По долго време од неколку месеци повторно ми се појавија тие црвени точкасти промени на рацете во подлактица и на нозете околу зглобот. Наодот по упат на специјалист трансфузиолог гласи Хематома корпорис. Направени ми се тестови на крвна слика и хемостатски систем во граница на нормала. Тромб.204, Хем.47, ПТ 12, АП 37, ТТ 22, ВБЦ 7, ЛИМ 1,9, МИД 0,5, ГРАН 4,6, ЛИМ 27,6, МИД 5,9, ГРА 66,5, РБЦ 5,58, ХГБ 159, МЦВ 85,3, МЦХ 28,6, МЦХЦ 335, РДВ 14,4 и РДВа 60. МПВ 8,3, ПЦТ 0,17, ПДВ 11,8 , ЛПЦР 17,4 . Како крајно мислење ми рекоа да пијам 1г вит ц дневно и да се консултирам со дерматолог. Предходно кога прв пат ми се појавија ми рекоа дека се капиларни крварења и дека не е дерматолошки проблем туку проблем со коагулација на крвта, сега пак ме враќаат назад на почеток од каде што тргнав за ова моја мака. Моментално тие точки се губат ама ако пак ќе се појават не знам што да правам. Искуство некое или совет каде може да се обратам?