Дајте кажувајте некој лек.Од август месец сум цело време настинат.Немам ништо на градите се е во грлото.Имам пробано се антибиотици,апчиња против алергии,кортико стероиди,дексометазон,сирупи за кашлање,имуностимулатори,витамини и слично ама нема ефект.Имам направено брис на шлајм нема ништо чисто е.Имам направено крвна слика се освен MCV (среден корпускуларен волумен) и MCH (среден корпускуларен хемоглобин) e во нормала.Бидејќи леукоцитите се во нормала тоа би требало да укажува дека нема никаква инфекција.Исто со крвната слика проверив и CRP кое испадна негативно значи нема воспаленија.Пред скоро време ми спомнаа дека можеби е атипична пневмонија која што е потешка за откривање и не реагира на вообичаените антибиотици.Некои од симптомите се поклопуваат меѓутоа поголем дел воопшто ги нема како температура,главоболка,омалаксаност,суво грло и слично.Да напоменам дека не сум пушач ниту пак поминувам многу време во просторија каде се пуши.