- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.523
- Поени од реакции
- 37.362
Гној на раб од ноктот (paronychia) треба внимателно да се третира:Zdravo lugje, sto se stava na nokt so gnoj? Ne e golem za na bolnica da se ide
... штом на работ на ноктот има гној, тоа значи дека има инфекција која се развива долж работ на ноктот, може на рацете или нозете т.н паронихија (paronychia)!
...ако е на прст на рака тоа настана поради повреда (индиректна траума на кутикулата или ноктите) дали од навика на грицкање на нокти, дали од миење садови ( хемиски супстанци), или од удар, при што даоѓа до инфекција од бактерии кои се на кожата (најчесто стафилокок Staphylococcus aureus ,Streptococcus pyogenes), но паронихиите може да биднат и од габична инфекција и тогаш се применува антимикотична маст (Kansen)!
(доколку се има дијабетес особата е склона кон повеќе инфекции на ноктите, посебно на ногата и доколку не заздрави местото за неколку дена, треба да се провери шеќерот во крвта )
...паронихијата започнува како црвенило и оток околу ноктите попратено со болка на допир, со жолтеникава зелена боја што укажува веќе на форирање на гној (апцес),
доколку е поголем гној- апцесот тогаш МОРА медицинско лице стручно да го „дренира“ и третира гнојниот џеб за да би се спречило ширењето на инфекцијата!
...доколку е зафатен повеќе од прстот медицинско лице МОРА да го дренира „извади“ гнојот или да се примени орален антибиотик, но ти велиш дека не е голема зафатеноста и гнојот (не знам за тебе што значи не е голем гнојот), инаку прстот се потопува неколку пати во текот на денот по 10 мин во млака вода, па се промива со 3% хидроген, и се нанесува некоја антибиотска маст (Gentamycin, Bivacyn)
...не спомнуваш дали тоа за тебе прашуваш ?
но, доколку се работи за пациент со дијабетес, периферна васкуларна болест или имунокомпромитирана состојба мора да примени краткотрајна антибиотска терапија од тип на антистафилококен пеницилин или цефалоспорин од првата генерација или пак клиндамицин и амоксицилин-клавуланат, доколку не се зема брис од самиот гној па да се види точно по антибиограм кој антибиотик да се примени орално!
...инаку , постојат случаеви (поретки) на ваква појава на гној на ноктот како последица од вирусно заболување (херпес) и тогаш третирањето е поинаку т.е. со антивирусен лек како Aciclovir!
ИЛИ гнојот на ноктот може да биде како последица на некоја псоријаза!
Последно уредено: