Дежурна Ординација! #2

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Веќе месец и нешто имам болки во стомакот, само десната страна. Болката ми оди и накај ногата, а и половината назад ме боли. Имам и минимална температура чат-пат. Веќе двапати правев анализи, и двете покажуваа некое воспаление (инфекција). Гинекологот ме лечеше од кандида, демек на ехо ништо не виде абнормално. А матичната откога и кажав дека сум била веќе кај гинеколог, ми кажа дека мора резултатите да се од тоа и повеќе ништо не ми испитуваа.

Е сега бидејќи јас знам како ми работи телото и ова веќе е ненормално, чувствувам дека е нешто повеќе, дали имам некое воспаление на мочните канали, мочниот меур или јајникот, не знам, али скурчено ми е да ме шуткаат од едно на друго место без објаснување.
Препорачајте ми лабораторија за анализа на крв и урина, без упат (немам во Ск матичен) а и каде можам најбрзо ехо да си направам.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854

Можно е да е воспаление на слепо црево..или отфрлија такво мислење таму каде што си била!?
Оди на дежурна служба, дали на клиника или во 8ми септември, плати си во готово таму, поевтино ке ти дојде отколку да одиш по приватните.
 
Па и јас прво се сомневав на слепо црево, дека десна страна де. Но оттогаш досега 100 пати ќе ми се зголемеше болката, бар слепо црево викаат дека кога боли, боли. Јас имам тапа болка, ко непријатно чувство, не е голема болка, но таму е.
Работи 8ми септември во сабота, да појдам утре да си направам анализа и ехо на абдомен? Да не треба да чекам со денови?
 
Не треба да чекаш, оди одма и пожали се и објасни им што симтоми имаш...Тие ќе направат анализи на крв, ако треба и абдоменално ехо..нема потреба од чекање.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Не треба да чекаш, оди одма и пожали се и објасни им што симтоми имаш...Тие ќе направат анализи на крв, ако треба и абдоменално ехо..нема потреба од чекање.
Во ред, фала. Јас немам влезено досега во таа болница, да не знаеш на кој спрат е таа дежурна служба? И дали и утре има некој, да не одам за џабе.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Во ред, фала. Јас немам влезено досега во таа болница, да не знаеш на кој спрат е таа дежурна служба? И дали и утре има некој, да не одам за џабе.
Дежурните или итните служби работат нон-стоп, 24 часа...и секогаш се на приземје..има табла, пишува дежурна служба, нема да утнеш ако идеш таму..па и на клиника е исто.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... барем да кажеше што анализи направи, а и твојот однос кон здравственото лице треба да биде построг доколку вака се однесува без да ти се одреди или постави дијагноза...
...младите генрации само на улица и на социјални мрежи се силни со изрази, ама на лице место вака во институции некако не се докажуваат преќутуваат, а тоа е поради несигурноста и незнаењето да се справаат со дадената ситуација...
...покачените леукоци би покажале воспален апендикс, но не мора да значи, десно болка може да е и од воспаление на жолчното кесе, а може да биде и реакција н воспаление на јајник со присутво на циста од непрснат фоликул поради пореметување на менструалниот циклус од присуство на кандидата...
ама не знам зашто вака... само со пипање на местото на болката дури може да се даде препоставка, а лабораториски само да се потврди... мене ме секира таа телесна покачен температура чат-пат што укажува на сериозноста на ситуацијата!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
На ехо ништо не ми најдоа алармантно, крвната анализа ми е ок, исто и урината, според резултатите немам покачени леукоцити.
Останува само да проверам уште еднаш кај гинеколог, оти имам уште болки кои веројатно укажуваат на проблеми со јајникот. Освен болка, немам друго ништо во тој дел пореметено.
И да се разбереме, неспособни лекари има секаде. Циста се гледа на ехо кај гинеколог, ако претходно била слепа докторката, тоа не знам јас, но затоа сега ќе си барам нова.
 
...девојче, не биди агресивна (се гледа во твоите зборови- ,,да се разбереме,,) баш тоа го укажувам со младите генерации што не и кажеш така на докторката? ,,слепа сте? ,, а не тука, таму биди силна...
овде неколкумина едноставно сакаме да помогнеме, ама мора и сама да се избориш да бидат лекарите повнимателни, оти според преголемиот број на пациенти тие различно се заинтересирани за пронаоѓање на причината на нивното доаѓање во ординацијата,те гледаат млада па можеби не даваат толку внимание што е тотално погрешно, нели?... најавероватно кандидата треба да ја лечиш, а проблемот околу болката највероватно е јајникот !
баш ме интересира што ќе испадне...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
На ехо ништо не ми најдоа алармантно, крвната анализа ми е ок, исто и урината, според резултатите немам покачени леукоцити.
Останува само да проверам уште еднаш кај гинеколог, оти имам уште болки кои веројатно укажуваат на проблеми со јајникот. Освен болка, немам друго ништо во тој дел пореметено.
И да се разбереме, неспособни лекари има секаде. Циста се гледа на ехо кај гинеколог, ако претходно била слепа докторката, тоа не знам јас, но затоа сега ќе си барам нова.
Намали благо/џанк фуд скроз - зголеми зелечук и јаткасти плодови, (јади ги дури и наместо оброк) и повеќе вода со лимон + витамин ц ~ 2 грама на ден 4x 500 mg. Друго, цимет јади по 2-3 грама на ден не повеќе од 1 недела до 2 максимум (има кумарин кој се таложи и е токсичен)
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Се прибрав дома и не наидов на многу добри вести. Ми треба некој совет од вас. Имено пред некој ден татко ми беше настинат. Во 3 ноќта му се згадило нешто и пошол да се напие вода ама на пат кон ВЦ паднал во бессознание. Се освестил, пробал да стане и пак паднал. Тогаш мајка ми го слушнала станала го подосвестила и му измерила притисок. Притисокот му бил 60/40. Се напил Кока Кола, го кренал малку и заминале во болница на инфузија. Сега е добар сполај му на Бога, го боли само реброто што го набил при падот, ама притисокот му варира често. Пред да се случи ова тој примаше терапија за висок притисок оти веќе некое време му се движи околу 150-170 со 100-120. Сега некогаш му е висок 160-100, некогаш ќе го намали на 110-70. Инаку во болница му направиле и крвна слика и ЕКГ и демек се е добро. Пред тоа исто имаше правено крвна слика и имаше високи триглицериди (дури 5).
Закажавме комплетен срцев преглед во вторник, ама немам мира некако и не можам да издржам до тогаш за да ги видам резултатите. Имате некој идеја што можело да се случи во организмот за да му се случи тоа што му се случило?
Фала на исцрпниот одговор. Сега се слушнавме со мајка ми и таа ми објасни што и како пиел. Првин пред некое време за регулација на крвниот притисок пиел апчиња Enap ама тие не му делувале и по консултација со кардиолог тој му препишал да пие Piramil (25мг) по половина апче на сабајле. Ги пиел така 2 месеци и по контрола кај кардиолог повторно немало никакви подобрувања и кардиологот му кажал да ги пие истите (Piramil 25mg) само цело апче насабајле и половина на вечер. Никогаш не ги прескокнувал и редовно ја примал терапијата.
Покрај ова пиел и Kalista, ми ги објаснија како апчиња за смирување и за регулација на притисокот исто. Пиел (и уште пие) по половина апче навечер. Нема никакви стресови ниту потреба за нервоза ама ќе го фати вака зимскиот период последниве години нервоза. Јас се мислам дека е middle-age криза. Другите годишни времиња нема нервоза, само зиме знае така во себе да му тлее некој порив. Претпоставувам дека е поради краткиот ден, тој е научен по цел ден да е надвор, после работа да оди да си подработува по нешто во викендица и сега кога ќе се стемни рано го фаќа склет и се нервира. Стварно нема некоја причина за нервоза сполај му на Бога и самиот го признава тоа, ама ете од Март натака почнува турбо работа кај него и се смирува :)
За маснотиите пие Epri навечер по цело апче.

Инаку татко ми е 55 години и никогаш не бил пушач. Пие нормално, пред ручек по 1 ракија и тоа е. Кога јас ќе си отидам дома може да испиеме и по 3-4 ракии или кога ќе бидат со гости, но ништо хронично. Исто ми кажаа сега дека откако 3 пати паднал дома, по примена терапија во болница (инфузија, не знаат што точно примил) на станување да си оди повторно за малку ќе се онесвестел, веднаш пак го примиле назад и измериле дека притисоците му се споени. Му дале уште една терапија и после тоа се оправил. До сега еве 10 дена е одличен да не го урочам, ама му се познава дека се плаши. Посебно го гледам дека е исплашен да седи сам дома подолго време иако тој тоа никогаш нема да го признае.
Друштво пак јас. Ме немаше од Јануари, ама вчера пак се повтори истово од погоре. Беа татко ми и мајка ми на слава кај кумовите ни. Неполн саат од како седнале, татко ми наеднаш рекол дека му се згадило и заповраќало и пошол да излезе надвор. Стигнал до вратата и се онесвестил. Среќа имале многу луѓе на славата па го придржале да не падне. Го ставиле на кревет и веднаш се освестил. Притисокот му бил 100/60. Тој не ни бил свесен што се случило, не знаел дека паднал. Уште ја прима истата терапија како погоре, т.е.
Piramil (25мг) - сабајле цело апче, навечер пола
Kalista - само навечер или пола или цело.

Пола саат до саат пред да тргнат на слава се напил пола Piramil и цело Kalista за да има време да му делува. Таму испил 1 ипол чаша ракија кога му се случило ова. Во меѓувреме од Јануари и последен пат кога му се случи ова беше супер. Беше само уплашен, не сакаше да тргне никаде сам или да остане дома сам од страв да не му се повтори. Таман почна да му поминува стравот и вчера пак.

Инаку тогаш направи комплетна крвна слика и комплетен срцев преглед. Правеше и доплер на срце. Го прашале докоторите со кој спорт се занимава зашто срцето му било перфектно. Имаше малку покачени маснотии во Јануари, ама ги среди, крвната слика последно му беше ко на средношколец. Од Јануари навака имаше и период на изгубен апетит кога ништо не му се јадеше и јадеше со сила, буквално мајка ми го тераше ко мало дете да касне нешто со сила. Изгуби 10 кг во тој период. Последниве 2-3 недели му се врати апетитот и почна да му поминува стравот и еве после вчера не знам сега што ќе се случи.

Не знам кај да барам веќе помош. Докториве велат дека се е во ред, а човекот здрав прав така да се онесвести не може. Плус ме плаши што често патува со кола и не дај Боже да му се случи вакво нешто во возење. Затоа барам совет од вас што би можело да предизвика вакви онесвестувања. Што следно да испита? Кај и да треба, што и да треба ќе појде и ќе испита, само не знаеме што и никој не ни кажува. Матичнава докторка вели дека е се во ред :unsure:
 
Кога е последната крвна слика?
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Кога е последната крвна слика?
Пред неполн месец. И одлична е, се е во нормала. Триглицеридите кои му беа покачени пред Нова Година сега се вратени на нормално ниво.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Пред неполн месец. И одлична е, се е во нормала. Триглицеридите кои му беа покачени пред Нова Година сега се вратени на нормално ниво.
Дај скрин преку пп со сите подгрупи.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Пред неполн месец. И одлична е, се е во нормала. Триглицеридите кои му беа покачени пред Нова Година сега се вратени на нормално ниво.
Компјутер на глава, АБП апарат, холтер...од овие испитување зарем нема ништо направено?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom