Па незнам дали ќе ме разбереш (Bodybuilding) ако ти објаснам постручно бидејќи малце е посложено, но станува збор за следниов „напиток“
http://prntscr.com/e8k5l0 од кој се добива максимално забрзано отчукување на срцето и добиваш бла бла бла други работи..., паузава е скоро 2 месеци без додатоците кои ги земав... Имам 20 години
..ај малку да ти објаснам и да внимаваш друг пат,
јас мислам дека делимично сам си одговори на твојот проблем што сам си го направил највероватно без консултации со соодветни стручни лица, за пуста желба да добиеш набилдано тело за кратко време чија последица е добиена блага тахикардија, односно забрзана работа на срцето 90 отчукување во минута, која во други случаеви и кај други луѓе преставува крајна нормала вредност, но не и за тебе затоа што го осеќаш тој вознемирувачки момент што ги дава тие брзи откуцаи,
види ја повторно табелата што ја приложи , гледај странично тие ознаки како крст што мислиш што е тоа ?
лековите со многу силно дејство-отрови venena †† се означуваат со два крста, а лекови со силно дејство означени се со еден крст † како на примерокот твој што го приложи на тоа што си пиел како увод на мускулеста маса која сакаш за кратко време да ја оформиш со стимул (јас како инструктор по аеробик
) ...
Caffeini Anhydrous 250 mg ? на жалост еден од најкористените супстанции за стимулација кај спортистите па и кај бодибилдерите, така да во урината концентрации над 15 mcg / ml се забранети според Светска Спортска Асоцијација што споредбено е како осум шољи кафе да се испијат дента, а тоа што кофеинот е ,,Anhydrous,, тоа значи дека супстанцата е без содржај на вода и тоа значи дека е многу концентриран кофеин со опомена да не се надминува над 200 mg на 24 h би рекла една десетинка од мала лажичка, не сакам понатаму да образложам да не има спротивен ефект во твоето читање, па да се уплашиш наместо во иднина да внимаваш и да знаеш дека си имал голема среќа што ја имаш само ова последица највероватно поради твоето младалачко здраво тело, но не си играј оти пак ќе кажам има доста лоши искуства кај спортистите дури и фатални и проблемите не се само со покачен крвен притисок и тахикардии туку и силни главоболки, гадење, нервоза.....итн
Бодибилдингот не е добивање атлетско тело за кое секое машко сонува за краток период од 3,4 месеци , туку правилно вежбање и дисциплина со здрава исхрана, редовно спиење без цигари, алкохол, кафиња за една година, и после една година ќе се погледнеш во огледало и ќе го видиш твојот резултат !!!
Но? ти со трошење пари на овие суплименти на кој дали се соодветни според состав, според твоја тежина и твоја кондиција затоа што не е исто за сите како да се примени(не си ни профи билдер), ќе посетиш месец дена теретана па наместо 30 кг ќе дигнеш 100 кг и секој 15 мин додека си во теретана ќе се погледнеш на огледало дали бицепсот ти се поправил? (од искуство од присуство во теретана) ќе пиеш суплимент и ќе бидеш како Шварценегер??!!!?
еееее не е баш така !
Што понатаму? остави телото само ќе се смири да се врати самото на нормала, избегнувај малку повеќе све што содржи кофеин,кафе,чоколадо, кафетин таблети, индиски чај ... да се прочисти телото од предозираниот кофеин од што го имаш овој проблем ! ..инаку си здрав како дрен, немај гајле !!!
...stay away from that drinking junk!