- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.523
- Поени од реакции
- 37.362
... ако се прочита сите состојби и индикации каде се применува и делува тогаш ќе поставам прашање, зашто се разболуваме сите и зошто постојат лекови? ...сите луѓе од раѓање би ја конзумирале ова билка и сите изнесени бенифити и делување би биле доживотна заштита на организмот ( а индииците би требало да се бесмртни)! вакви комерцијални реклами можат само да бидат одбивни кога би размислиле дека хербалните лекови поради содржината која не е до крај испитана можат да бидат и многу опасни по здравје посебно тие кои содржат алкалоиди од тип на somniferin кои се вбројува во наркотични морфински алкалоид сличен како од Papaver somniferum опиумски афион? секојдневно „ќе се дрогираме“ за да немаме тегоби ли?https://ajurveda.com.mk/shop/uncategorized/244/ http://bilkarnica.mk/mk/2017/12/17/ashvaganda/
не знам дали и колку е ефикасно за стрес, евентуална анксиозност и слично
...покрај другото содржи стероиди Withaferin A, Withaferin D, Withanolid G кои делуваат на имунитетот па се смета дека ова растение се справува со канцерогени клетки, ама делување докажани со студии само кај животните, но не и кај човекот и можеби „се нејасни“ и треба да се зема со резерва, ама затоа се применувааат во ветеринарната медицина како животински суплименти посебно кај коњот!
...види сега ова, алкалоид somni(сон)ferum делува на ЦНС чиј механизам „не тера“ на заспивање, релаксирање што конкретно има со хемоглобинот, еритроцити, тромбоцити па да се зголеми нивното ниво? спорадично делува на многу механизми, но тоа не значи дека ќе ни ги среди сите аномалии во организмот!
...што е во Индија Withania somnifera, Indian ginseng - Ashwagandha кај нас би требало да е опијумскиот афион Papaver Somniferum,
и све што е поврзано со таа проблематика на ЦНС и друго би требало да биде споредно како резултат на тоа,
... покажува голем потенцијал како безбеден и ефикасен хербален лек во имуномодулација и хематопоеза, но потребни се повеќе истражувања за да се одреди дали Withania somnifera може да ја дуплира оваа активност кај луѓето и да определи оптимален дозен опсег за постигнување на овие ефекти, но може да се спомне дека ашваганда има потенцијалните корисни ефекти врз анксиозноста, когнитивни и невролошки пореметувања!
...штом ни делува смирувачки и заспивачки нормално дека и срцето „ќе се смири“ и поспоро ќе работа т.е. брадикардичен ефект!
..и пак ќе кажам полека со хербалните лекови, посебно со ашваганда за која има само направени студии кај животните, за хумани студии уште се предклинички во тек!
Последно уредено: