Да и помогнеме на Ева!

M

Moon Child

Гостин
Добро, има некој точна информација дали сите пари кои се донирани стасале на сметките на семејството? Ако да, тогаш е во ред. Никој не бара сметкопотврди и отчет за парите. Ако не, тогаш има проблем и постои веројатност за измама.
Телевизија 24 вести објави дека според неофицијални сознанија за малата Ева досега се собрале 20 илјади евра. Oвие пари, според сознанијата на телевизијата не биле потребни бидејќи биле веќе уплатени. Денеска случајот е пријавен во полиција, во јавното обвинителство и во министерството за труд и социјала.
Документот, како што објави 24 вести има фалсификуван потпис од директорката на Клиниката по детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова.
Авторката на истражувањето Мери Јордановска утврдила дека адресата и телефоните на овие документи што ги објави семејството, не се совпаѓаат со податоците на бугарската болница каде што Ева била лекувана поради проблеми со срцето.
Таткото на Ева, Дејан Илиевски од Куманово, на официјалната страна на фејсбук за помош на неговата ќерка, минатата недела од граѓаните барал првично да донираат 2.100 евра, за Ева итно да биде оперирана. Но, и од скопската детска клиника и од бугарската, тврдат дека Ева треба да се оперира евентуално после една година.
Таткото на Ева досега се нема појавено во јавноста. Тој денеска за 24 Вести во телефонски разговор конфузно изјави дека станува збор за недоразбирање и дека денеска ќе оди во Бугарија за да види во што е проблемот.
За случајот со евентуалната измама за собирање пари за болно дете, во постојан контакт се двете клиники во Скопје и во Софија. Од Клиниката за детски болести и од Фондот за здравство со информација ќе излезат во текот на денот.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Неможе некој друг да ги отворил сметките или броевите за донација, кога се истите како на почетокот. Им требало пари за понатамошно лекување, ги фаќа паника, и измислуваат нешто страшно и скандалозно, као демек Ева сеуште умира, за да се реактивира донацијата...
Ако се навистина за малата, мене ич не ми е гајле за парите, и за кашички да ги потрошат (немора за лекови) ама за неа да бидат...
Тоа е, што може да направат прости луѓе, само да не им го земат детето оти тек тогаш ќе ја удираат главата од ѕид.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Телевизија 24 вести објави дека според неофицијални сознанија за малата Ева досега се собрале 20 илјади евра. Oвие пари, според сознанијата на телевизијата не биле потребни бидејќи биле веќе уплатени. Денеска случајот е пријавен во полиција, во јавното обвинителство и во министерството за труд и социјала.
Документот, како што објави 24 вести има фалсификуван потпис од директорката на Клиниката по детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова.
Авторката на истражувањето Мери Јордановска утврдила дека адресата и телефоните на овие документи што ги објави семејството, не се совпаѓаат со податоците на бугарската болница каде што Ева била лекувана поради проблеми со срцето.
Таткото на Ева, Дејан Илиевски од Куманово, на официјалната страна на фејсбук за помош на неговата ќерка, минатата недела од граѓаните барал првично да донираат 2.100 евра, за Ева итно да биде оперирана. Но, и од скопската детска клиника и од бугарската, тврдат дека Ева треба да се оперира евентуално после една година.
Таткото на Ева досега се нема појавено во јавноста. Тој денеска за 24 Вести во телефонски разговор конфузно изјави дека станува збор за недоразбирање и дека денеска ќе оди во Бугарија за да види во што е проблемот.
За случајот со евентуалната измама за собирање пари за болно дете, во постојан контакт се двете клиники во Скопје и во Софија. Од Клиниката за детски болести и од Фондот за здравство со информација ќе излезат во текот на денот.
Значи не е ихтиза, има време и средства за детето. Одлично. Ако е така, Дејан Илиевски самиот треба да се обрати до медиумите, да се заблагодари и да излезе со јасна и конечна информација. Нема што да биде во конфузија ако детенцето е вон секаква опсасност и ако парите за операција се обезбедени. Тоа е најмалку што може да го стори за да се избегне конфузијата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Леле ....да им се одземело детето зашто собрале повеќе пари отколку што требале ...

Сериозно , не ми прави разлика и да собрале повеќе отколку што требале и да изманипулирале некој и да не изманипулирале ....јас кога и колку сум можел сум донирал - мене ми е чист образот.

Се најдобро за малата и нејзиното семејство. (без разлика дали имало измама или не).

Позз
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Значи не е ихтиза, има време и средства за детето. Одлично. Ако е така, Дејан Илиевски самиот треба да се обрати до медиумите, да се заблагодари и да излезе со јасна и конечна информација. Нема што да биде во конфузија ако детенцето е вон секаква опсасност и ако парите за операција се обезбедени. Тоа е најмалку што може да го стори за да се избегне конфузијата.
Штом не е ихтиза, иншала ќе има и меремет. Анџак ова многу терсене испадна на крај.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Штом не е ихтиза, иншала ќе има и меремет. Анџак ова многу терсене испадна на крај.
Пеки, ама „анџакот“ не ујдисуе во ѓурултијава. Шо би рекол стрико ти Бертранд, “фрчи у контекст“. Се стори бајаги калабалак за некој шиќар да праи. Бадијала саглам намус, ако не се знае сајбија.

Него шо ти го спомнав стрико ти Бертранд. Ги сретнав Шабан Шаулиќ, Микеланџело и Бертранд Расел на Зелено пазарче. Купуев зајре за имам бајалди. Нешо беа напиздени ради некој зулум арамија шо им крадел кадра без изим. Замисли арамилак без усул, бреј!
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Пеки, ама „анџакот“ не ујдисуе во ѓурултијава. Шо би рекол стрико ти Бертранд, “фрчи у контекст“. Се стори бајаги калабалак за некој шиќар да праи. Бадијала саглам намус, ако не се знае сајбија.

Него шо ти го спомнав стрико ти Бертранд. Ги сретнав Шабан Шаулиќ, Микеланџело и Бертранд Расел на Зелено пазарче. Купуев зајре за имам бајалди. Нешо беа напиздени ради некој зулум арамија шо им крадел кадра без изим. Замисли арамилак без усул, бреј!
Елбете, се нашле луѓето текран. И дамбетер имам видено. Безбели на арно ќе е. Туку апансас ми дојде ова све, а и онака јас со такви аџамии не се дружам.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.460
Поени од реакции
11.387
Документите со кои семејството на малата Ева бара помош од 25.000 евра за нејзино лекување се фалсификувани, пренесува телевизијата 24 вести...
Директорката на Клиниката по детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова за 24 Вести остро демантирала дека болницата ги бара тие пари за лекување на 4 месечната Ева.
Адресата и телефоните на документите што ги објави семејството, не се совпаѓаат со податоците на бугарската болница каде што Ева била лекувана поради проблеми со срцето. Не се совпаѓа ниту датумот – 23 август – ден кога четиримесечното бебе веќе 13-ти ден било на скопската клиника, пренесува телевизија 24 вести.
„Тоа е еден документ кој не гласи на нашата болница, тоа не е мој потпис за некакви пари кои се бараат од некаде, не знам за што. Објаснувањето е следно. На детето му направивме се што е неопходно, за жал се појавија некои компликации и заедно со родителите се согласивме дека колегите во Скопје може да се справат со тоа и нема зошто да се малтретираат, зошто во овој момент нема што хируршки повеќе да се направи, затоа детето се врати во Скопје“ изјавила за 24 вести Маргарита Цонзарова, директорка на Клиника по детска кардиологија.
Од Фондот за здравство велат дека за трите операции на Ева во Бугарија, државата веќе платила 25.000 евра, а семејството партиципирало со 20 отсто. До 10-ти август, кога Ева била донесена во Скопје, подмирени биле сите трошоци кон бугарската клиника.
Случајот ќе биде пријавен во МВР и кај Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни сомнежи за намената на финансиските средства.
Откако 24 вести го објави случајот таткото Дејан Илиевски за Канал 5 тврди дека и покрај тоа што била направена операција потребни биле пари да се продолжи лекувањето на девојчето. Признава дека целата ситуација со собирање пари излегла од контрола, но не по нивна вина, бидејќи се појавиле многу лица кои собирале пари за Ева без нивно знаење и на други сметки покрај онаа која тие ја објавиле. Илиевски најави дека утре со неговата сопруга ќе одел во Софија за лично оттаму да ги побараат оригиналните документи за лекувањето на девојчето и да утврдат што точно се случува.
Ева е на скопската клиника веќе 17 дена, а наредната операција евентуално би требало да се прави по првата година од животот.
Доколку се потврди дека станува збор за злоупотреба и измама тимот на превентус.мк им се извинува на сите читатели кои донирале. И ние активно се вклучивме во кампањата сакајќи да помогнеме. Се уште е неизвесно колку пари се собрани преку телефоните за донирање и банкараската сметка и што ќе се случи со собраната сума.

извор: preventus.mk
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Почна истрага за донациите за Ева, семејството со нова верзија за случајот

28.08.2012 | 18:45
Прочитано: 280

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за труд и социјална политика постапуваат по случајот со собирањето донации за 4 месечната Ева, која беше оперирана во Бугарија поради проблеми со срцето.

Сомнежите се дека биле злоупотребени парите кои граѓаните со месеци ги донираа на сметката на родителите и на броевите за донации на трите мобилни оператори. Родителите на Ева, иако тврдеа дека ќе го пријават случајот, тоа до денеска не се случи. Полицијата почна истрага по пријава на директорката на клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова и по вчерашната изјава од бугарската клиника во која се вели документот со кој се бараат дополнителни средства е фалсификуван.

- Ние никакви пари не сме барале од нив. Тоа писмо е фалсификувано, не е потпишано од мене, не излегло од нашата клиника, ниту телефоните се веродостојни ниту печатот е наш, не знам кој го направил и со каква цел. Никакви пари не треба да се собираат и ние не сме барале никакви дополнителни средства – изјави вчера Маргарита Цонзарова, директорка на Клиниката за детска кардиологија во Софија.

Во меѓувреме, родителите на малата Ева, излегоа со нова изјава – дека страницата на Фејсбук „Апел за помош на Ева“ е хакирана и дека не знаат кој барал парична помош во нивно име.

Еве како течеше разговорот со мајката на Ева, Елена Илиевска.
- Зошто вие баравте пари за лекување кога тоа веќе било покриено од Фондот за здравство?

- Тоа не баравме ние туку заедницата помош за малата Ева.
- А кој ја има формирано ако не вие? Таму стоеја ваши тел. броеви...
- Наши телефонски броеви за контакт, а телефонските што се за Ева за донации, тие траат три месеци.
- Меѓутоа кој ја отвори таа страница ако не вие?
- Ние ја отворивме, меѓутоа не знаеме кој ја блокира и сега ние немаме пристап.

А еве што ни изјави таткото Дејан Илиевски:
– Тоа Апел за помош на малата Ева кој се крие, позади таа заедница , не знам.
- Господине, значи јас имам принстскринови од таа страница каде што има имиња и презимиња на лица кои донирале на вашата сметка... до вашата сметка претпоставувам имате пристап само вие...
- Кој раководел или раководи и го избришал “Апел за малата Ева”, јас во среда и четврток ќе викнам да дојдат да видат што се случува со компјутерот.

Оваа страница вчера беше избришана, а исчезна и документот за кој бугарската клиника тврди дека е фалсификуван. Се уште е активна страната за помош за малата Ева, каде јасно се гледа што е напишано на 21 август: “Малата Ева се спрема за пат... пат од кој може никогаш нема да се врати... или ќе се врати како победник“.

Во овој период, малата Ева веќе 11 ти ден е на скопската Клиника и нема никакви најави дека треба да тргне на пат. Софијанова за 24 вести изјави дека операцијата – затворање на отворите на срцевите комори треба евентуално да се прави дури после една година, но и тогаш Фондот за здравство би ги покрил трошоците.

На бугарската клиника за лекување на Ева биле платени 25.100 евра во три наврати: Прво 14.600, потоа 4.900 и на крај 5.600 евра. На 10-ти август сите трошоци за лекување на Ева се покриени – 80 отсто од Фондот, а 20 отсто од родителите. Оттаму, неизвесно останува за што всушност собирале пари родителите на Ева и кој се крие зад документот од 23 август, во кој се тврди дека бугарската клиника бара уште пари за лекување. Останува на МВР побрзо да го расветли случајот, со цел да се врати довербата на граѓаните во повиците за хуманост и за донации.

http://www.24vesti.mk/pochna-istraga-za-donaciite-za-eva-semejstvoto-so-nova-verzija-za-sluchajot
--- надополнето: 28 август 2012 во 19:05 ---
Страшно страшно!
Не знам зошто сега криват други, кога тие сами бараа помош, кога тие сами пишуваа дека Ева има уште само 10 дена живот?!
Како би можел да биде некој друг кога парите легнувале на нивна сметка?!

Се надевам дека ќе се расветли случајов... Навистина жалосно ова што се случува...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Почитувани спасители на малата Ева.... За состојбата на малата Ева секојдневно известуваме на фејсбук профилот http://www.facebook.com/pomoszamalata.eva Инаку,во кратки црти,таа е сеуште на апарати на скопската клиника.Ја чека операцијата на МЕЃУКОМОРНИОТ ДЕФЕКТ,ја чека помошта од Вас да може да ја почувствува радоста на животот. За тоа колку се собрани парични средства,праќаме скениран документ од банката само поединечно на емаил адресата на оној кој е заинтересиран(го разбирате стравот од јавно објавување колку пари се собрани и домашната адреса-лесна мета за крадците) Инаку Ви благодариме за интересот,многу ни значи Вашата поддршка....Малата Ева сеуште чека.Ја чека милоста на обичниот македонски граѓанин,оти големците се оградуваат од донирање парични средства....
Господине, ова е напишано на 20 Август 2012 година, вие се изјаснивте како татко на малата Ева. Ме интересира што ќе кажете околу ова?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.198
Поени од реакции
30.382
Само да е жива и здрава Ева.
Ако веќе се собрани повеќе пари, се надевам ќе се потрошат на следната операција.
Или истите тие да бидат донирани на некој што му треба.
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Вака- Лично се знам со родителите на Ева и знам низ какви маки поминаа со детето борејки се како вистински родител за свое чедо. Како и да е и да се собрале повеќе пари и што и да е Дејан ја нема злоупотребено својата керкичка за било какви финансиски измами. Знам дека првин откако беше однесено девојчето во Бугарија отаму веднаш беше транспортирано во Германија за што самите платија 4000 евра (само за транспорт) и плус интервенција во Германија. Мислам дека целава приказна е само ЕКСКЛУЗИВИТЕТ за некоја ТОП ВЕСТ на некои ИДИОТИ новинари. Многу добро знаеме како се исплаќаат пари од нашиве фондови (додека да легнат пари отиде човекот ако чекаш на нив), така да сите размислете убаво што зборувате и дали треба предвреме да се осуди некој. Детево е во тешка состојба и се бори за живот од своето раѓање и како мислите да го поднесе тоа финансиски семејство со еден вработен? Знам дека Дејан има уште едно дете и лично знам колку грижливи и добри луѓе се..Ако била државата толку грижлива зошто имало потреба тој самиот да го носи детето у Бугарија и да бара потврди од доктори и тракатанци -зошто тоа нашето здравство не го организирало?????? Знае некој да објасни?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Како што пишува погоре, лекувањето било веќе завршено и немало потреба девојчето да оди веќе во Бугарија кога таткото постираше дека мора да оди.
Дополнително, се испостави дека е фалсификуван потписот на докторката и печатот на институцијата. Од Фондот изјавија дека ги покриле трошоците, од болницата од Софија дека воопшто не барале толку пари. Знае тоа некој да го објасни или ќе се фрлиме сега на тоа дека Фондот е крив за се'?
Не велам дека не им е потребна помош, но не треба да се манипулираат луѓето на овој начин. Заради оваа нивна манипулација од сега, за жал, сигурна сум дека луѓето многу поскептично ќе гледаат на сите вакви акции, што е многу лошо за оние на кои навистина ќе им треба итна помош.
 
И плус некаде прочитав дека фондот им исплатил дури 80% од трошоците...
Немаше потреба од наслови дека на Ева и преостануваат уште 10 дена живот, кога операцијата (следна или која и да е) требала да се изврши наредна година.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
И плус некаде прочитав дека фондот им исплатил дури 80% од трошоците...
Немаше потреба од наслови дека на Ева и преостануваат уште 10 дена живот, кога операцијата (следна или која и да е) требала да се изврши наредна година.
Не сум сигурен, ама мислам дека на сите потешки случаи со тешки компликации и големи финансиски средства (или сите случаи со лекување во странски болници) од Фондот за здравство им се исплатени 80% од средствата.Да не е само дека кукаме по нив.
За случајов немам никаков коментар, ама ни доверба веќе ни во родителите ниту во институциите, а најмалку во медиумите.Само да е малата ок, друго е небитно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom