Дежа ву - Дали некогаш ви се случило?

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
oooooooo ептен интресна работа =) ми се има случено неколку парти и обично дури сум на училиште ... некои муабети шо си ги прам со децата ...и одма слики и муабетот во глава ми иди =) И срцево ми залупува 300 на сат ... ептен убаво чуство е :vozbud::vozbud::vozbud:
Вервај ама не е јако да ти се случува често и долго :)
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Вервај ама не е јако да ти се случува често и долго :)
можеби .. мене тоа не ми се случува често .. ама претпоставувам , како што рече .. не е баш пријатно .. зошто иди како филм во кој не сакаш да влезиш а веќе си таму .. гледаш се сеќаваш а не можиш никако да објасниш .. тогаш е тешко .. премногу измачува .. толку многу мисли
 
M

M del Mar

Гостин
Значи се случува на пример еден период (месец најмногу) воопшто да немам дежа ву, меѓутоа после тоа последователно имам секој ден и тоа неколку пати во денот....:nesvest: непријатен филинг :jaj:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Па знае да ми се случи неколку пати во годината. Не е којзнае колку често, ама има некој посебен филинг кога ќе ти се случи тоа. Незнам како да го објаснам, кога ќе почне тој момент знаеш веќе што ќе се случи следно:)
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ми се има случено премногу пати , да не претерам најмалку два пати во неделата. не се опишува тоа чувство кога знаеш што ќе се случи се ти е познато, всушност како сето тоа веќе да го има поминато како да ми е во сеќавање, а исто така мислам дека сум телепатски поврзан со мојот прв братучед. некогаш кога сме заедно и двајцата знаеме што ќе се случи. но не можеме да го кажеме тоа многу чудно како да го губиме гласот . баш сакам да раскажете некои а случки во врска со ова :D
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
3
Малце чудно размислување морам да признаам од причина дека, според мене дежавуто трае секунда највеќе нека е - една слика (или можеби кај мене е толку) и затоа не верувам дека знаеш како ке заврши ситуацијата? навистина чудно...
А се сложувам дека и кај мене се качува адреналинот кога ке доживеам таква ситуација, едноставно сум насмеан од 6-6 шо се вика......

Сакам да додадам во склоп на темава за тоа дали можеби постои човек кој може да ја стави под контрола оваа појава (а со тоа и многу придобивки следуваат секако) или пак начин да се постигне тоа (можеби некој учител за тоа)
Сеуште намам чисти мисли за идејава ама и не ми е тоа целта, него сакам да слушнам туѓи мислења за ова. Вака можеби изгледа чудно апстракно ама држи вода накако?!

Мене кога ќе ми се случи дежа ву исто така трае не помалку од три секунди. И можам да видам што ќе се случи понатака. некогаш се случува истото а некогаш с еслучува сосема различно.:S
 
F

FuckYouAll

Гостин
Mи се има случено многу пати, трае не повеќе од 2-3 секунди и најчесто ми се случува кога
сум со друштво, и ако сум зборувал во тој момент, зачутувам како недоветен. :D
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Мене ми се нема случено тоа...можам да претчувствувам дека нешто ке се случи но дежа ву ми се нема десено.....
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Да , ми се има случено и тоа во последно време се почесто .. Не сум ни свесен дека ми се дешава , туку одеднаш ми дојде , и кога ќе се случи првите десетина секунди , сум као : WTF ?! , ме фаќа некое чудно чуство , проследено со луство дека личноста или дешавката ми се има случено предходно ..

Лично мислам дека дежа-ву доживувам поради соновите ..
 
H

HITCH

Гостин
Мене ми се нема случено тоа...можам да претчувствувам дека нешто ке се случи но дежа ву ми се нема десено.....
И јас имам премногу силна интуиција.

Ми се случило многу пати да има „повторување“ на некоја случка, ама не обрнувам посебно внимание :toe:
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
253
Поени од реакции
12
Порано ептен ретко ми се случуваше,еднаш во 3-4 месеци ама во последно време многу често ми се случува. И нее баш некој јак филинг :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ми се случува од време на време, да ми дојде некое чувство дека разговорот веќе сум го водел, ама не верувам во некои натприродни и необјасниви работи, туку едноставно сметам дека ми се причинило.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Лично мислам дека дежа-ву доживувам поради соновите ..
исто и јас. често ми се дешава дежа-ву и после ми текнува дека имам сонувано нешто такво :) како и да е не верувам дека има нешто посебно околу тоа :/
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
94
Поени од реакции
29
мене ми се дешава се да си биде ок, и само наеднаш добивам чувство околу одредена работа, ситуација, или личност како да ми се има веќе десено тоа...но трае толку кратко што не сум сигурна ни дали е дежа ву или не...исто така, ми се случува многу често, секоја недела по два пати...ја имав истата теорија дека се всушност спомени од минатиот живот, но таа теорија ми потона у вода, зашто дежа вуто обично ми се многу неповрзани нешта...
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Имам доживеано честопати Дежа ву, секогаш кога ќе ми се случи веќе виденото право застанивам и почнувам да размислувам и се ми е така чудно ( нели веќе видено ) и си велиш дали е можно да се случи тоа што се счучи...и така едно 5-6 минути ќе си размислувам доколку некој не ме подчукне од страна да ми каже " каде леташ "
Инаку интересно искуство е. И уште нешто гледајте го филмот со Denzel Washington ќе ви се бендиса доколку сте љубител на овој феномен :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom