Алфа банка со нов депозит
Со каматни стапки од 13 отсто за орочени денарски депозити и осум отсто за тие во евра Алфа банка го понуди на пазарот новиот производ, таканаречен „Алфа прогресивен депозит“, соопштија од банката.
Станува збор за орочени пари на 12 месеци, каде што банката секој месец ќе ја префрла каматата од депозитот на трансакциската сметка на клиентот, без никаква провизија. Граѓаните може да го подигнат целиот депозит во кој било месец од тие 12 месеци без да плаќаат казнени поени. Каматата за депозитите е фиксна, при што минималниот износ за орочување е 30.000 денари или 500 евра.
Uhuuu se zaostruva borbata osum posto i ne e loso