...токму така, вратните пршлени се причината, секое неправилно подолготрајно искривување на истите ќе доведува до прво благ знак на челна главоболка да за кратко време може да дојде до силна болка која може да помине со некоја капсула „диклофенак“ или носење едно половина час на Шансова кравата да се фиксираат и малку истегнат вратните пршлени од искривувањето,
...инаку краткотрајните вртоглавици можеби се знак на зафаќање на некој крвен сад (циркулаторен васкуларен сад кај вратот) со кој доводот на крвта во мозокот се пореметува и се манифестира со мала вртоглавица, посета кај физијатар ќе укаже прво примена на орална терапија од неколку дена со нестероиден антиинфламаторен лек - диклофенак и носење Шансова кравата со потполно мирување без вежби- масажи (само ќе ја влошат во моментот ситуацијата), па потоа кога ќе поминат тие 5 дена да речеме на мирување и пиење на нестероидни антиинфламаторни лекови- антиревматици, па и аналгетици, се применува соодветна физикална терапија, соодветни вратни вежби па и блага масажа со нанесување на некоја маст (ибупрофен) или гел (диклофенак), но никако веднаш кога се има болки без предходно да се пие лекот, тогаш напротив местото не смее да се масира токму поради можни вртоглавици поради зафатениот крвен сад кој мора „да се пушти“ со земениот нестероиден антиинфламаторен лек !