- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.757
- Поени од реакции
- 37.754
...некогаш преголемата грижа и страв може да направи спротивен ефект и наместо ние да го подобриме здравјето напротив ќе го влошиме,Друштво пак јас. Ме немаше од Јануари, ама вчера пак се повтори истово од погоре. Беа татко ми и мајка ми на слава кај кумовите ни. Неполн саат од како седнале, татко ми наеднаш рекол дека му се згадило и заповраќало и пошол да излезе надвор. Стигнал до вратата и се онесвестил. Среќа имале многу луѓе на славата па го придржале да не падне. Го ставиле на кревет и веднаш се освестил. Притисокот му бил 100/60. Тој не ни бил свесен што се случило, не знаел дека паднал. Уште ја прима истата терапија како погоре, т.е.
Piramil (25мг) - сабајле цело апче, навечер пола
Kalista - само навечер или пола или цело.
Пола саат до саат пред да тргнат на слава се напил пола Piramil и цело Kalista за да има време да му делува. Таму испил 1 ипол чаша ракија кога му се случило ова. Во меѓувреме од Јануари и последен пат кога му се случи ова беше супер. Беше само уплашен, не сакаше да тргне никаде сам или да остане дома сам од страв да не му се повтори. Таман почна да му поминува стравот и вчера пак.
Инаку тогаш направи комплетна крвна слика и комплетен срцев преглед. Правеше и доплер на срце. Го прашале докоторите со кој спорт се занимава зашто срцето му било перфектно. Имаше малку покачени маснотии во Јануари, ама ги среди, крвната слика последно му беше ко на средношколец. Од Јануари навака имаше и период на изгубен апетит кога ништо не му се јадеше и јадеше со сила, буквално мајка ми го тераше ко мало дете да касне нешто со сила. Изгуби 10 кг во тој период. Последниве 2-3 недели му се врати апетитот и почна да му поминува стравот и еве после вчера не знам сега што ќе се случи.
Не знам кај да барам веќе помош. Докториве велат дека се е во ред, а човекот здрав прав така да се онесвести не може. Плус ме плаши што често патува со кола и не дај Боже да му се случи вакво нешто во возење. Затоа барам совет од вас што би можело да предизвика вакви онесвестувања. Што следно да испита? Кај и да треба, што и да треба ќе појде и ќе испита, само не знаеме што и никој не ни кажува. Матичнава докторка вели дека е се во ред![]()
...твојот татко само направил грешка што се напил лекарства без да го измери моменталниот крвен притисок и направил таква комбинација на антихпертензив со антидепресив зачинето со алкохол !!


= Бомба која ја созадал татко ти во себе која експлодирала моментално кога се споиле сите компоненети предизвикувајќи нагол пад на крвниот притисок и недостаток на крв (кислород) во срцето и недостаток на крв во мозокот со што му се слошило со нагон на повраќање и тука пак татко ти направил грешка со нагло станување од столица до врата со што всушност дополнително ја влошил ситуацијата со спуштање на крвта целосно во долните екстремитети мозокот останал без крв и следува вртоглавица и онесвестување, така да немој да се чудиш, човек може да се онесвести и од силна емоција ако се наоѓа во посебна психолошка состојба како што сигурно се наоѓа татко ти...
...твојот татко пред да оди на слава требал да го измери притисокот, дури и да му бил малку покачен во граница на поднесување не требаше ниту да се напие терапија ако планирал да испие алкохол (макар и чаша) или доколку при мерење на крвниот притисок му бил многу висок требаше само да се напие таблети од група на АЦЕ инхибитори, но не и антидепресив ...
...како тоа идете на гости за убаво, а тој е депресивен? нема логика нели?
...стравот на непознавање на нештата укажува на панично хипохондрично однесување и земањето на лекарства како терапија ,,за секој случај да биде во телото,, не е само погрешно туку ете може да биде и со последици...
...татко ти треба да се ослободи од стравот дека може да умре од срцева болест, сите ќе умрат кога ќе им дојде денот, но не однапред затоа што во негова околина умираат млади можеби негови познаници од кардиоваскуларни инциденти, како секој човек нели, мора да има пореметени некои параметри во телото поради недисциплина од исхрана, физичка неактивност, (пушењето ете го прекина) тоа не значи да делува така со страв и да се напие така лековите ,,да се најдат,, како да се бомбони, оти стравот во телото е лоша работа се ативира вагусот негативно и во организмот и од ништо се создаваат такви видливи симптоми како да постои некоја болест, а всушност нема никаква болест... а денес за разлика од порано каде жената водеше во несвестици денес онесвестувањето е подеднакаво застапено и кај жените и кај мажите зборувам како причина емотивен фактор, психолошка состојба ...
...значи, поработај на психата на татко ти , не велам да биде Рамбо, но некогаш и тоа треба, високиот крвен притисок никогаш не направил беља наедаш, оти дава знаци и тој секогаш е опасен доколку се задржи неколку денови, недели, додека нискиот притисок толку е подмолен веднаш доаѓа до слошување и може да биде фатален поради недостаток на кислород во мозокот, крв во срце, бубрези и сето тоа е поради толкувањето дека - ако имаш висок крвен притисок може да се случи инфаркт или мозочен удар што е тотално неточно и само вградува страв кај човекот, штетноста на високиот крвен притисок е ако и само ако се задржи подолг период -денови, недели тогаш може да биде еден од причинителите на тие кардиоваскуларни инциденти...
...значи татко ти, замисли си, додаде во телото лек против висок крвен притисок без да провери дали воопшто му бил висок во моментот пред да замине на гости, може му бил нормален крвен притисок дури може му бил и низок крвен притисок?? и дополнително си додал лек- антидепресив кој ги шири дополнително крвните садови и сега на гости на сета таа предизвикана хемија на ширење на крвните садови додал и алкохол кој уште дополнително повеќе изреагирало со нагло уште повеќе ширење на крвните садови и на татко ти му се слошило, оти мозокот нема веќе крв центрите реагирале со нагон на повраќање и во тој момент татко ти станал од столица идејќи до врата дополнително усложувајќи ја ситуацијата со што сега дефинитивно сета крв му се слева во долни екстремитети и мозокот поради немање довод на крв направил мал прекин и сето тоа фаворизирано од стравот на татко ти дека ете пак му се слоши и дека ќе се онесвести и сето тоа навистина се случува, затоа што како велиш ти нормален здрав човек не може туку така да се онесвестува, а и притисокот не бил толку низок да колабира, НО ?
...пак ќе кажам комбинацијата на лековите против висок притисок + антидепресив + алкохол + страв вагус реакција = онесвестување !!!
така да ако сакаш да му помогнеш, прво купи му апарат дигитален за мерење крвен притисок, нека самиот си створи навика за мерење и самиот да си дозира според резултатот, слободно може да ги крши таблетите и да биде минимална доза или еднаш дозирано или да ја зголеми или зачести дозата... ниеден организам не е ист и ниеден не реагира исто, а ниеден доктор не може тука да помогне додека самиот не си помогне...
...а тоа антидепресиви фрли ги, не се пијат тоа само онака ,,да се најдат,, во организмот, помогни му, најди му ја слабата точка од што се плаши, шетајте заедно нека се појави машкоста во него, нека се појави храброста како кај секој маж, нека биде Рамбо

Последно уредено: