Срање е ова ако го напраиле вака, стварно, али ја за моите пари што сум им ги дал ипак не жалам. Нека ги земат, боље да ги земат овие неранимајковци, неголи некој друг неранимајко, кој нема болно дете и не е у таква ситуација, него пука од пари (и моќ).
Пак ќе повторам, за осуда се, али у крајна линија без етика, емоции или легализам, него онака сирово практично, боље кај нив нека останат, одколку на разни други места, на кои можат да (а и обично) завршуваат.
Јас сум господар на својата сопственост и како сакам ќе ја распределувам, ако сакам ќе простам ако, не, нема.
Јасно е дека станува збор за измама (ако стварно е вистина тоа што го пишува) и не тврдам дека било кој треба како мене да мисли (по ова прашање).
Додуша ако пак ја вклучиме малку етиката и моралот, загрижува тоа што ако планирале ваква работа, знаеле дека и да ги фатат нема да има таква остра осуда, како што би била кога не би имале болно детенце (нека Господ му даде здравје). Некој можеби и ќе посочи дека токму искористувањето на ваква ситуација, ја прави нивната постапка особено флагрантна...