Дежурна Ординација! #2

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
За шо се овие апчиња ? Патем ова снимањето на хранопроводот како се врши ? ми спомнаа дека како цефка низ устата ќе треба да ми пикаат ? :tapp:
Прегледот на хранопроводот се прави со ендоскоп, да, тоа е цевка, еве види како изгледа. Не можам да кажам дека процедурата не е непријатна, ама не е нешто што е посебно страшно. Само не треба да пиеш вода, ниту да јадеш околу 10-12 саата пред процедурата, но тоа сигурно ќе ти го објаснат или веќе ти го објасниле.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Се повредив на ФЗО - сега кога ја кревам десната рака многу ме боли како и жила на шијата. Некој лек или да си идам на сликање?
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Значи чуствувам стегање во градите и немање на воздух скоро 1 година,ми текна да прашам и за кикиритките ама не е до нив ваљда ептен ги јадам,а ова стегањето е нон стоп не е само кога јадам кикирики.
Бев да ми го снимат срцето се е океј,сеа ќе треба да одам да ми го снимат храно-проводот бидејќи кога јадам се заморувам ептен снемувам воздух,па правам паузи :confused:
Ако си под стрес исто така можат да се случат вакви симптоми, алергијата неможе никој да ја дефинира кај различни луѓе се јавуваат разни реакцинии, но не е од алергија, барем јас мислам така. Дали на моменти осеќаш биење на срцето, немора да е тахикардија во прашање туку само да го осеќаш и гледаш како ја помрднува маицата што ја носиш, јас сметам дека големи се шансите ова што ти се јавува да поради стрес... сепак следи си ги испитувањата што ти биле препорачани поздрав
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ако може некој совето ве молам..
Значи ме боли петицава и глуждот на деснава нога, веќе 1 недела , дали е од шо играм на фудбал де на трева, де в сала , де на асфалт?
И што треба да правам за да ми помини или само да одмарам?
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Ако може некој совето ве молам..
Значи ме боли петицава и глуждот на деснава нога, веќе 1 недела , дали е од шо играм на фудбал де на трева, де в сала , де на асфалт?
И што треба да правам за да ми помини или само да одмарам?
Ако нема отоци и силни болки, можеш само да одмораш, и нема да има проблем :)
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Значи чуствувам стегање во градите и немање на воздух скоро 1 година,ми текна да прашам и за кикиритките ама не е до нив ваљда ептен ги јадам,а ова стегањето е нон стоп не е само кога јадам кикирики.
Бев да ми го снимат срцето се е океј,сеа ќе треба да одам да ми го снимат храно-проводот бидејќи кога јадам се заморувам ептен снемувам воздух,па правам паузи :confused:
вака спорд мене даваш симптоми и од респиаторно и гастроезофагално потекло што би можело да зборува за некаков вид на блокада т.е притисок на дишните и дигестивните органи, јас би се посомневал на тироидна гуша, затоа би било добро да знам дали имаш чуство на стегање околу вратот, или нешто во таа регија, и дали си правел испитувања за тироидни хормони ?
 
П

Пепси_

Гостин

На градите,стомакот тој дел осеќам гушење,стегање (незнам точно ниту јас како да го објаснам) а во делот на вратот нема ништо. Е сега најчесто кога јадам се јавува екстремно тоа стегање во градите. Кога лежам најчесто пред спиење и после спиење (кога сум во легната положба) тоа стегање е во по блага форма ама сепак го има,но кога ќе станам од креветот веднаш се зголемува.
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
На градите,стомакот тој дел осеќам гушење,стегање (незнам точно ниту јас како да го објаснам) а во делот на вратот нема ништо. Е сега најчесто кога јадам се јавува екстремно тоа стегање во градите. Кога лежам најчесто пред спиење и после спиење (кога сум во легната положба) тоа стегање е во по блага форма ама сепак го има,но кога ќе станам од креветот веднаш се зголемува.
не би било лошо да направис езофагогастроскпија можеби имаш некакво стеснување на хранопроводот или гастроезофагеален рефлукс(тоа е состојба кога од киселините од желудникот се оштетува и долниот дел на хранопроводот најпросто кажано )
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Ај јас да прашам нешто, не знам дали е за тука ама може ќе знаете да ми одговорите. Значи фацава ми гори цел ден. Не е прв пат. Само на фаца ми е топло, собава е ладна, нема греење, рацеете ми се смрзнати. Едно време претпоставував дека е од мониторот ама ми се има случено кога ќе станам од спиење да ми биде така, еве денес не седев нешто многу пред пц и пак исто.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Подолго време имам мигрена и тоа на периоди, понекогаш немам по 1 месец, после ми се јавува секој ден, па секој втор ден. Порано не пиев таблети, сега почнав со Суметрин ќе се напијам 100mg и болката ќе се сведе на некој оптимум кој може да се издржи.Несакам да пијам поголема доза. Дали овој лек предизвикува проблеми во организмот после подолга употреба, или пак евентуално зависност. И дали може со природна медицина некако да се ублажи мигрената?

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Дајте кажувајте некој лек.Од август месец сум цело време настинат.Немам ништо на градите се е во грлото.Имам пробано се антибиотици,апчиња против алергии,кортико стероиди,дексометазон,сирупи за кашлање,имуностимулатори,витамини и слично ама нема ефект.Имам направено брис на шлајм нема ништо чисто е.Имам направено крвна слика се освен MCV (среден корпускуларен волумен) и MCH (среден корпускуларен хемоглобин) e во нормала.Бидејќи леукоцитите се во нормала тоа би требало да укажува дека нема никаква инфекција.Исто со крвната слика проверив и CRP кое испадна негативно значи нема воспаленија.Пред скоро време ми спомнаа дека можеби е атипична пневмонија која што е потешка за откривање и не реагира на вообичаените антибиотици.Некои од симптомите се поклопуваат меѓутоа поголем дел воопшто ги нема како температура,главоболка,омалаксаност,суво грло и слично.Да напоменам дека не сум пушач ниту пак поминувам многу време во просторија каде се пуши.
 
а претходно прелеѓан бронхит или пневмонија ?
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Бронхит да во февруари a пневмонија досега не.
обичо посериозно прележаните бронхопневмонии посебно оние хроничните иако не даваат повеќе фебрилен синдром или било каква симптоматологија знаат да заради намален имунитет лесно да рецидивираат, т.е повторно да се јави инфекција
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
обичо посериозно прележаните бронхопневмонии посебно оние хроничните иако не даваат повеќе фебрилен синдром или било каква симптоматологија знаат да заради намален имунитет лесно да рецидивираат, т.е повторно да се јави инфекција
Не беше ништо сериозно само мал бронхит помина за 3-4 денови.Не верувам да е од тоа.Кога земам воздух преку устата кога вдишувам подлабоко слушам некакво шушкање од грлото некаде кај штитната жлезда и кога повеќе пати ќе земам воздух преку уста ме тера на кашлање.Немам крајници извадени ми се пред 12 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom