Дежурна Ординација! #2

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
... јас реков за 20мин да се предаде спермата откога е мастурбирано до лабораторијата на испитување и тоа заштитено да биде на телесна температура, ако е најкасно 2ч како кажуваш ти, чисто се сомневам дека ќе има добри резултати, затоа што спермограмот го прави поради некоја пречка, а не дека му е топ ејакулатот/ спермата, а биди сигурен кога ќе го дадеш примерок медицинската сестра нема да се испотепа веднаш да го предаде на лаборантот и тука најмалку еден час се губи за да се направи анализа ...и со двата часа твоите „најкасно“ тоа се три часа што сигурно сперматозоидите веќе ќе бидат заспани :)

Значи таму кажуваат најкасно два часа по ејакулацијата да го предадеш материјалот,а дали тие одма или за 15 мин ке го работат си знаат само тие.И не мора да значи дека имал проблем човекот,некои и рутински си прават преглед.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...Ок де, јас кажувам како треба, „а таму“ не знам кој што кажува! :toe:
...а да им одам ТАМУ и една мини дебата во врска колку може да биде поинаку подвижноста на сперматозоидот која после еден час драматично опаѓа, а камо ли после два, три часа?
...ама тоа е, најважни се моментите кои треба да се запазат кога се дава телесни примероци за испитување било крв, плазма, фецес, урина, ејакулат си има свои правила што, како, а не само нааааа земи/дај примерок! :(
...дури и „биоритамот“ на мушкото има важност за квалитетна сперма, дури и ејакулатот ако се земе како примерок од местото каде се исфрли при сексуален чин :sekcza: е слика на вистинската сперма да се даде за испитување на параметрите за разлика од спермата од истата индивидуа добиена со мастурбирање :drk:
...ама кој да каже! :cautious:
( п.с. има такво машко кое рутински ја проверува спермата? онака му текнало па иде да мастурбира во чаша и да чека ред...итн други формалности? Уаау би сакала да запознам таков! (y) )
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Дали се пипнав со нечисти раце или можда со користена салфета од не знам што.
Добив црвенило на мал дел од образот. Како да тече лимфа, но нема крв. Ставив малце памук со алкохол, и почна да пече. Ок, ова беше вчера.

Пројде ноќта, идам пред огледало, засушена лимфа, и почна да се лупи горниот дел на кожата.

Дали некој знае да ми каже што ме снашло и како да се излечи?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Да не си добил „изгореница“од ладното време? Сува ли ти е кожата? :)
 
Член од
2 септември 2018
Мислења
24
Поени од реакции
10
Пред две години започна да ми се гради израсток на кожата (во пределот на грбот, под вратот) во форма на кафено топче. Истото достигна големина на мало зрно од грашок. Пред година ипол бев на дерматолог каде што ми беше дијагностицирано Angiofibroma. Дерматологот кажа дека не е опасно и дека одлуката дали ќе го одстранам или не би значело само естетски. Односно дека нема потреба за никаква грижа. Пред една година случајно го повредив, односно пукнав бидејки местоположбата е на незгодно место (во додир со краѓна, етикета од облека). Почна да крвари но бидејки бев дома употребив стерилна газа се додека не престана крварењето, потоа извршив дезинфекција со 3% хидроген, физиолошки раствор и завршно со бетадине како и стерилна газа со фластер. Телефонски го исконтактирав дерматологот кој ме имаше прегледано, со што му ја опишав целава ситуација. Ми кажа да употребувам антибиотска маст пет или десет дена (не се секавам точно). Раничката зарасна, се створи народно кажано струпка, која по извесно време падна. Кожата на тоа место остана рамна, без никаква издигнатина. На тоа место остана само светло кафена флека (како белег). Во последниве два месеци приметив дека се создала една врста бела кожичка на едниот дел од флеката која наликува на празен плик на кожа. Бев повторно на дерматолог на контрола каде што ми беше кажано дека немам ништо. Прашањето ми е дали некој имал искуство со вакво нешто и какви се шансите повторно да се појави односно створи фибромот. Некоја превенција или Ваше искуство. Ви благодарам
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Другар толку реферати за нешто што на пластика го вадат за 35 секунди. Земи упат, нека го извадат и нема да се замараш.
 
A

andrea85

Гостин
Дали се пипнав со нечисти раце или можда со користена салфета од не знам што.
Добив црвенило на мал дел од образот. Како да тече лимфа, но нема крв. Ставив малце памук со алкохол, и почна да пече. Ок, ова беше вчера.

Пројде ноќта, идам пред огледало, засушена лимфа, и почна да се лупи горниот дел на кожата.

Дали некој знае да ми каже што ме снашло и како да се излечи?
Probaj Stavi Belogent, mene mi pomaga .
Da ne si pod stres?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
O.K. eve nesto slicno sto sum go zapametil od tatkomi.Toj imase vaka temni TRTKI gi vikavme,bas na vratot pozadi.Bideiki e malku nepregledno stalno me terase da mu kapnam po edna kapka mleko od iskinata zelena smokva ili list od smokva.Taka so ovoj lek se susele tie trtki i gi snemuvalo.No nemu pak ke mu se pojavea na drugo mesto vo blizina. E sega ova ne e od golema pomos zatoa sto medicinata otide napred i podobro probaj tamu. I kolku zapna za edna sitnica jas na lekar ne stapnuvam za pogolemi problemi.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Да не си добил „изгореница“од ладното време? Сува ли ти е кожата? :)
Хмм, што знам, мал простор зафаќа на образот. Ама да, личи како да е сува кожата, невообичаено нешто.
Ставив пак алкохол, како да утепа тоа што имаше на кожата, бактерија ли, габа ли. Може ли габа да е некаква???
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Во кој тип на болести спаѓа деменција? Не знам дали е за на психијатар или невролог?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во кој тип на болести спаѓа деменција? Не знам дали е за на психијатар или невролог?
Невролог, сушење на кората на мозокот. Што побрзо отидете, тоа подобро.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Во кој тип на болести спаѓа деменција? Не знам дали е за на психијатар или невролог?
... зависи која е возраста на пацинетот? зашто веднаш дијагноза деменција?
и доколку е одредена дека е деменција зависи причината од што е вакуларна деменција? невродегеративен процес? повреди на мозок? когнитивно нарушување поради психичка растроеност? когнитивно нарушување поради конзумирање на алкохол, дрога или метаболично растројство? и затоа според возраста на пациентот и како последица на што е деменција треба и соодветно обраќање на специјалист како: психијатар, интернист, невролог, невропсихолог, герипсихолог!
...од појавата на првите видливи симптоми, мора да поминат барем шест месеци за да може да се даде дијагноза за деменција, оти има еден куп други болести кои даваат спорадични симптоми на сенилност т.е. деменција дури и еден дефицит на витамини, хипотироидизам може да даде такви промени, така да една „збунетост и дезориентираност во просторот на пациентот“ не мора веднаш да заклучиме дека е деменција затоа треба постапно да се направат лабораториски анализи, што хронични болести има пациентот, кои лекарства применува ...итн!
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
По долго време од неколку месеци повторно ми се појавија тие црвени точкасти промени на рацете во подлактица и на нозете околу зглобот. Наодот по упат на специјалист трансфузиолог гласи Хематома корпорис. Направени ми се тестови на крвна слика и хемостатски систем во граница на нормала. Тромб.204, Хем.47, ПТ 12, АП 37, ТТ 22, ВБЦ 7, ЛИМ 1,9, МИД 0,5, ГРАН 4,6, ЛИМ 27,6, МИД 5,9, ГРА 66,5, РБЦ 5,58, ХГБ 159, МЦВ 85,3, МЦХ 28,6, МЦХЦ 335, РДВ 14,4 и РДВа 60. МПВ 8,3, ПЦТ 0,17, ПДВ 11,8 , ЛПЦР 17,4 . Како крајно мислење ми рекоа да пијам 1г вит ц дневно и да се консултирам со дерматолог. Предходно кога прв пат ми се појавија ми рекоа дека се капиларни крварења и дека не е дерматолошки проблем туку проблем со коагулација на крвта, сега пак ме враќаат назад на почеток од каде што тргнав за ова моја мака. Моментално тие точки се губат ама ако пак ќе се појават не знам што да правам. Искуство некое или совет каде може да се обратам?
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Здраво дечки, имам едно прашање во врска со хепатитис. Пред неколку часа се случи некоја збрка и морав да раскинувам 2 лица што ќе се испотепаа, после сето тоа се приметив дека имам крв на внатрешниот дел од дланката. Како и со секоја рана што крвари подолго време, шмукам и плукам крв додека не ја дезинфицирам и и ставам фластер. Само што си дојдов дома дознав дека едното лице е заразено од хепатитис. Претпоставувам дека сум изгребан со нокт, и сакам да ве прашам дали е можно и јас да се заразам, и за колку време би ми се појавиле последици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom