Друштво темава ја прочитав од почеток до крај и не најдов нешто слично со мојот проблем.
Имам прекумерена количина на киселини во желудникот.
Бев кај др.Ставридис во Градска каде што ми правеа Гастроскопија, па тестирав и Хеликобактер, се си е нормално, освен во Гастроскопијата каде што имаше дијагноза (воспален желудник).
Кога јадам свежа храна и мала количина најчесто немам проблеми, ама зачинето, термички обработено, шеќери и слично.... тешко мене.....
Пиев Ланзул и немав проблеми додека ги пиев што и да јадам, престанав и пак почнаа....
Гурман сум си
Дали оваа моја дијагноза се лечи или и доживотно ќе си внимавам?
Можеби описов е оф топик, но го пишувам како објаснување за некој кој имал сличен проблем па да ми препорача кај кој специјалист го решил истото.
Може приватно или државно.
Благодарам однапред.
Мене ми се појави истиот проблем со дигестија на храната во желудникот пред два месеци, т.е. после секој оброк ми се јавуваше чувство на надуеност во желудникот кое на моменти беше неподносливо тешко што резултираше со тотална апатија и безволност. Пропратно со надуеноста повремено ме мачеа и киселини кои ги третирав со ранитидин или пак сода бикарбона ( ова второво чисто за да проверам дали навистина функционира и дали ќе ми помогне ) и чести и невообичаено течни столици. Симптомите и нивниот интензитет ми варираа во зависност од типот на храна што ја конзумирам и најлошо ми беше кога ќе се напиев кафе, посебно нескафе со млеко или топло турско кафе, тоа беше тотално кинење за мојот желудник, зелена салата како марула, зелка, краставица истотака многу ми пречеа и ми даваа изразена симптоматологија како и пиење на вода после јадење која ја чувствував како цигла во стомакот буквално. Осеќав како храната ми стои по цел ден во желудник и не ми се вари, обично појадував насабајле и цел ден се до вечер, т.е. до вечерата кога веќе конечно ќе осетев дека сум гладен и дека можам да јадам. Ја имав истата мака пред некоја година, кога истотака пролетно време ми се јавија истите симптоми и тогаш се влечкав по лекари, се до моментот кога требаше да правам гастроскопија и се откажав поради страв. Тогаш проблемот го третирав со ланзул кој можеби го пиев скоро пола година, но сепак покрај него морав многу да внимавам што јадам. Не ми дадоа дијагноза, а мојата претпоставка беше дека се работи за некој вид на сезонски гастрит.
Е сега, по консултација и препорака со еден форумџија, имено
@Psyside ( голема благодарност до него за несебичноста и времето одвоено за мене и моето здравје ), установивме дека најверојатно се работи за недоволна количина на желудочна киселина, иако јас мислев дека се работи за хиперпродукција на желудочна киселина со оглед на силните тегоби налик киселина кои ми се јавуваа после оброк. Сепак, недоволната количина на желудочна киселина е изворот на проблемот и затоа храната полека се вари и останува долго време во желудник и после извесно време почнува да скапува и веројатно оттаму и се предизвикуваат киселините.
По препорака на
@Psyside, од исхрана исфрлив домати, краставици, пиперки, марула, зелка, кромид, се што содржи бел шеќер и брашно, се што е од пченица или има глутен, како и кафето ( ова ми беше и сеуште ми е најтежок предизвик и не бев баш строго дисциплиниран во однос на кафето ). Престанав да конзумирам млеко и месо ( месо на недела дена, млекото сеуште не го пијам, а не ни планирам во блиска иднина да пијам млеко зашто ептен ми смета, ама многу многу ). Избегнувам запршки и зачини, зголемив количина на јаткасти плодови - ги внесувам секојдневно за разлика од порано, гледам да јадам помали количини на оброци за да не го оптоварувам желудникот да се мачи со варење. Вода саат време пред и после јадење не пијам.
Тоа што е доста важно, и што мислам дека во мојот случај има круцијална улога, по препорака на членот си купив чај од анасон, ѓумбир, коријандер и нане. Од анасонот, коријандерот и нането ставам по една лажичка, а од ѓумбирот третина и тоа ми е една доза, која обично ја конзумирам како чај со јадење најчесто пред. После половина час веќе сум многу гладен и можам убаво да јадам. Чајот го пијам двапати дневно. Истотака си купив и дигестивни ензими, имено Дигестон од Healthaid, капсули кои се конзумираат до двапати дневно заедно со оброк. Единствено глутамин не земав.
За не повеќе од недела дена, само со овие препораки, мене проблемите и мачнината со желудникот ми се сведоа на минимум, дури би можел да кажам дека целосно се повлекоа, затоа што можам буквално се да јадам ( веќе втората недела почнав да ги кршам рестрикциите и си јадам буквално се од тоа што требаше да го исфрлам, освен млеко ).
Секако, водам сметка да не претерам со количината и обемноста на оброкот, за да не го оптоварувам непотребно желудникот.