нели народот немаше за леб, плата била 150 евра а извршители им тропаа на врати
Да тоа што го рече важи за 70 можеби 80% од населението...
според ММФ 150,000 луѓе живеат со помалку од 40 Денари на ден, или 300,000 живеат со помалку од 2$ на ден! Владината ’’Нова Македонија’’ пишуваше за еден милион Македонци кои немаат за редовен здрав оброк...
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101613841135&id=10&setIzdanie=23003 цит:
Дури 1,1 милион граѓани на Македонија, или 55 отсто од вкупното насeление, не можат да си дозволат секој втор ден да платат јадење со месо, риба или соодветен вегетаријански оброк, покажува последната анкета на Државниот завод за статистика за обесправени лица во однос на одредени материјални потреби.....(завршен цит.)
Останатите “гладни“ ММФ и СБ велат дури 450,000 на број, за една деценија се иселива од овде... Мислиш дека оваа структура на граѓани се штедачи во банките? Токму оваа социјална структура како велиш со плата од 150Евра, соочени со гол опстанок (едвај да се прехранат) соочени со неплатени сметки и “борба“ со извршители....
Да, не велам дека во некои други времиња нешто некој спечалил, дури некои и во Социјализмот (не беа сите на работа во Центро, МЗТ или Стаклара....) имаше и тогаш добри плати, некои од наследство некои од продажба на имот во село куќа, стан, пари спечалени во странство.... или цца 2% граѓани со поголеми примања денес, или уште поретко некој чесно со успешен бизнис... другото клептократска багра збогатени преку ноќ со тендероманијата и партократијата која владее подолго време (гледаме како се расфрлаат со станови, џипови во вредност на четворособен стан, плацеви по Водно, Козле, Црниче... вомилионски суми и исто такви сметки во банките разбира се... зборам за третиот ешалон, оние од првиот (дури некои и од вториот) тие воглавно ’’штедат““ на Белизе или некои други дестинации....
Но како што реков да се чудиш има па дури и понекој чесен случај меѓу штедачите со по 30-40-50К или појќе Евра... секако во процент од вкупниот износ на заштеди на граѓаните можеби изразен во едноцифрена бројка!