Некој што има користено Аминофилин таблети дали веднаш му се имаат појавено несакани дејства како мачнина, намален апетит и крвен притисок, нервоза, црна столица, дијареа? Sent from my Mi A1 using Tapatalk
... зависи која јачина ( ретард форма 350 мг. или 100 мг) и во кои услови се наоѓа организмот т.е. други хронични болести, возраста на пациентот како и неопходноста зошто е дадено aminophyllin како бронходилататор!
...често денес го препишуваат при настинка да го зголеми протокот на воздух низ бронхиите поради чувство на немање здив или вознемирено дишење со чувство на гушење или за ублажување на кашлица, за разлика од порано кога се ординираше исклучиво само при астматични напади или бронхијална астма или реверзибилен опструктивен бронхитис!
... некако денес „од ракав“ го препишуваа штом пациентот се жали дека се „гуши“ т.е. не може да диши што е нормален симптом кога се има настинка со кашлица, без да се зема во обзир делување на лекот и на дилатација на крвните садови и пад на крвниот притисок посебно опасно за тие со декомпензација на срцето, поради снижување на концентрацијата на калциум во глатката мускултаура и појава на неправилна срцева работа (тахикардија)поради зголемување на фрекфенцијата и ударен волумен !
... дилатацијата на крвните садови се одвива и во гастроинтестиналниот (билијарниот, јетрен) па многу внимателно се ординира на тие што имаат проблеми со јетра (зголемување на јетрени ензими) или со ГИТ давајќи дополнително несакано дејство како мучнина, повраќање, епигастрична болка, диареја, а со тоа и губење на аптетитот!
...најчесто овие несакани дејства ги дава лекот при долготрајна примена, а при моментално земање доколку дојдат до истово значи е дадена преголема доза која мора да се намали или да се исклучи целосно лекот доколку нема оправдност за индикација доколку дава повеќе споредно несакано дејство ! (црната столица -ЦРНА, а не темно кафеава, може да биде само од исхрана, или некое крварење ако се повтори неколку пати црната столица дали хемороиди, дали некој стар желудачен чир кој можеби се „активирал“ со аминофилинот па да речеме искрварило или во момент создадена ерозија на желудачниот зид (еден вид чир) што укажува на болката, мучнината во желудникот...итн
...другите споредни дејства не ги спомнав како алергиски реакции, пожолтување на кожата и очите (делување на билијарен тракт, јетра), мускулни грчеви, зголемена диуреза, мускулни типкови, хипотироидизам, главоболка, несоница, отоци на зглобовите!
П.С.
... да споделам и друга интересна информација новитет околу една клиничка студија на примена на 2% aminophyllin како гел за втривање на целулитна кожа и примена на ултразвук и за два месеци било увидно исчезнување на целулитот од бутките!
при што се гледа ефект на локално применет аминофилин со намалување на дебелината на поткожниот слој, но не и намалување на обемот на струкот и бутините ниту пак намалување на целосна тежината на пациентките во двомесечното третирање со аминофилин со укажување на минимална апсорпција на аминофилинот во крвотокот (за да би ги имале горенаведените несакани дејства како при оралното земање) и при тоа дадено заклучок на клиничка студија за безбедноста и ефикасноста на лекот аминофилин гел како неинвазивно лечење на целулит и деформитет на бутините!
...но се уште се испитува дејството со другите орални лекови кои ги потенцира несаканите дејства на аминофилинот( тој минимален процент од гелот што би се апсорбирал) така да се уште се прават клинички студии во таа комбинација орален лек и аминофилин гел, а аминофилинот гел веќе е на пазарот и се продава за 24 & !