околу „болна“ состојба, на моменти има само болка, при некое нагло виткање на зглобот.

А барав по нетов, и како да имаше 4 нивоа на повреди на лигаментите. Истегнување, мало, средно, и целосно кинење. Ама никаде не дава конкретно that the ligaments can be swollen.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Си'бав(морам) матер играјќи фудбал, и многу лошо згазнав, тотално спротивно на нормалното. Наместо да „слетам“ на прсти, јас на пета.Беше бааѓи потечена, па успеа тој оток да спадне. Останато е, се надевам оток, уште малце под „топчето“ на тибиата, и околу тоа на фибулата.Кога се случи ова, ја снимив чисто за сигурно рентгенски, и коскено беше ок. А другот скен, да се почека да спадне добив совет, па може и ќе треба да се направи таков.Околу „болна“ состојба, на моменти има само болка, при некое нагло виткање на зглобот.А барав по нетов, и како да имаше 4 нивоа на повреди на лигаментите. Истегнување, мало, средно, и целосно кинење. Ама никаде не дава конкретно that the ligaments can be swollen.


... облоги од борова вода 3%,



мачкање хепатромбин гел или маст (поради повреда и можно внатрешно крварење т.е. појава на модрици) или некоја маст која содржи екстракт од костен, поставување и ладни облоги или пак ладен гел,



и да се бандажира со еластичен завој или пак со специјален медицински еластичен стегач за зглоб (да се внимава да не стега премногу) !



... немаш потреба за други снимки, да беше нешто покомплицирано не ќе можеше да згазнеш на нога, а болката ќе ја имаше постојано!

 
Последно уредено:

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
@bijons

Дали постои можност нешто да е изместено, иако 95% од времето јас болка немам во зглобот(освен ако не пробувам да го свиткам и истегнувам, пр. вежба). Дали би осетил приметливи потешкотии при одење.
Дали истото би се случило при некакво кинење на лигаменти?
Исто така, не можам исто да ги свиткам „навнатре„ зглобовиве, што ваљда е уште нормално, ипак треба време.
Тетивава е малце боли, но како да поминува.
Движењето ми е горе-доле ок, но ногата како да е малку „стегната“, не е опуштена или нормална како другата.

п.с. Ова се случи на 8 јуни(сабота вечер), значи пред 16 дена.

Околу третман, ја „удавив“ со acidi borici, стегач пробувам, но демек ни ми требало веќе. :cautious:
Чудна ми е ногава у моментов, посебно внатрешна страна под тибиата. Малку е „поголема“ таму. А кај надворешната, мало потекување, кое би требало да спадне кај и да е. Како балонче е.
Малку сум скептичен за местачиве, при евентуално изместување на нешто во зглобов, и одење кај нив за местење.

Еве една пеинт слика каде ми е чудно со ногава, да не ја сликам.
 

Attachments

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
@bijons
Дали постои можност нешто да е изместено, иако 95% од времето јас болка немам во зглобот(освен ако не пробувам да го свиткам и истегнувам, пр. вежба). Дали би осетил приметливи потешкотии при одење.Дали истото би се случило при некакво кинење на лигаменти? Исто така, не можам исто да ги свиткам „навнатре„ зглобовиве, што ваљда е уште нормално, ипак треба време.Тетивава е малце боли, но како да поминува. Движењето ми е горе-доле ок, но ногата како да е малку „стегната“, не е опуштена или нормална како другата.п.с. Ова се случи на 8 јуни(сабота вечер), значи пред 16 дена. Околу третман, ја „удавив“ со acidi borici, стегач пробувам, но демек ни ми требало веќе. :cautious: Чудна ми е ногава у моментов, посебно внатрешна страна под тибиата. Малку е „поголема“ таму. А кај надворешната, мало потекување, кое би требало да спадне кај и да е. Како балонче е.Малку сум скептичен за местачиве, при евентуално изместување на нешто во зглобов, и одење кај нив за местење.Еве една пеинт слика каде ми е чудно со ногава, да не ја сликам.
... ај замисли дека се работи за рамо и прашуваш дали е можно да е изместено рамото? што мислиш нема да знаеш самиот? а за скршеница самиот ќе слушнеш или ке почувствуваш едно „крццц“ како пукање, нели?


....болката е и дар од природата, таа укажува дека нешто се случува или уште трае односно ако постојано имаме болка и неможност за газење, одење мора нешто да е изместено или пукнат, скинат лигамент , ако немаш постојана болка туку само во некои движења со свиткување и истегнување нормално дека тогаш ќе те боли, оти тука имаме повреда на околното ткиво, затоа има појава на модро место кога веќе заздравува, но ништо друго покомлицирано ниту пак простор за загриженост!



...тоа „демек“ не треба стегач или еластичен завој е најлоша работа што може да се случи за еден спортист во смисол на самата повреда, оти правилната имобилизација веднаш после повредата значи и побрзо заздравување, така да колку побрзо би носел стегач или еластичаен завој велиме местото имобилизирано повредата би траела до недела, а вака ќе тера повеќе и затоа спортските повреди ги следат професионалци доктори малтене кои се експерти во спортска медицина, затоа што сите фудбалери како тебе, слично и одбојкарки :D највише патат од тие повреди на зглобови и правилен пристап имаме побрзо враќање на терен со веднаш после повреда имаме само визулен преглед во смисол дали ногата има оток, хематом што велам јас модрица и однесувањето на повредата кога се стои се седи или лежи и можност на движење на самиот зглоб и ТОЛКУ! ...НО; ако се сомневаме на структурни промени одиме со пристап за втора фаза испитување со дијагностички порцедури како (ултразвук, магнентна резонанса-ртг снимки- компјутерска томографија)



... стегач се носи или пак се става еластичен завој поради мобилизација и стабилизирање на самото место додека не оздрави т.е. поради повреда на околното ткиво( истегнати лигаменти) може еписодата на свиткување на ногата повторно да се повтори што се вели од „мирно седење“ и колку навреме се имобилизира толку побрзо имаме санирање и оздравување!


...инаку мануелен преглед не се прави после повреда кога се има болка, туку после 5 дена од повреда, во моментот може само ртг снимка, така да не знам тоа што значи да се ди веднаш по повреда „на местење„ посебно кај немедицински лица!



... како да е би рекла дека имаш латерално лигаментарно истегнување anterior talofibilaren ligament - Atfl и calcaneofibularen ligament - Cfl е сега во кој степен ( има три според тежината и комбинираноста) зависи од снимките, визуелниот преглед и на крај мануелниот преглед од спортски лекар,



... distorzija, според тоа како што ти објаснуваш во каква состоба си со зглобот ќе речеме „на невидено“ дека отокот ти се повлекло, немаш постојана болка туку само при истегнување и виткање што е нормален одговор на повредата која ќе се санира со време да речеме до 2,3 недели! ( борова вода е само доколку имаш оток за локално иземање на отокот, мразот често поставен на нога исто поради отокот и исчезнување на болката), другото само ќе се санира со одмор и пак ќе кажам со имобилизација со не многу стегнат стегач и не многу стегање на еластичен завој на самиот зглоб!


самиот ти ќе осетиш кога ќе треба да почнеш со лесни вежби (пливање и возење велосипед) и со мануелен преглед на лесно истегнување, ама веднаш после повреда НИКАКО туку само мирување и мачкање со хепарински гелови и масти или од хербална база од костен и некои антиревматични мастови од тип на диклофенак гел и ништо друго! и ДА! тој стегач треба да го носиш најмалку 3 месеци да би се санирала повредата а и да бил заштитен зглобот од повторно свиткување! инаку спомнуваш местачи? какви местачи? па ти имаш повреда на ткивото лигаменти што да ти местат? или ако не дај боже имаш скинати лигаменти? ruptura делимично искинати да ти ги доскинат? или тотална ruptura искинати ,што да ти местат? да те осакатат ако имаш дури и скршеници на коскените структури( ама ги немаш оти направи ртг, нели?)

мислам ејјј што е ова мода со овие „местачи“? ако ти се повредени во смисла истегнати лигаментите треба МИРУВАЊЕ, ако се скинати лигаментите треба чиста имобилизација со гипс каде тука ќе ги вклопиш тие „местачи“ ? :facepalm:
... да спомнеме, на форум укажуваме препоставки, совети, свое мислење, можеби и сопствени искуства, тоа не значи дека треба да се базираш на нив, но да ти бидат како еден спореден водич во твоја посета на матичниот лекар, но да си имаш и ти некои сознанија за својата сопствена здравствена состојба!
 
Последно уредено:

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
@bijons Токму поради тоа што се немедицински лица, постои скептицизам. 2 пати дури ми викаат оди, знаат, дарба е, ќе види што е. Што ако ме дозаебат? Поради тоа ме одам, ниту планирам да одам.
Секако дека читам мислења, искуства и слично.

А верувам дека би имал потешкотија при некаков дефект, изместување или кинење лигаменти. Ама чисто ме интересира, како еден вид на можеби психолошки мир,. Xray покажа нема скршеница, иако направен после 2 дена. Што ако и најверојатно имаше,не верувам ни дека ќе издржев да ме префрлат до дома.
Мирувањето ќе продолжи, единствено само што ќе мора до работа да се оди.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
@bijons Токму поради тоа што се немедицински лица, постои скептицизам. 2 пати дури ми викаат оди, знаат, дарба е, ќе види што е. Што ако ме дозаебат? Поради тоа ме одам, ниту планирам да одам.Секако дека читам мислења, искуства и слично.А верувам дека би имал потешкотија при некаков дефект, изместување или кинење лигаменти. Ама чисто ме интересира, како еден вид на можеби психолошки мир,. Xray покажа нема скршеница, иако направен после 2 дена. Што ако и најверојатно имаше,не верувам ни дека ќе издржев да ме префрлат до дома.Мирувањето ќе продолжи, единствено само што ќе мора до работа да се оди.
... не заборави стегач или еластичен завој и пази што обувка ќе носиш, ти препорачувам висока патика за да го „држи“ зглобот стабилно!
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
... не заборави стегач или еластичен завој и пази што обувка ќе носиш, ти препорачувам висока патика за да го „држи“ зглобот стабилно!
Од стегачи имам спортски. Се става на стапало, п се мота околу зглоб. Патики високи но под разно, не сум љубител. Исклучиво ниски.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Од стегачи имам спортски. Се става на стапало, п се мота околу зглоб. Патики високи но под разно, не сум љубител. Исклучиво ниски.


вака нешто како патика?



тогаш нешто високо да го штити зглобот!

 
Член од
9 август 2014
Мислења
415
Поени од реакции
908
@bijons Ниво на тропонин од 0.3 ng/ml укажува ли на нешто или пак е сосем нормална вредност?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
@bijons Ниво на тропонин од 0.3 ng/ml укажува ли на нешто или пак е сосем нормална вредност?
мора малку пошироко, а не само Да или НЕ!
... биохемиски маркери на миокардно оштетување се подразбираат ендогени супстанции (ензимски или протеински) кои се „ослободуваат“ и преминуваат во периферна циркулација после оштетување на миокардот без разлика од која последица (не мора да биде само некроза на миокардот, туку може да биде од механичко или токсично оштетување на миокардот)!
... некои од овие маркери се специфични за миокардот т.е. се наоѓаат само во миокардот и тоа е troponin кој доколку имаме оштетување на миокардот истиот се ослободува во крвта (најчесто при појава на градна болка тропонин се ослободува после 2 ч, максимална вредност после 12ч и потоа се одржува така во висока вредност до 14 ден!)
... и сега прашуваш дали тропонинот со вредност 0.3 ng/ml е нормално или не?
troponin I , troponin C, troponin T ? оти тој е комплекс од три регулаторни протеини ( I,C,T) кои учествуваат во мускулната контракција, но да речеме дека се мисли на troponin I оти е прв избор за кардијален маркер при AMI (акутен миокарден инфаркт) со оглед дека има највисока сензитивност и специфичност!
... и затоа, правилно би рекле дека секоја лабораторија мора за срцевите маркери да утврди референтни вредности, т.е. да одреди вредности за пациенти кои немаат инфаркт, а имаат други срцеви заболувања како нестабилна ангина, конгестивно срцево заболување и сл, така да секоја лабораторија за своите срцеви маркери треба да имаат преломна концентрација (cut-off вредности) кои се користат при процена на срцево оштетување, така да таа дијагностичка биохемиска лабораторија каде ти е испитан маркерот тропонин треба да ти укажаат за кој тропонин и која „преломна концентрација“!
еве јас ќе ти приложам сликовито повеќе примери што сакам да кажам:




твоја вредност е? 0.3 ng/ml... значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?




твоја вредност е? 0.3 ng/ml... читај последна реченица, значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?




твоја вредност е? 0.3 ng/ml... Cut - off? последната ставка од текстот, значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?
...тоа значи дека ќе си легнеш мирно да спиеш дека твојот тропонин I си е „мирен“ ВО НОРМАЛНА ГРАНИЦА (испод крајна референтна вредност) земено споредбено со наша лабораторија, и некоја друга таму во ЕУ со други тестови !
 
Член од
9 август 2014
Мислења
415
Поени од реакции
908
@bijons Го разбирам
мора малку пошироко, а не само Да или НЕ!
... биохемиски маркери на миокардно оштетување се подразбираат ендогени супстанции (ензимски или протеински) кои се „ослободуваат“ и преминуваат во периферна циркулација после оштетување на миокардот без разлика од која последица (не мора да биде само некроза на миокардот, туку може да биде од механичко или токсично оштетување на миокардот)!
... некои од овие маркери се специфични за миокардот т.е. се наоѓаат само во миокардот и тоа е troponin кој доколку имаме оштетување на миокардот истиот се ослободува во крвта (најчесто при појава на градна болка тропонин се ослободува после 2 ч, максимална вредност после 12ч и потоа се одржува така во висока вредност до 14 ден!)
... и сега прашуваш дали тропонинот со вредност 0.3 ng/ml е нормално или не?
troponin I , troponin C, troponin T ? оти тој е комплекс од три регулаторни протеини ( I,C,T) кои учествуваат во мускулната контракција, но да речеме дека се мисли на troponin I оти е прв избор за кардијален маркер при AMI (акутен миокарден инфаркт) со оглед дека има највисока сензитивност и специфичност!
... и затоа, правилно би рекле дека секоја лабораторија мора за срцевите маркери да утврди референтни вредности, т.е. да одреди вредности за пациенти кои немаат инфаркт, а имаат други срцеви заболувања како нестабилна ангина, конгестивно срцево заболување и сл, така да секоја лабораторија за своите срцеви маркери треба да имаат преломна концентрација (cut-off вредности) кои се користат при процена на срцево оштетување, така да таа дијагностичка биохемиска лабораторија каде ти е испитан маркерот тропонин треба да ти укажаат за кој тропонин и која „преломна концентрација“!
еве јас ќе ти приложам сликовито повеќе примери што сакам да кажам:




твоја вредност е? 0.3 ng/ml... значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?




твоја вредност е? 0.3 ng/ml... читај последна реченица, значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?




твоја вредност е? 0.3 ng/ml... Cut - off? последната ставка од текстот, значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?
...тоа значи дека ќе си легнеш мирно да спиеш дека твојот тропонин I си е „мирен“ ВО НОРМАЛНА ГРАНИЦА (испод крајна референтна вредност) земено споредбено со наша лабораторија, и некоја друга таму во ЕУ со други тестови !
@bijons
Прашањето ми беше што може да значи, дали има причина за грижи, бидејќи кај нормални луѓе според америчките стандарди треба да е под 0.05 ng/ml. 0.1-0.4 го сметаат за можни проблеми со срцето, додека вредност над 0.4 треба да биде суспектен акутен миокарден инфаркт. Дали увид од 0.3 ng/ml може да укажува дека има некаков хроничен срцев проблем?
 
Член од
15 октомври 2017
Мислења
90
Поени од реакции
4
Здраво, дечки. Имам 15 години, во ноември пунам 16, пред околу два месеци бев прва смена у школо и после школо легнав да спием и кога се разбудив при допир кај интимните влакненца погоре од половиот орган така на десно осеќав болка и траеше околу 3-4 дена и однема и после месец пак се повтори истото преку денот ништо не ми беше и утрето ден кога се разбудив пак исто на допир осеќав болка и еве сега по трет пат на ист начин осеќам болка, но подолу од претходните пати. Препораки? Опасно ли е нешто или ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom