- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Пред 20 години американската побожност беше драстично поголема од македонската, а сега е уште повеќе, неспоредливо поголема од македонската.Направи споредба каде беше американската и општо западната побожност пред 20 години, а каде е сега.
Пред 20 години македонската побожност беше минимално помала од онаа денес. Минималното зголемување се должи на изработување на македонски превод на Светото Писмо и неговата достапност до македонецот, а и на активноста на одредени христијани во процесот на проповедање на евангелието .Исто така направи споредба за македонската побожност пред 20 години и сега и ќе видиш каде е падот во безбожноста поголем.
Тоа што македонските атеисти тогаш се номинираа како марксисти или комунисти, а сега тие исти атеисти се номинираат како "православни македонци", тоа нема врска со побожноста, бидејќи нивните убедувања и ставови воопшто не се променети, туку се што е променето е нивната амбалажа, нивната номенклатура, додека сржта е истата.
Тоа што денес владата и некои парајлии спонзорираат градење на православни храмови, тоа воопшто не ја зголемува побожноста кај народот. Вие можете да направите и по 2 храма од човек, но залудно ќе ви биде ако тој човек не влегува во ниедна од нив или пак влегува од некакви суеверни побуди (да запали свеќа, да се прекрсти или да остави пари пред некоја икона и сл.)
Не знам за вас, но јас воопшто не гледам суштинска разлика помеѓу комунистички атеист и православен атеист, ниту пак помеѓу комунистички суеверен паган и православен суеверен паган.