Да и помогнеме на Ева!

M

Moon Child

Гостин
Несакам да грешам душа, или да предизвикам негативна енергија, или било какви неубави чувства, ама Ева има 10 дена живот од 29ти јули, а денес е 27ми август. Еве сега баш видов, нешто смрди во сета оваа работа. Значи стварно не ми е за 100 денари што ќе ги донирам, да имам повеќе ќе донирам и повеќе, ама глупо е, нечовечки, крајно грдо, монструозно и сурово. Немам зборови, јас се запрепастив вчера кога видов.
Кој е човекот кој и е татко на Ева? Постои ли Ева воопшто? Операторите дали на жими мајка отвараат броеви за донација, јас стварно неможам да разберам, а и одговоров:


OD RODITELITE-SLUCAJNO STIGNAVME DO OVAA STRANICA,I EVE GO NASIOT STAV-1.NE SE RABOTI ZA NIKAKVA IZMAMA,GI SPOREDUVAME DOKUMENTITE KOI DOSEGA SE DOBIENI ZA EVA,I VIDOVME DEKA NAPISANA E TAA ADRESA ...MIKO PAPO..KONTAKTIRANO E SO BOLNICATA,Z
AMINUVAME ZA SOFIJA KADE KE GI SPOREDIME DOKUMENTITE,KADE KE JA DOZNAEME VISTINATA.oNI SE ZAPOZNAENI DEKA PRVITE DOKUMENTI NI SE IZGUBENI PRED BOLNICATA,PA ZATOA NI DADOA DRUGI,AMA I ZA TOA KE BARAME POTVRDA.VE MOLIME DA NE SPEKULIRATE,OTI IMA I NEKOI DOKUMENTI PRAKANI PO FAKS,SO STARATA ADRESA(MIKO PAPO),KE SE POTRUDIME DIREKTNO OD NIV DA GI DONESEME ORGINALNITE DOKUMENTI,I TOGAS KE UVIDIME DO KADE E RABOTATA.


не ми е воопшто веродостоен, ниту пак разбирлив. Искрено се надевам да се расчисти ова, и друг пат да се отворат очи што и како. Навистина ќе се разочарам од човештвото ако сето ова е една фарса и начин за прибирање пари.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да не бидам и јас параноик, ама хипотетички, ако е навистина измама, и тоа како ќе тужам - сметка колкава направив, ќе ме исели татко ми од дома, после јас ќе барам донации овде :D.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Не ми се верува ... :confused:
Се надевам дека ова не е вистина... Ваљда ќе се дознае до утре
 
M

Moon Child

Гостин
Срамота, срамота! Незнам како спијат овие луѓе, како можат да заспијат од нивната совест :cenzura:

Се злоупотребува ли хуманоста на граѓаните во случајот со лекувањето на малата Ева?

Документите со кои родителите на малата Ева бараат пари за операција во Софија се фалсификат, а девојчето е згрижено во детската клиника во Скопје, тврди директорката Аспазија Софијанова во телефонска разговор за Канал 5.​
Таа објасни дека на 10 август испратила доктор и сестра кои ја транспортирале малата Ева по извршената операција на третата детска кардиологија во Софија.

- Немаше да го пуштат девојчето од болница ако не е платено. Тука е продолжено лекување. Документот кој се објави по медиумите е фалсификуван. Тоа не е потписот на докторката Цонзарова од бугарската клиника. Јас разговарав со неа денеска. Ние досега имаме прекрасна соработка. По службена должност пријавивме во МВР и во јавното обвинителство за фалисфикување документи, рече за Канал 5 Софијанова.

Од Фондот за здравство исто така објаснуваат дека за операцијата се платени 25 илјади евра од кои 20 илјади се од фондот, а 20 отсто односно 5.000 од родителите.

- На одделот за деца на клиниката за кардиологија во Софија испраќаме до 70 деца годишно и до сега немало никаков проблем со години наназад, велат од ФЗО за Канал 5.

Таткото на 4 месечната Ева, Дејан Илиевски за Канал 5 тврди дека и покрај тоа што била направена операција потребни биле пари да се продолжи лекувањето на девојчето. Признава дека целата ситуација со собирање пари излегла од контрола, но не по нивна вина, бидејќи се појавиле многу лица кои собирале пари за Ева без нивно знаење и на други сметки покрај онаа која тие ја објавиле. Илиевски најави дека утре со неговата сопруга ќе одел во Софија за лично оттаму да ги побараат оригиналните документи за лекувањето на девојчето и да утврдат што точно се случува.

На фејсбук страницата Апел за помош на малата Ева објавувани се информации од пред неколку дена дека немало доволно пари за операција во Софија и дека треба да се вратат во Скопје иако од скопската од фондот и од скопската детска клиника тврдат дека Ева е овде од 10 август.​
27.08.2012, 15:50​
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.922
Поени од реакции
41.894
Сумливо што ниедна тв не објави за случајот, сепак за голема сума се работи требаше да има некоја сторија на вестите.
Јас како што знам секогаш фондот покрива дел од трошокот. Знам деца што се лекувани во Бугарија па и кај нас и фондот им покри 80% од трошковите.
На операторите им одговара да отворат број за донации бидејќи и они имаат процент од тоа.
--- надополнето: 27 август 2012 во 18:43 ---
Таткото на 4 месечната Ева, Дејан Илиевски признава дека целата ситуација со собирање пари излегла од контрола, но не по нивна вина, бидејќи се појавиле многу лица кои собирале пари за Ева без нивно знаење и на други сметки покрај онаа која тие ја објавиле.
:eek: :гомце:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Признава дека целата ситуација со собирање пари излегла од контрола, но не по нивна вина, бидејќи се појавиле многу лица кои собирале пари за Ева без нивно знаење и на други сметки покрај онаа која тие ја објавиле. :cautious: (извор Канал 5)

п.с. Јас денес го јадев од 23ца колеги, не знаев како да се објаснам. Утре ќе е уште пострашно, денес беа само шпекулации. Не ми е за парите, туку на наредниот што ќе му биде потребна донација, нема да имам лице да одам да им барам.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
цццццц а колку наивно се претстави и бараше помош , место да си го гледа детето он прави превари , не нема поголеми дубарџии значи од Македонциве пууу јзкккк
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.922
Поени од реакции
41.894
Добро ние сега не сме ни сигурни дека навистина таткото на Ева ја отворил темата овде. Секој може да отвори тема и да постави слика од оној кој се собира пари. Ова е масовен форум каде сигурно најмалку 100 лица се донирале по 100 ден а може и повеќе, е не е малку тоа.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.646
Поени од реакции
791
Еве јас имам донирано неколку пати до сега,тие пари кои јас ги донирав се навистина за Ева воопшто не ми е жал ,доколку некој или некои ја злоупотребиле мојата хуманост навистина нека им служи на чест.Мислам дека ние еден мобилен оператор воопшто не зима процент од ова а тие 118 денари се 18% ДДВ и 100 денари донација Мислам дека Владата за ова да донесе одлука да бидеме ослободени од давачки за данок сепак ние донираме
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Некој фалсификувал документи со илјада грешки направено.Си има институции се надевам се способни да го решат случајот.
Собрани се сигурно повеќе пари или да им ги ватат на тие што патиле или еве велат скоро 100 деца годишно праќат на операција во Софија па сигурно и други деца не можат да си платат оние 20% што треба да ги плати семејството.
 
К

Кики.

Гостин
Наместо да ми ги вратат парите што сум ги донирала нека ги пренасочат за други луѓе, на кои навистина им е потребна помош.
Не знам што да кажам, уште не можам да поверувам на што се се подготвени одредени луѓе. Секој ден, се повеќе се уверувам дека човечноста умира. Срамота!
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.136
Поени од реакции
25.669
Уште се надевам дека не е тоа што мислам. Не ми е толку за парите колку што ми беше молбата до многу пријатели да донираат, а најмногу дека ова ќе предизвика сериозен удар на сите идни на кои стварно ќе им требаат донации. Не знам со која совест ќе ги носат и нив на душа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во вакви ситуации секогаш коментирам: Мое е да помогнам, а ако некој го искористи тоа, тоа му оди на неговата душа. Ако е превара, нека им се алал парите и нека им служи на чест. Ако ништо друго, барем нека ги вложат во Ева...

Срамота е да лажеш за вакви работи, навистина е срамота.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom