Да и помогнеме на Ева!

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Абе како можете како прва опција во глава да ја ставите измама на родител кој го губи своето дете. Вие не сте нормални....Човекот живее со една плата и го губи своето дете аллооооооооо...И да платил фондот 80% -кај се парите за одење во Бугарија, Германија, лекување , следна операција, вие зборите за МОНСТРУМ тука..
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Man-ce-ster deko123456 кој е одговорот на овие прашања? Да, МВР ќе ја истражи работата и ќе го заврши својот дел во однос на законот, но каде е моралниот аспект на ова? Не е само дали е фалсификат документот, туку и притисокот кој се наметна со тоа дека девојчето имало 10 дена живот. И посакувам се најдобро, но родителите мора да одговараат за тоа што го направија затоа што со својата постапка навлекоа многу недоверба кон сите хуманитарни акции.
Зарем поради една превара на некои очајни луѓе(не ги бранам) треба твојата доверба да исчезне толку лесно... значи не ни била некоја си доверба воопшто... Доволно е што законот ќе им суди... не мора и ние да им судиме за незнам некаква си моралност и неморалност... човек не може да биде оценет и осуден врз основа на еден негов чин... што и да направил сепак е многу повеќе од тој еден чин... така да доволна им е законската казна не ги плукајте одма... плус остајте да се разбистри целиот случај...(мада да кај нас се некако повеќе се замаглува и се заборава)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

А тоа што голем дел од луѓето утре нема да сакаат да донираат пак?
Еднаш изгубена доверба, тешко после пак се стекнува.
Поголемиот дел од луѓето ќе си речат пак: Зашо да донирам, ете оној случајот беше превара.

Самиот татко рече дека излегло тоа од контрола.
Наместо да каже дека се потребни пари за продолжување на лекувањето, има индикации дека фалсификувал документи. Па нека каже дека требаат пари за продолжување на третманот, верувам дека повторно ќе дониравме сите, а не вака да прави будали од народот. Има луѓе кои одвоиле пари за да донираат, пари кои и нив им требаат со оглед на тоа дека сите се обични луѓе со обичен живот. И на никој не му е проблем да донира, верувам би го направиле тоа уште 100 пати, ама некои луѓе после ова ќе гледаат со скептицизам и не би донирале толку лесно повторно, значи се скратуваат шансите на наредните болни деца.

Така да, законот е најмалку битен во целава ситуација.

П.С Ова под претпоставка дека имало измама, јас се уште одбивам да верувам, но доколку се работи за измама, тогаш тоа би било лошо.
 
Епа за ова едини лек би било(доколку живеевме во цивилизирано општество) државата да се погрижи или некои установи кои би постоеле само за вакви случаеви со целосна и исправна постпка нели... само знам оти сум утопијан и затоа сепак реално ќе си останам на моето... не им судам за тоа што го направиле... да им го судам чинот, но не и самите нив... и да... не ја губам довербата ниту пак интуицијата за да се помогне онаму каде што треба и каде што се може...:)
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
луѓе не избрзувајте со одлуки.
чекајте ќе видиме што-како било. греота е да се донесуваат заклучоци пред време без цврсти докази.
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Ман че стер, чим напиша дека ги познаваш луѓево и гарантираш за нив, очекував да образложиш, без тоа се е млатење празна слама и сите докази укажуваат на тоа дека родителите на болното дете мамеле. Еве чим ги знаеш, веројатно знаеш и кога било и кога се вратило детето од болница, напиши, и разјасни ни да не нагаѓаме, кога веќе почна.
Знам дека има потрошено многу повеќе пари од тоа што има земено. Не сум инспектор па да знам дали потписот го фалсификувал некој бугарски доктор за незнам што, а за состојбата на Ева знам дека не е сеуште добра, и кога сме правеле муабет не сум навлегувал во детали пошто знам дека тоа е навистина болна тема.....Пишав на темава затоа што баш лично ги знам луѓево и ги познавам како многу добри и грижливи родители и како чесни луѓе и искрено шокиран сум од сево ова што се случува, а посебно сум изненаден од тоа какви расипани мисли имаат луѓево и како нашево општество за 5 секунди може да претвори човек во монструм без никаков доказ...
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
у еден дневене весник излезе дека ова е измама.......:facepalm:
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Абе како можете како прва опција во глава да ја ставите измама на родител кој го губи своето дете. Вие не сте нормални....Човекот живее со една плата и го губи своето дете аллооооооооо...И да платил фондот 80% -кај се парите за одење во Бугарија, Германија, лекување , следна операција, вие зборите за МОНСТРУМ тука..
Можеме така фино лепо, како што тој можеше да каже дека Ева има уште 10 дена живот. Секаде се пишува дека е измама, а ти уште прашуваш како можеме да кажеме дека е така. Нека дојде таткото нека пише тука нека образложи - исто како што можеше да пишува и да кажува дека итно се потребни пари за малото да живее.

Со една плата? Знаеш само колку многу смејества живеат со една плата? Да, можеби го немаат тој проблем што го има и Дејан, но човечки е да каже дека пари за операцијата има и дека ќе му требаат за понатамошно лекување. Па тогаш кој донира донира.

Јас во понеделникот требаше да лепам флаери низ град за помош на Ева, но кога ја видов информацијата дека фондот дал дури 80% од потребните средства, му пишав на таткото, го прашав дали потребно е да се лепат тие флаери, бидејќи ако се уплатени средствата тоа би значело дека акцијата е завршена. Од него добив одговор дека ноќта ќе иделе за Бугарија и ќе провереле што е и како е. А од тогаш ни траг ни глас од него...
И да е, и да не е измама треба да излезе со образложение и да ја каже својата страна.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
NEOPHODNA i e ITNA operacija na Detskata kardioloska klinika vo Sofija-Bugarija,koja cini 13 800 evra, del od sumata semejstvoto ne e vo moznost da go sobere.

На 30-ти мај господинот Дејан напишал дека операцијата чини 13 800 евра, за подоцна Фондот на здравство да излезе со бројка од 25 000 евра,
Кога Канал 5 ја објави сторијата ‘‘дали се злоупотребува хуманоста на граѓаните‘‘ господинот Дејан излезе со изјава дека ‘‘ситуацијата излегла од контрола и дека повеќе луѓе собирале пари на други сметки‘‘ - Ако ги прегледате убаво сите апели за помош на малата Ева, на сите ќе видите истата сметка за донации и истите броеви - што значи дека донациите и од трансакциските сметки и од броевите на операторите оделе на исто место. Од друга страна нити едно лице не е во можност да добие броеви за донации доколку не прикаже соодветна документација,
Вчера господинот Дејан излегува со друга изјава дека сајтот за помош на малата Ева бил хакиран - тука би ја искористила реченицата на Кили - ‘‘ Ма немој да ме јебеш БРЕЕЕЕ‘‘
‘‘Еве како течеше разговорот со мајката на Ева, Елена Илиевска.
- Зошто вие баравте пари за лекување кога тоа веќе било покриено од Фондот за здравство?
- Тоа не баравме ние туку заедницата помош за малата Ева.
- А кој ја има формирано ако не вие? Таму стоеја ваши тел. броеви...
- Наши телефонски броеви за контакт, а телефонските што се за Ева за донации, тие траат три месеци.
- Меѓутоа кој ја отвори таа страница ако не вие?
- Ние ја отворивме, меѓутоа не знаеме кој ја блокира и сега ние немаме пристап.

Тие ја отвориле страницата , ама сега незнаеле кој раководи со неа, :свиркам:

И клучното прашање до господинот Дејан, што правиме со фалсификуваните документи, или и за нив ништо не знаете или пак можеби некој друг ги фалсификувал место вас :cautious:

Хуманите и совесни луѓе и понатаму ќе останат хумани и совесни господине Дејан, но ја злоупотребивте помошта на оние лица на кои утре ќе им виде потребна ВИСТИНА ПОМОШ.
Се надевам дека ќе можете мирно да ја ставите главата на перница и да спиете, знаејќи какви контрадикторности сте кажале за лекувањето на своето дете,
СРАМНО

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас во понеделникот требаше да лепам флаери низ град за помош на Ева, но кога ја видов информацијата дека фондот дал дури 80% од потребните средства, му пишав на таткото, го прашав дали потребно е да се лепат тие флаери, бидејќи ако се уплатени средствата тоа би значело дека акцијата е завршена.
Сега сфаќам зошто од Т-Mobile ми рекоа дека акцијата е завршена. Тие што ја посетуваат темава знаеја колку пати нагласив дека не можев да донирам тој ден. А јас, пуста надуена наивна глава, им реков да стапат во контакт со тие што ја поставила хуманитарната акција и броевите, за ако се потребни уште пари, дека има луѓе што сакаат да донираат. И оп, одеднаш бројот само еден саат подоцна, станува пак достапен за донирање.

... Се осеќам како да придонесов за срањево да добие магнитуда каква што доби ... (n)
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Што бидна?? Нешто почнаа да се менуваат работите...Кај се сеа медиумите?Нели требаше да ги видиме родителите со лисици на раце заради тежок фалсификат... Сега ви станува полека јасно дека не се работи за идиоти туку за обични нормални луѓе кои се борат навистина за своето дете...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што се случи? Јас само овде следам за случкава па објавувајте детали.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Што бидна?? Нешто почнаа да се менуваат работите...Кај се сеа медиумите?Нели требаше да ги видиме родителите со лисици на раце заради тежок фалсификат... Сега ви станува полека јасно дека не се работи за идиоти туку за обични нормални луѓе кои се борат навистина за своето дете...
Допрва ќе видиме за што станува збор. За еден ден не може да се открие и да се реши. Денеска имаше статија во вест на цела страна каде што го кажуваат истото сценарио - дека документот е фалсификуван и дека на Ева и е направена операција на 10ти август, а следната евентуална операција (значи доколку би била потребна) би била следната година. Па види ти израчунај со датумите и ќе сватиш самиот што е и како е... Ние веќе свативме.
--- надополнето: 29 август 2012 во 23:27 ---
Сега сфаќам зошто од Т-Mobile ми рекоа дека акцијата е завршена. Тие што ја посетуваат темава знаеја колку пати нагласив дека не можев да донирам тој ден. А јас, пуста надуена наивна глава, им реков да стапат во контакт со тие што ја поставила хуманитарната акција и броевите, за ако се потребни уште пари, дека има луѓе што сакаат да донираат. И оп, одеднаш бројот само еден саат подоцна, станува пак достапен за донирање.

... Се осеќам како да придонесов за срањево да добие магнитуда каква што доби ... (n)
Не, не, акцијата не беше тогаш завршена. Баш тогаш донирав и јас и се си беше ок ;)
 
M

Moon Child

Гостин
Eве јас последно што прочитав сега.

Д-р Софијанова: Шлаканица за сите што ја спасуваа Ева

Полицијата го истражува случајот за можен фалсификат на медицинската документација за лекување на четиримесечната Ева Илиевска од Куманово, со која, преку Фејсбук, се собираа пари за нејзиното лекување. Од Министерството за внатрешни работи кусо изјавија дека случајот е пријавен кај нив и оти се постапува по него.

Проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје, вели дека завчера во МВР и во Министерството за труд и социјална политика го пријавила случајот за можен фалсификат на медицинската документација од Клиниката за детски болести и детска кардиологија во Бугарија и оти денес ќе побара и јавниот обвинител да се вклучи во истрагата. Таа објасни дека за можниот фалсификат на потписот на нејзината колешка од Бугарија - директорката на Клиниката за детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова, дознала викендов од медиумите и од Интернет порталите, кои пишуваа дека родителите на четиримесечната Ева со фалсификуван документи барале донации од граѓаните.
"Ева од 10 август од Бугарија каде што $ беа извршени четири интервенции, со специјално возило ја префрливме на Детската клиника, и сe уште работиме на нејзино закрепнување. Тоа што јас го видов на Интернет и на Фејсбук - дека на Ева $ е потребна итна операција и оти има уште 10 дена живот - е апсолутно неточно. Детето се роди со мана на аортата и веднаш, со конзилијарно мислење од нашата Клиника, беше префрлена во Бугарија. Фондот за здравство покри 80 отсто од трошоците", вели проф. д-р Софијанова.
Таа објаснува дека Ева ќе треба да биде подложена на уште две интервенции, но дури по една година. "Не знам кој ја злоупотребува состојбата на Ева, но ова е шлаканица за сите нас што правиме максимални напори за да $ помогнеме, а и натаму ќе $ овозможиме најдобра медицинска нега", вели проф.д-р Софијанова.
Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот за здравствено осигурување, вели дека за четирите интервенции на Ева во Бугарија ФЗОМ веќе платил 25.000 евра. Дејан Илиевски, таткото на четиримесечната Ева, за дел од медиумите викендов изјави дека станува збор за недоразбирање и оти ќе оди во Бугарија за да разјасни за што станува збор. Вчера тој не беше достапен на неговиот мобилен телефон.

извор Вест
 
Kajgana Shop

На врв Bottom