Дежурна Ординација! #2

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Ѓорѓески, 3 мај 2011.

  1. Vlado64

    Vlado64

    Член од:
    18 ноември 2017
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    0
    Последниве два дена приметив дека долниот дел од стомакот под папокот во должина ,ми е многу тврд и осекам како некоја тежина.Мислев дека ми е кило со оглед на тоа дека идам во теретана и кревам големи тежини,ама немам никакви болки.Што би можело да биде?
     
    Последно уредено: 13 септември 2018
  2. Makaron

    Makaron КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!

    Член од:
    16 јули 2014
    Мислења:
    6.485
    Допаѓања:
    10.524
    Здраво, утре сакам да дарувам крв, ме интересира колку време пред тоа не смеам да јадам.

    И во последниве три дена зедов Аспирин а пред некој месец примав терапија за алергија, дали ќе можам да давам или ич да не одам.

    Фала.

    Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
     
  3. Awkwardless

    Awkwardless

    Член од:
    7 февруари 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    61
    Ај вака и јас да си ја кажам маката.
    Веќе 2 месеци имам многу мали вртоглавици кои траат 1 - 2 секунди, и ко да се вети собата околу мене (оваа појава е ретка).
    Рамениците ми се вкочанети некои 2 месеци, да ме стисне некој ѕвезди ќе избројам, арно ама после малку масажа се е во ред некои 3 - 4 часа. После пак е исто. Исто чувстувам и притисок во нос некогаш и главоболка на челото точно над очите.

    На лекар ми рекоа од неправилно седење и поминување 6+ саати пред пц, да правам вежби за врат, демек било од рамениците и жилите тоа.

    А јас нормално ненормален, се си мислам дека имам некој тумор у глава.

    Мислење?
     
  4. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.952
    Допаѓања:
    14.706
    Оди на ушно, да не треба ушите да ти ги зачистат.
    Оди на очно.
    Тумор немаш, но за да ти се тргне од глава, фати врска на државна да правиш магнетна резонанца или дај 200 евра или колку е некаде на приватно.
     
  5. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.366
    Допаѓања:
    5.945
    Добро ти рекле на доктор, јас го имав/имам истиот проблем. Од снимања евентуално направи една рендгенска снимка на врат и оди на физикална зашто би имал таму секојдневна масажа и ќе ти покажат вежби што би ти биле најсоодветни.
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Awkwardless

    Awkwardless

    Член од:
    7 февруари 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    61
    Што испадна кај тебе? Или немаш одено на лекар?
    Ушите ми се стварно за чистење. Одам у вторник на ушно. На очно бев, носам очила една година веќе.
     
  7. ckembarbtt

    ckembarbtt

    Член од:
    8 октомври 2015
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    462
    Дали сладолетот помага во отекувањето на грлото и крајниците?
     
  8. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.366
    Допаѓања:
    5.945
    Изгубена ми е природната кривина на вратот од седење во неправилна положба. Имав главоболки, исто така знаеше да ми се сврти. Со две недели физикална и после со редовно вежбање на вратот и мускулите на грбот се среди.
     
    На Awkwardless му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Awkwardless

    Awkwardless

    Член од:
    7 февруари 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    61
    Океј да одам на физикална тогаш. Сниман ми е и вратот, ми рекоа само дека малце ко наведнат иде, друго е се океј, ми рекоа вежби за вратот и ибупрофен маст. Горе долу не е ништо сериозно значи.
     
  10. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    3.255
    Допаѓања:
    3.388
    [​IMG]

    ...токму така, вратните пршлени се причината, секое неправилно подолготрајно искривување на истите ќе доведува до прво благ знак на челна главоболка да за кратко време може да дојде до силна болка која може да помине со некоја капсула „диклофенак“ или носење едно половина час на Шансова кравата да се фиксираат и малку истегнат вратните пршлени од искривувањето,

    [​IMG] [​IMG]

    ...инаку краткотрајните вртоглавици можеби се знак на зафаќање на некој крвен сад (циркулаторен васкуларен сад кај вратот) со кој доводот на крвта во мозокот се пореметува и се манифестира со мала вртоглавица, посета кај физијатар ќе укаже прво примена на орална терапија од неколку дена со нестероиден антиинфламаторен лек - диклофенак и носење Шансова кравата со потполно мирување без вежби- масажи (само ќе ја влошат во моментот ситуацијата), па потоа кога ќе поминат тие 5 дена да речеме на мирување и пиење на нестероидни антиинфламаторни лекови- антиревматици, па и аналгетици, се применува соодветна физикална терапија, соодветни вратни вежби па и блага масажа со нанесување на некоја маст (ибупрофен) или гел (диклофенак), но никако веднаш кога се има болки без предходно да се пие лекот, тогаш напротив местото не смее да се масира токму поради можни вртоглавици поради зафатениот крвен сад кој мора „да се пушти“ со земениот нестероиден антиинфламаторен лек !
     
    На Awkwardless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Awkwardless

    Awkwardless

    Член од:
    7 февруари 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    61
    Damn good to know. Фала ти за целосново инфо. Понеделник одам на физикална, ќе објаснам се што како е, па ќе видиме.
     
  12. Awkwardless

    Awkwardless

    Член од:
    7 февруари 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    61
    Да се надоврзам и да прашам уште ова.. Ако кардиолог ти каже да не се замараш дека ќе имаш проблеми со срцето во иднина.. Колку % е валидно тоа? 3 пати сум бил на екг/ехо, 3 пати ме гледале ми рекле срцето ти е здраво, а јас имам пецкање во градите и на левата страна од време на време, некогаш левата рака ме боли (скршена е од пред 10тина години), ми рекоа на сите места дека ми е од стрес и од што цело време мислам на тоа. А јас малку ме пецне, и одма мислам дека срцето отиде..
     
  13. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.952
    Допаѓања:
    14.706
    Нула.
    Кардиолог е, не е Нострадамус.
     
  14. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.510
    Допаѓања:
    154.261
    Сака да ти каже да не се замараш зошто ништо не ти е и си умислуваш дека нешто ќе ти биде, не дека во иднина нема да закачиш атеросклероза ако таманиш мрсно. Коренот на проблемот побарај го кај психијатар, не кај кардиолог, очигледно е дека нешто те мачи, имаш негативни мисли а не знаеш што.
     
  15. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    9.952
    Допаѓања:
    14.706
    Кај психолог боље, психијатар ќе му рече „а ха, така, да... па види... даваме ние лекарства за тоа, еве хелексче и асентра“
     

Сподели преку: