Дежурна Ординација! #2

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Неподнослива болка позади уши,на самите коски и одма испод нив.Завчера почна,вчера кога легнав стана неподносливо.Сврти се на една страна,па на друга ама не се трпеше.Сега у моментов па почна ама некои бодежи ко со игла за плетење да ми брцаат у коската.И некако на тие места како да ми е наежена кожата.Некој совет за болкава,у моментов најмалку што ми треба е одење по болници[DOUBLEPOST=1555846984][/DOUBLEPOST]Веќе мислам и вилицата дека почна да ме боли
Еве сам да си одговорам :D Од сабајле почна да ми трне левата страна,болката се појавува па се губи,почна да ми солзи левото око и да ме штипка.Тоа е тоа,исто ми се деси пред 10 години,фацијалис парезис.Утре закажав на лекар,ама таа е дијагнозата.Кортико стероиди,витамини,физикална само уште време да најдам за тоа,налет да иде
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Еве сам да си одговорам :D Од сабајле почна да ми трне левата страна,болката се појавува па се губи,почна да ми солзи левото око и да ме штипка.Тоа е тоа,исто ми се деси пред 10 години,фацијалис парезис.Утре закажав на лекар,ама таа е дијагнозата. Кортикостероиди, витамини, физикална само уште време да најдам за тоа,налет да иде

...па не мора да е тоа тоа, парестезии над лицето, кои најчесто претставуваат моторни симптоми кои се погрешно сфатени како сензорни промени, често се решаваат со блокада со некој анаестетик како со инјектирање на lidocain/ xylocain !


... доколку се даде точна дијагноза за фасцијална пареза, од лекарства се третира со кортикостероид (преднизон), антивирусни лекови( доколку се докаже дека е причината) и како кажа физикална терапија , но не електростимулација, туку само благи фасцијални вежби на одредени мускули!


... Беловата парализа е форма на парализа на лицето, како резултат на дисфункција на кранијалниот нерв VII (фацијален нерв), што предизвикува неспособност да ги контролира мускулите на лицето на погодената страна, оштетувањето на фацијалниот нерв што ги контролира мускулите на едната страна на лицето предизвикува таа страна на лицето да се спушти, оштетувањето на нервите, исто така, може да влијае на осетот за вкус (се губи), главоболки, недостаток на плунка и солзи (што кај тебе не е застапено, барем не укажуваш на „искривување на лицето“ т.е. слабост на мускулите на едната страна на лицето што доаѓа до такво искривување најкасно до 3 дена што значи дека воспалението тие во поблага форма!



... од каде иде ова појава уште не е разјаснето, но се мисли дека следи после некоја вирусна инфекција herpes simplex, herpes zoster, citomegalo вирус, coxsacki вирус респираторен аденовирус што би можело да биде причина кај тебе и штета што пред 10 год „кога ти се деси“ не ти одредиле причината барем дали е од вирус и кој или едноставно ти се случува после прележан грип најчесто influenza B!
( дијабетес може да биде причина, ама ќе наведеше ако си дијабетичар)!
... би требало да ти ја испитат серумската антитела на herpes zoster, со што би докажале дека ова што го имаш е последица од оваа вирусна инфекција! како и комплет крвна слика (дефиренцијална), ти направија некогаш во моментот на овие промени што ги имаш на лицето?



дијагноза се поставува со Electromyography (EMG), Magnetic resonance (MR), Tomography (CT) да се остранат сомневањата за причина на ова појава на тумор кој би можело да притиска на нервот!



од лекарства се третира со кортикостероид (преднизон) само во првите 72ч со појавата на симптоми, немој после тоа, антивирусни лекови (доколку се докаже дека е причината) најкасно 72 ч од појава на симптомите(неефикасни после тоа) и како кажа ти дополнително физикална терапија, но само лесни вежби!

 
Последно уредено:
Член од
2 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0
... не кажа само дали е хербален (растителен) или „хемиски“ сируп, како и да е да се потсетиме визуелно што имало или се уште има :toe:
(одбери под кој број)
Хербални сирупи против сува кашлица

1.


2.


3
4


Сируп против сува кашлица (хемиски)

5.
6.



7.


8.


9.



Црвени точки во грлото
... одбери најслична!

1.


2.


3.


4.


5.


- дали си јадел нешто како трда храна двопек, лешници,
- дали такви црвени точки имаш и на друг место освен во грло,
- дали си имал сексуален контакт (felacio) орален секс,
- дали пред да ти се појават си бил нешто настинат,
Изгледа погрешно сум се изразил, точките ми се појавуваат на слузницата( јас тоа си го викам грло) инаку бев нешо малку настинат пред да ми се појават и се уште сум[DOUBLEPOST=1555956033][/DOUBLEPOST]Ова е најслчично што можев да најдам, и не немам вакви точки н другите дело[DOUBLEPOST=1555956297][/DOUBLEPOST] Screenshot_20190422-195749_Chrome.jpg
 
Последно уредено:
Член од
6 март 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Колку што се сеќавам опаковката беше како под број 5, така што веројатно се работи за производ на алкалоид. Прилично сум сигурен дека веќе не е во употреба.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Колку што се сеќавам опаковката беше како под број 5, така што веројатно се работи за производ на алкалоид. Прилично сум сигурен дека веќе не е во употреба.
5.Сируп Фолкодин ( Sir Pholcodin ) Alkaloid



...прилично си во грешка, оти пред две недели го купив ако мислиш дека го нема ( ги има сите три форми),



инаку ако мислиш како примена т.е. употреба -Точно! во право си, денес во лечењето според упаствата за практикување на медицина базирана на докази веќе не се применува антитусици т.е. средства (сируп) против кашлица, туку само средства (сирупи) како секретолитици и експекторанси или народски кажано средства за откинување и искашлување!
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Некој што има користено Аминофилин таблети дали веднаш му се имаат појавено несакани дејства како мачнина, намален апетит и крвен притисок, нервоза, црна столица, дијареа?




Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Некој што има користено Аминофилин таблети дали веднаш му се имаат појавено несакани дејства како мачнина, намален апетит и крвен притисок, нервоза, црна столица, дијареа? Sent from my Mi A1 using Tapatalk


... зависи која јачина ( ретард форма 350 мг. или 100 мг) и во кои услови се наоѓа организмот т.е. други хронични болести, возраста на пациентот како и неопходноста зошто е дадено aminophyllin како бронходилататор!

...често денес го препишуваат при настинка да го зголеми протокот на воздух низ бронхиите поради чувство на немање здив или вознемирено дишење со чувство на гушење или за ублажување на кашлица, за разлика од порано кога се ординираше исклучиво само при астматични напади или бронхијална астма или реверзибилен опструктивен бронхитис!
... некако денес „од ракав“ го препишуваа штом пациентот се жали дека се „гуши“ т.е. не може да диши што е нормален симптом кога се има настинка со кашлица, без да се зема во обзир делување на лекот и на дилатација на крвните садови и пад на крвниот притисок посебно опасно за тие со декомпензација на срцето, поради снижување на концентрацијата на калциум во глатката мускултаура и појава на неправилна срцева работа (тахикардија)поради зголемување на фрекфенцијата и ударен волумен !
... дилатацијата на крвните садови се одвива и во гастроинтестиналниот (билијарниот, јетрен) па многу внимателно се ординира на тие што имаат проблеми со јетра (зголемување на јетрени ензими) или со ГИТ давајќи дополнително несакано дејство како мучнина, повраќање, епигастрична болка, диареја, а со тоа и губење на аптетитот!
...најчесто овие несакани дејства ги дава лекот при долготрајна примена, а при моментално земање доколку дојдат до истово значи е дадена преголема доза која мора да се намали или да се исклучи целосно лекот доколку нема оправдност за индикација доколку дава повеќе споредно несакано дејство ! (црната столица -ЦРНА, а не темно кафеава, може да биде само од исхрана, или некое крварење ако се повтори неколку пати црната столица дали хемороиди, дали некој стар желудачен чир кој можеби се „активирал“ со аминофилинот па да речеме искрварило или во момент создадена ерозија на желудачниот зид (еден вид чир) што укажува на болката, мучнината во желудникот...итн
...другите споредни дејства не ги спомнав како алергиски реакции, пожолтување на кожата и очите (делување на билијарен тракт, јетра), мускулни грчеви, зголемена диуреза, мускулни типкови, хипотироидизам, главоболка, несоница, отоци на зглобовите!
П.С.



... да споделам и друга интересна информација новитет околу една клиничка студија на примена на 2% aminophyllin како гел за втривање на целулитна кожа и примена на ултразвук и за два месеци било увидно исчезнување на целулитот од бутките!



при што се гледа ефект на локално применет аминофилин со намалување на дебелината на поткожниот слој, но не и намалување на обемот на струкот и бутините ниту пак намалување на целосна тежината на пациентките во двомесечното третирање со аминофилин со укажување на минимална апсорпција на аминофилинот во крвотокот (за да би ги имале горенаведените несакани дејства како при оралното земање) и при тоа дадено заклучок на клиничка студија за безбедноста и ефикасноста на лекот аминофилин гел како неинвазивно лечење на целулит и деформитет на бутините!
...но се уште се испитува дејството со другите орални лекови кои ги потенцира несаканите дејства на аминофилинот( тој минимален процент од гелот што би се апсорбирал) така да се уште се прават клинички студии во таа комбинација орален лек и аминофилин гел, а аминофилинот гел веќе е на пазарот и се продава за 24 & !
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
350mg за 62 год возраст.
И ги препишале за кашлање по 1/2 на ден. По земање пишав какви проблеми настанале и веднаш после тоа ги прекина и со тоа ги снема и овие другите работи. Прво намален притисок на 100, па после нагло покачување до 180



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
350mg за 62 год возраст. И ги препишале за кашлање по 1/2 на ден. По земање пишав какви проблеми настанале и веднаш после тоа ги прекина и со тоа ги снема и овие другите работи. Прво намален притисок на 100, па после нагло покачување до 180
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
... не знам што да искоментирам, лекар препишува лек? како напамет? од навика? без одговорност ли? односно не знам каде е грешката, дали специјалистот дава таква дозажа? прво и основно правило да сите лекови каде е „ретард“ форма, значи со продолжено дејство НЕ СЕ ДЕЛАТ, КРШАТ... туку така се пијат - цели... ако се сака да се даде помала доза од 370 мг истата НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДЕЛИ, туку ќе се даде послаба јачина од 100 мг што НЕ Е РЕТАРДНА ФОРМА со постепено ослободување на активната супстанца во текот на денот!



...инаку ДА! последица од дејството на лекот аминофилин и реакција на телото, а штом се прекина лекот и ги „снема“ сите работи... освен притисокот што нормално да настане вазоконтрикција после „вештачка“ дилатација... ако има настинка, а притисокот и срцевата работа (пулс) се во нормала тогаш чувството на гушење е поради зафатен горни респираторни патишта, а можеби и долни респираторни и нека се лечи со хербален медицински чај или со доказ на бактериска инфекција со антибиотик (ако има и покачена температура), па кашлањето ќе се повлече... односно ако „свири“ плуќата значи веќе имаме некој бронхитис со „шлаем“ што МОРА да поминат три дена да може да се „откачи“ и телото само со искашлување да го исфрли, ако форсирате порано џабе било што да се зема тоа е тоа процес... и доколку ете се „гуши“ нека лежи на повисока перница ако треба и исправена на задница да спие три дена се во прашање и то ќе попушти, трпение ...дај не се зезај со аминофилин!
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Некој home treatment за главоболка или апче некое ? Бев на доктор пред 2 дена и испадна дека имам инфекција на дишните патишта, ми да даде амоксиклав да пијам, и од тоа на плуќата ми е полесно почнувам да искашлувам шлајм и да ми тече носот, но имам неприкината главоболка, чаре за ова.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Некој home treatment за главоболка или апче некое ? Бев на доктор пред 2 дена и испадна дека имам инфекција на дишните патишта, ми да даде амоксиклав да пијам, и од тоа на плуќата ми е полесно почнувам да искашлувам шлајм и да ми тече носот, но имам неприкината главоболка, чаре за ова.
...има различна болка по интензитет, пулсирачка, локација каде? теме, чело, слепоочница... мислам на мерен крвен притисок, мигренозни болки, синуси?



....штом имаш имаш бактериска инфекција на горни респираторен тракт штом шмркаш највероватно може имаш воспаление на синусите - синуситис (болка на чело, пределот меѓу очите, носот и образите)



... инхалацијата секогаш ќе помогне при воспаление на синусите, во едно тенџерче со веќе зовриена вода и камилица чај наведни се над него со пешкир на главата и вдишувај ја пареата, доколку болката е посилна тогаш еден аналгетик како Тбл.Аналгин би требало да ја ублажи болката!

 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
...има различна болка по интензитет, пулсирачка, локација каде? теме, чело, слепоочница... мислам на мерен крвен притисок, мигренозни болки, синуси?



....штом имаш имаш бактериска инфекција на горни респираторен тракт штом шмркаш највероватно може имаш воспаление на синусите - синуситис (болка на чело, пределот меѓу очите, носот и образите)



... инхалацијата секогаш ќе помогне при воспаление на синусите, во едно тенџерче со веќе зовриена вода и камилица чај наведни се над него со пешкир на главата и вдишувај ја пареата, доколку болката е посилна тогаш еден аналгетик како Тбл.Аналгин би требало да ја ублажи болката!


Па болката во глобала е кај челото и е постојана. При што вчера и денес се појави на на кратко во горниот дел на десната страна од главата и да биде во форма на ежење или плусирачка ( незнам како да ја опишам најточно ).
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Па болката во глобала е кај челото и е постојана. При што вчера и денес се појави на на кратко во горниот дел на десната страна од главата и да биде во форма на ежење или плусирачка ( незнам како да ја опишам најточно ).
... рековме во постот, од синусите !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom