Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.380
Можно е да сум спиел незгодно :)
Викаш без секирации а?
...гарант,
прво срце не боли, а најмалку таму каде е сместено како ја лоцираш болката, второ со 16 години прелазот на тинајџерството го имаш ,,со страв,, а најповеќе за дравје, за разлика од друга група тинајџери кои пак се бестрашни и прават пак глупости за докажување,
едноставно во прашање е некој мускул , дали од трчање, вежбање или незгодно спиење... после три дена ќе бидеш како нов !;)
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
На одредени периоди имам покачен крвен притисок, знам дека е од спортот и се што конзумирав но еве правев пауза од кофеин и се ама буквално се, и пак имам забрзано чукање на срцето (пулсот ми е 90+) а притисокот ми е 135+ високио а нискио никогаш не ми е повисок ни понизок од 80... Ако знае некој помош, не сакам да одам на доктор некако не ми е пријатно...
 
а од кој спорт последица?..колку време пауза си направил,а колку време си пиел ,,кофеин,, ? и горе доле која возраст си ? 20 год?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484

Како се раниш?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
а од кој спорт последица?..колку време пауза си направил,а колку време си пиел ,,кофеин,, ? и горе доле која возраст си ? 20 год?
Па незнам дали ќе ме разбереш (Bodybuilding) ако ти објаснам постручно бидејќи малце е посложено, но станува збор за следниов „напиток“ http://prntscr.com/e8k5l0 од кој се добива максимално забрзано отчукување на срцето и добиваш бла бла бла други работи..., паузава е скоро 2 месеци без додатоците кои ги земав... Имам 20 години :(

Како се раниш?
Оброк број 1 одма после хигиената ми е 100 грама овесни во блендер со whey протеин, аронија, банана, декстроза, путер од кикирики, вишни. Оброк број 2 околу 10 часот: 3 јајца сега поради потреба од маса со виршли и изварка пржени во маслиново масло. Оброк број 3 околу 13 часот: Стек со компири и „златна мешавина“, тренинг во 14:30, шејк со whey протеин и декстроза, 16:30 туна со ориз и домата, вечера сирење/кашкава со црн леб најчесто и некое чадено месо...
 
Избаци се што е пржено, намали на сол и месо, зголеми зеленчук овошје и јаткасти плодови. Почни да пиеш и магнезиум и витамин ц.
 
Последно уредено:

..ај малку да ти објаснам и да внимаваш друг пат, :pistoldz:
јас мислам дека делимично сам си одговори на твојот проблем што сам си го направил највероватно без консултации со соодветни стручни лица, за пуста желба да добиеш набилдано тело за кратко време чија последица е добиена блага тахикардија, односно забрзана работа на срцето 90 отчукување во минута, која во други случаеви и кај други луѓе преставува крајна нормала вредност, но не и за тебе затоа што го осеќаш тој вознемирувачки момент што ги дава тие брзи откуцаи, :несвест:
види ја повторно табелата што ја приложи , гледај странично тие ознаки како крст што мислиш што е тоа ?
лековите со многу силно дејство-отрови venena †† се означуваат со два крста, а лекови со силно дејство означени се со еден крст † како на примерокот твој што го приложи на тоа што си пиел како увод на мускулеста маса која сакаш за кратко време да ја оформиш со стимул (јас како инструктор по аеробик :D) ...
Caffeini Anhydrous 250 mg ? на жалост еден од најкористените супстанции за стимулација кај спортистите па и кај бодибилдерите, така да во урината концентрации над 15 mcg / ml се забранети според Светска Спортска Асоцијација што споредбено е како осум шољи кафе да се испијат дента, а тоа што кофеинот е ,,Anhydrous,, тоа значи дека супстанцата е без содржај на вода и тоа значи дека е многу концентриран кофеин со опомена да не се надминува над 200 mg на 24 h би рекла една десетинка од мала лажичка, не сакам понатаму да образложам да не има спротивен ефект во твоето читање, па да се уплашиш наместо во иднина да внимаваш и да знаеш дека си имал голема среќа што ја имаш само ова последица највероватно поради твоето младалачко здраво тело, но не си играј оти пак ќе кажам има доста лоши искуства кај спортистите дури и фатални и проблемите не се само со покачен крвен притисок и тахикардии туку и силни главоболки, гадење, нервоза.....итн :yid:
Бодибилдингот не е добивање атлетско тело за кое секое машко сонува за краток период од 3,4 месеци , туку правилно вежбање и дисциплина со здрава исхрана, редовно спиење без цигари, алкохол, кафиња за една година, и после една година ќе се погледнеш во огледало и ќе го видиш твојот резултат !!!
:zver:
Но? ти со трошење пари на овие суплименти на кој дали се соодветни според состав, според твоја тежина и твоја кондиција затоа што не е исто за сите како да се примени(не си ни профи билдер), ќе посетиш месец дена теретана па наместо 30 кг ќе дигнеш 100 кг и секој 15 мин додека си во теретана ќе се погледнеш на огледало дали бицепсот ти се поправил? (од искуство од присуство во теретана) ќе пиеш суплимент и ќе бидеш како Шварценегер??!!!? :neetaka:
еееее не е баш така !
Што понатаму? остави телото само ќе се смири да се врати самото на нормала, избегнувај малку повеќе све што содржи кофеин,кафе,чоколадо, кафетин таблети, индиски чај ... да се прочисти телото од предозираниот кофеин од што го имаш овој проблем ! ..инаку си здрав како дрен, немај гајле !!! ;)

...stay away from that drinking junk! :duel:
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Фала ти за деталното објаснување и одвоеното време, сите работи ми се добро познати бидејќи нели Рим не е изграден за 1 ден... Ќе те послушам за советите, и нормално „pre-workout-от“ оди OUT :oleee:!

Избаци се што е пржено, намали на сол и месо, зголеми зеленчук овошје и јаткасти плодови. Почни да пиеш и магнезиум и витамин ц.
Ќе внимавам, најверојатно ќе треба да средам диета каде што поголем дел од протеините ќе ги внесувам преку бадеми... Што мислиш за омега 3 како додаток плус на витамин ц и магнезиум, цинк и Б6? Исто и на тебе ти благодарам многу за советов :oleee:!

--------------------------------------------------------------
Дали кардио би било добро да се практикува во периодов на одмор мислам нормално дека е добро но дали ќе додаде некој додатен ефект?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
u posledno vreme na momenti srcevo mi cuka premnogu jako duri mozam jasno da gi slusnam otcukuvanjata a promena u brzina nema..sto bi mozelo da bide?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.380
u posledno vreme na momenti srcevo mi cuka premnogu jako duri mozam jasno da gi slusnam otcukuvanjata a promena u brzina nema..sto bi mozelo da bide?
...ништо, ти кажува дека е тука и дека добро работа, само да не прегладнуваш и нагло да се прејадуваш и нема толку силно да го слушаш, така ти вели тоа ;)
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
...ништо, ти кажува дека е тука и дека добро работа, само да не прегладнуваш и нагло да се прејадуваш и нема толку силно да го слушаш, така ти вели тоа ;)
jadam umereno, pulsot mi e 60 otcukuvanja u minuta, edino jako sto tropa malku me voznemirue.
edinstvena promena e sto pocnav povekje kafinja da pijam posto imav mn obvrski periodov i spienjeto go izvadiv od balans, ako ima toa nekakva vrska so konkretniov problem?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.380
jadam umereno, pulsot mi e 60 otcukuvanja u minuta, edino jako sto tropa malku me voznemirue.
edinstvena promena e sto pocnav povekje kafinja da pijam posto imav mn obvrski periodov i spienjeto go izvadiv od balans, ako ima toa nekakva vrska so konkretniov problem?
... сосема точен одговор на твоето прашање... тоа е тоа, кофеинот си го прави своето, дополнително со скратено спиење односно несоница, пробај обврските де ги решиш со замена на кафето со некој чај, твој омилен (само не индиски односно зелен чај) мајчина душица или камилица би било иделано, за шмек додај малку рум или мед, а проблемите со добар сон во предходната вечер се решаваат побрзо... пробај да го исфрлиш пушењето на цигари доколку ти се омилени :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ќе внимавам, најверојатно ќе треба да средам диета каде што поголем дел од протеините ќе ги внесувам преку бадеми... Што мислиш за омега 3 како додаток плус на витамин ц и магнезиум, цинк и Б6? Исто и на тебе ти благодарам многу за советов :oleee:!
--------------------------------------------------------------
Дали кардио би било добро да се практикува во периодов на одмор мислам нормално дека е добро но дали ќе додаде некој додатен ефект?
Не преку бадеми, преку семки од тиква, подобар протеин 3x поефтини. Ти препорачувам и сусам интегрален, и ленено семе - мелени сите 3 да бидат во протеински шејк ако пиеш - не над 100 грама на ден, и во храна ставај ги.

Омега 3 ќе зимаш од лененото, или од страна оваа тука како таблети што ја продаваат е занигде и не ја препорачувам. Кардио е топ секогаш, сем ако немаш проблем со холестерол и висок притисок за жал.

B6 соло не, б комплекс купи си од крка, после доручек и ручек.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Нешто против пукнати капилари околу десната јаболчница ? Постојат ли нешто кремови или слично ? Или да си одам на дерматолог ?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Нешто против пукнати капилари околу десната јаболчница ? Постојат ли нешто кремови или слично ? Или да си одам на дерматолог ?
Ретина крем барај - ретинол. Исто така витамин ц зголеми внес, како и сусам (интегрален) ораси и ленено семе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.

Kajgana Shop

На врв Bottom