Здраво! Три недели оперирана од тироидна жлезда, а гласот сеуште е фатен, зборувам (шепотам) со напор. Многу сум загрижена
...јас не знам што би ти рекла повеќе од лекарите и хирурзите кои те оперирале, ама ај ќе кажам што знам па можеби ќе има нешто ново што не ти кажале...
-спиењето треба да ти биде со подигната глава најмалку 30 степени од креветот за да не би голтала нешто ако се уште се дренира од грлото, а и истото подобро ,,се одмара,,...
-не смееш нагли седнувања да правиш туку полека ќе седнуваш оти ако нагло седнуваш можни се појави на вртоглавица што ќе те уплашат, а тоа е поврзано со остранетата жлезда...
-не смееш да се наведнуваш нанапред и да земеш нешто на пример од под, оти вените на вратот се виткаат и може да добиеш болка која ќе те уплаши...
-болка на грло најчесто после операцијата трае недела дена па после мора да се намали и исчезне...
-не смееш да се заморуваш со домаќински тешки работи, спорт, фитнес и све што е напор што доведува до задишување па дури и до повреда на местото поради напорот, но тоа не значи дека треба да лежиш во кревт, напротив бавни движења се дозволиви дури и качување по скали, но со одмор да не се забивташ...
-не знам колку години имаш, но доколку имаш покачен крвен притисок почесто да го мериш и да земаш терапија оти сосема малку покачување на крвниот притисок ќе направи поголем напор на вратните вени, а со тоа ќе се оптовари местото каде е оперирано...
-секогаш внимавај да тоа место да биде суво, не смее да биде влажен вратот и доколку се уште се дренира местото веднаш да смениш преврската да биде суво, највероватно од почеток ти дале и аналгетици за болките кои си ги имала ама сега по 14 ти ден би требало да ги немаш...
-ретко е забрането да се јаде конзистентна храна, најчесто е дозволено да се јаде било каква конзистентна храна, но сепак за добро на грлото нека биде помека храната...
сега ова твоето што праша, после операција дозволено е да се говори, но по можност тивко дури со шепотење, секое посилно напрегање при говор може да доведе до болка и оток на местото на операција, а со тоа може да се створи услови за иритација и закачување на некој вирус од воздух (мн ретко но се случува), затоа да избегаваш контакт со настинати и луѓе што кашлат итн...инаку вокалната рехабилитација може да трае од неколку недели до неколку месеци со засипнатост и неможност на постигнување на високи ноти или опши замор при говор што се должи на близината на нерви до жлездата одговорни за движење на гласните жици....
-стегањето на грлото е нормална појава оти е рана нели? но доколку се појави симптом да не можеш да дишиш или тешко дишеш тогаш мора да се јавиш на лекар највероватно имаш оток кој притиска и мора да ти го санираат...
-многу е важна исхраната, не смееш да јадеш морска храна ниту свинско, избегавај благи работи, не смееш да пушиш ниту да седиш во простории кои се зачадени со цигари, ама и се општо зачадени од друго горење поради можност на иритирање на грлото и природниот нагон на кашлање што ќе ти направи пречки на раната...
-мнгу е важно сега да внимаваш на КАЛЦИУМОТ ВО КРВТА, не смее да ти падне испод нормала, затоа мора да примениш храна богата со калциум од тип на сирење, урда,
јогурт...
-тенка облека мора да носиш, но да го покрие местото од директна светлина, доколку можеш по ова време некои памучни тенки марами не би било лошом, лузните ќе си ги лечиш после 4 месеци до тогаш нека нема сонце...
-некои промени може да почуствуваш, на пример слаба болка на цервикс на матката да знаеш тоа е од операцијата, потоа може да почувствуваш после операција едно 2,3 дена пецкање на усните и на рацете и тоа е само пради падот на серумскиот калциум што ти го спомнав погоре да внимаваш многу !!!
-се надевам дека можеби ти дале орално да внесуваш калциум и ВИТ Д како превентива? Највероватно ти дале и лек ,,левотироксин,, тоа е хемиско - генерично име , а фабрички имиња има многу -Еутирокс...итн... кој мора да го внесуваш пола час пред доручек секој ден оти тоа ти веќе заменувачкиот хормон што ја немаш жлездата веќе и затоа се пие цел живот..
-ако не ти се извадени конците или тие се конци кои ,,сами се топат,, во ткиво и не се острануваат по правило после 14 дена треба да се јавиш кај хирургот за ре_евалуација односно да направи повторно заклучок околу оперативното место ... многу е важно на непостоење на хематом кои може да направи компликации од таа насобрана крв па дури хирургот може да направи реоперација(повторно да оперира)
...па, мислам горе доле ти објаснив и сигурно ова све го знаеш, ама ако да повториме не е лошо нели?
поздрав и се надевам дека ќе ти биде подобро !!!
