За било која болест ниту еден доктор не се занимава и не го интересира причината за настанатата болест туку веднаш се преоѓа на лечење/терапија ... причините може да бидат десетици и десетици почнувајќи од лоша генетика, нездрав начин на живот, нередовен сон, нередовна исхрана односно во одредени периоди прекумерна исхрана, а во одредени периоди слаба исхрана, секојдневен стрес, прекумерна психо-физичка исцрпеност, цигари, кафиња (јас на пр. само до пред неколку месеци пушев по 30-40 цигари на ден и пиев по 5-6 големи кафиња) што секако не е здраво, но колку па баш тие нездрави навики се поврзани со хипотиреозата на пр.
Ако гледаме во глобала денеска повеќето луѓе пијат кафиња и пушат цигари, многумина пијат и алкохол на пр. но не кај секој од нив се јавуваат здравствени проблеми, многу луѓе и покрај пороците живеат долго и немаат скоро никакви посериозни здравствени проблеми во животот (факт) значи сепак битна е и генетиката и ред други работи !
...не е баш така, за било која болест и ниту еден доктор, лечењето сепак не може да почне ако не се даде дијагноза што го снајде телото, а да се даде дијагноза сепак треба да се направат некои испитувања па да се види причината односно жариштето, но често е тоа ,,полабаво,, често пати одредено под препоставка дека тоа би било причината не одејќи до крај, како пример ќе наведам ординирање на 3 инјекции на повеќе пациенти со различен пристап за здравствената состојба во болницата? и на мое ,,заобиколно прашање,, како може иста терапија - инјкеции, интересен одговор од тип на ,, немаме време да одредиме точно што е причината, а под препоставка од овие 3 инјекции различни лекови од кој еден сигурно е антибиотик, сигурно една ќе му делува !!
ауууу која тактика, па потоа се чудиме зашто толку антибиотици се трошат...
околу тоа што некои пушаат и пијат, а другите ниту пушат и пијат а се пооподложни на болести и фатален исход има тука и во генетиката, но и во неговиот развој во детството кога се ,,зацементира општото здравје во телото,, ако во тој период исхраната била повеќе оскудна од масти, шеќери и грижата на родителот била на ниво за своето дете, тоа кога ќе порасне поради тој режим и живот во детството може да си дозволи +- 5,10 години пушење и алкохол без некои посебни здравствени проблеми, но губејќи ги тие 5,10 години во зацртаниот животен тек по генскиот код, и факторот ,,стрес,, кој ако се задржи повеќе од три дена може да делува фатално на здравото тело кое ниту пушело ниту пиело ниту водел некој неорганизиран живот, за разлика на некој што пиел и пушел ама стресот го трегнал во ,,баш ме брига,, и нему баш ништо нема да му се случи... сепак секој има свои нијанси, но никогаш ама баш никогаш не треба да ти БИДЕ ОПРАВДУВАЊЕ дека и да пушиш и да пиеш е исто како не би го правел тоа укажувајќи на примери ама во делот само каде ти одговара, а не анализиран во целина, тоа само сам се лажеш !!!
- пред да одиш повторно на лекар и да направиш повторно лабораториско испитување, би ти кажала нешто што да примениш барем една до две недели за твојата хипотиреоза !!! нормално ако си заинтересиран да не пишувам напразно - ако не би се нафатил !!
