Здраво. Значи вака. Таму почеток на мај патував до Полска. Патот буквално ме уништи, 20 часа во автобус, граници, гужви, во Закопане времето беше ужас и тн. Кога се вратив во Македонија започнав да приметувам дека ми се тресе целото тело (како тремор, грозница) и имам тахикардија. Симптомите постепено се смирија така што веќе не ги приметував после 2-3 недели. Арно ама тука околу 15 јуни ме фати воспаление на грло и симптомите од погоре ми се повратија. Бев на лекар, ми препиша прво Амоксиклав, па откако немаше резлутати подоцна Сумамед. Направив проверка на крвна слика, на урина, на бубрези и црн дроб и 2 пати ЕКГ, се беше во ред освен што првиот пат на ЕКГ имав забрзан пулс (95). Затоа лекарот ми даде и бета блокатор. Сега пијам само пропранолол, но треморот е уште тука, плус чувствувам како струја/благо трнење/болка на рацете (левата поизраено), непријатен сон и понекогаш мачнина во желудникот. Немам никакви главоболки ниту пак болки во градите. Ехо на срцето и тироидната жлезда правев пред 2 години и се беше во ред.
Инаку периодов ми е многу стресен (смрт на близок пријател) и тоа дополнително ме направи анксиозен.
Контролен преглед имам закажано за еден месец.
Искуства? Совети?
... би те прашала дaли си бил војска оти таму ,, се кали челикот,, , ама ете можеби си понежен и поемотивен како личност, твоето тело со 20 ч во автобус претрпе еден ,,патувачки шок,, што можеше да ти се појави дури и т.н.патувачки трмбофлебит поради долго седење со свиткана нога и нециркулирање на крвта во екстремитетите, но тебе конкретно те зафати целосен народно кажано ,,с_клет,, изразено со тремор и слабост што дополнително те натовари во твојата емотивност - што ако сум болен од нешто? треба време да се смири телото, но твојата емотивност доведе до појака сензација со појачана срцева работа која довело до аритмија (не кажа дали чуствуваше и прескоци и дали си имал во моментот и покачен крвен притисок) т.е. тахикардија што 95 удари во минута не се кој знае што високо за да би ти се ординирало веднаш лек, но и како и да е веќе кога ти се дало бета блокатор, мислам дека правилно ти го даде твојот доктор неселктивниот од прва генерација бета блокатор
Пропранолол или (таблети -
Индерал Галеника од 40 мг ),
зашто?
затоа што немаш ти историја за кардиоваскуларна ( срцева ) болест, ниту ти се најде некое такво пореметување во ЕКГ за да би се ординирало селективен блокатор што дугиот член
@Solaire of Astora ти коментира спомнувајќи ги таблетите
Небилет кој делува селективно САМО на срцевиот мускул т.е. антагонист на САМО
beta1 adrenergic receptor ( како што се атенолол, бетаксолол, бисопролол, метопролол,
небиволол, есмолол), докторот ти даде лек што делува неспецифично односно НЕ ДЕЛУВА ДИРЕКТНО т.е. е некардиоселективен симпатолитик бета блокатор, значи тој блокира и
бета 1 и бета2 адренергични рецептори блокирајќи ја активноста на адреналинот и норадреналинот, значи со еден збор можност на појава на тахикардија од друго потекло како хормонално, мускулно, дигестивно ( една кила која не е видлива поради некоја положба незгодна да желудникот може да даде при прејадување притискање на дијафрагма и појава на тахикардија и сега што? ќе дадеме лек да го ,,умртвиме,, ритамот на срцето- кардиоселективни ? зарем срцевиот мускул ни е слаб? ма ЈОК ! тоа всушност е последица од прејадување и притискање на желудникот-храната на килата, килата на дијафрагма, дијафрагма на срцев мускул...итн затоа има појава да пациентите сами после некое време пиење на лекот велат дека селективниот лек не делува како треба и пак имаат тахикардија токму поради фактот дека тахикардијата не од причината на срцевиот мускул и самото срце, туку од друго потекло-орган што го дестабилизира тој срцев ритам до појава на тахикардија, тука се прават најголемите грешки што некои лекари не го прифаќаат, а некој како твојот лекар ете правилно ти даде и тоа по четвртинка што е сосема доволно да ти укаже дека едноставно тахикардијата ти е од емотивна страна- хормонална !
не знам колку ме разбра, ама се трудев наједноставно да објаснам !