Дали ќе пропаднеме заедно со безбожната Европа

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Па нема такви цитати. Исто како што „нема“ ни повици за убивање на „неверниците“ во Куранот. Ама тие работи се направени „во името на бог“. За да сокријат огромните маани во скриптите, потребно било да се елиминира се’ што ќе докаже спротивно. Како тоа светот е топка? Библијата вика „центар е таа на универзумот, и сонцето му се поклонува оти е божја творевина“. Нема тука мрдање, догма е тоа, не шега!:wink:
Значи ли тоа дека ако јас во твое име убијам некој дека ти ќе си за тоа крив...
Инаку неколку пати досега дадов доказ дека во Библијата ..светот е претставен како топка..дека земјата не е центар на универзумот ..и то..и дека догмата која ти ја зборувач уште еднаш ќе кажам е дело на човековата црква
 
O

Out Boy

Гостин
Значи ли тоа дека ако јас во твое име убијам некој дека ти ќе си за тоа крив...
..и дека догмата која ти ја зборувач уште еднаш ќе кажам е дело на човековата црква
Да да, јас ќе сум крив, под услов моите зборови во заблуда да ги прифатиш како божји и поради тоа да мислиш дека со тоа убиство се бориш против „сатаната“.:wink:

Ако догмата е дело на човекот, а не на бог, тоа значи дека „бог“ не условува, по што би следело дека Библијата не е догма и може да се менува. Да не грешам?:toe:

Инаку, еден директен одговор на прашањето на темата: Да, Европа ќе пропадне ако и натаму продолжи да ги слуша повиците на папата да не се употребуваат кондомите како мерка за спречување на сидата.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Да да, јас ќе сум крив, под услов моите зборови во заблуда да ги прифатиш како божји и поради тоа да мислиш дека со тоа убиство се бориш против „сатаната“.:wink:

Ако догмата е дело на човекот, а не на бог, тоа значи дека „бог“ не условува, по што би следело дека Библијата не е догма и може да се менува. Да не грешам?:toe:

Инаку, еден директен одговор на прашањето на темата: Да, Европа ќе пропадне ако и натаму продолжи да ги слуша повиците на папата да не се употребуваат кондомите како мерка за спречување на сидата.
Божијот збор е неменлив..човековиот е...јас бев јасен..а Папата за мене е најголемиот претставник на човековата црква..
п.с мислам дека знам да направам разлика меѓу човек и Господ..:)
 
O

Out Boy

Гостин
п.с мислам дека знам да направам разлика меѓу човек и Господ..:)
А од кого е напишан „божјиот збор“? Ти го имаш слушнато директно, или си читкал по мемоарите и писмата на Мојсеј, Јован, Лука, Марко и Матеј?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
А од кого е напишан „божјиот збор“? Ти го имаш слушнато директно, или си читкал по мемоарите и писмата на Мојсеј, Јован, Лука, Марко и Матеј?
Ќе измени ли било што ако ти кажам дека се пишувани под влијание на Светиот Дух ...одговорот претпоставувам е...не...па и разговорт во тој правец е сувишен...
 
O

Out Boy

Гостин
Ќе измени ли било што ако ти кажам дека се пишувани под влијание на Светиот Дух ...одговорот претпоставувам е...не...па и разговорт во тој правец е сувишен...
Како нема да измениме, не биди песимист. Ајде јас ќе почекам малку да го почуствувам светиот дух и неговиот збор, ќе го запишам, па ќе го постирам.:wink: Или тој бил привилегија во времето на неуките, плус „таквите“ како мене се глуви на него?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Како нема да измениме, не биди песимист. Ајде јас ќе почекам малку да го почуствувам светиот дух и неговиот збор, ќе го запишам, па ќе го постирам.:wink: Или тој бил привилегија во времето на неуките, плус „таквите“ како мене се глуви на него?
Иронијата кон Светито Дух во случајот те води само кон хула...
..Еве денес сите сме паметни и начитани доволно да бидат демагози...ама некои пак се повикуваат на Светиот дух..изгледа не е до начитаноста и глувоста..до верата, срцето и до вистината е...
 
O

Out Boy

Гостин
..изгледа не е до начитаноста и глувоста..до верата, срцето и до вистината е...
Јас верувам!!!

Верувам дека со знаењето, науката и етиката, човекот ќе постане хумано суштество кое ќе знае и нема да повредува други единки.

Верувам во ерата на слободата, каде секој кој не повредува друг, ќе има место под сонцето.

Моето срце

-знае да љуби исто како твоето;
-има потреба од топол дом исто како и ти;
-знае да простува.

Во што си ти подобар од мене само со тоа што веруваш во бог?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Јас верувам!!!

Верувам дека со знаењето, науката и етиката, човекот ќе постане хумано суштество кое ќе знае и нема да повредува други единки.

Верувам во ерата на слободата, каде секој кој не повредува друг, ќе има место под сонцето.

Моето срце

-знае да љуби исто како твоето;
-има потреба од топол дом исто како и ти;
-знае да простува.

Во што си ти подобар од мене само со тоа што веруваш во бог?
Де кажи каде јас реков дека сум подобар од тебе..целата дискусијата ја сведувам на Бог и црквата..а кога заборувам за срцето и вербата и тоа се однесува на Бога...не зборам за верба во луѓе, за 70м2 стан и спална соба...
 
Со самото тоа што се повикуваш на твојата Библија, ти тврдиш дека си подобар од мене (јас нели, сум безбожник што знае само за зло). Плус си читнал во некое од писмата на Јов дека хомосексуалноста е лоша... ете каде!

И ако за тебе „топол дом“ е стан од 70 квадрати и спална, онда залудно зборам.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Со самото тоа што се повикуваш на твојата Библија, ти тврдиш дека си подобар од мене (јас нели, сум безбожник што знае само за зло). Плус си читнал во некое од писмата на Јов дека хомосексуалноста е лоша... ете каде!

И ако за тебе „топол дом“ е стан од 70 квадрати и спална, онда залудно зборам.
Абе "Спасоје"..па ова е подфорум религија...се повикувам на Бога оти верувам во него...тоа што ти не веруваш е твој проблем не мој...дали тоа ме прави подобар од тебе или полош не е мое да заклучувам..јас сaмо го бранам она во што верувам..еднакво како што и го браниш твојот начин на живот...И не сум читнал..туку читам..и не е само Јов..знаењето на Библијата не е главен услов да бидеш верник...

Инаку топлиот дом и спалната соба беа...иронија...демек издувен вентил...и онака нема ништо од оваа дискусија...
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
A баш ме интересира да ми кажеш ти како голем верник или кој и да било друг на форумов дали се слагаш и ги подржуваш оние работи напишани погоре од outboy кој се според мене многу контрадикторни и зли.
Јас сум голем грешник, а не голем верник!
Голем верник е ИСУС, отелотворението на Милоста БОЖЈА!

Што се работи за контрадикторностите кои ги потенцира оутбој, тие се такви бидејќи не ги разбира читачот.
Еден пример: оутбој заборави да го спомене и местото кадешто во Библијата БОГ забранува да се работи во сабота (денес е сабота :) ) ! И понатаму вели дека секој што ќе работи во сабота треба да биде каменуван.
Дали БОГ ја даде саботата да би ги каменувал луѓето или да ги одмори, да ги одмори од похлепата. Понатаму има случај кога еден израелец собира дрва во сабота и тој е каменуван за тоа.

Што сака да ни каже оваа контрадикторност (ова злодело како што велиш ти) ?

Похлепата убива! Тоа е пораката!

И навистина, ако денес погледнеме околу себе, похлепата на неверниот човек е таа што масовно убива и ако не се разбудиме за ВИСТИНАТА на Милоста БОЖЈА која за спасени на сите се отелотвори во ИСУС, тогаш и врз целата планета ќе дојде оганот како последица на неверата и игнорирањето на ЕВАНГЕЛИЕТО!

Библијата секој може да ја чита но само ЕДЕН да ја разбере!
Затоа е многу важно баш со ТОЈ што може да ја разбере и во пракса спроведе, да се стапи во лична врска. Тоа е ТОЈ голем верник, ИСУС!
 
Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Одлепивте.....
Поздрав
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Македонската "побожност" се состои во влегување во црква (за Божиќ, Велигден, на некоја свадба или евентуално пред испит), во палење свеќа, бацување икона и оставање 10ден на неа, прекстување и излегување од храмот назачки (да не сме му свртиле грб на Господ :) a потоа се истите надуени, своеглави, себични, покварени, завидливи, безбожни, лукави, самобендисани итн.
110 милиони или една третина од Американската популација оди на неделни богослужби и речиси мнозинството од нив ги познаваат, ако ништо повеќе, барем елементарните христијански верувања.
Додека пак во Македонија одвај еден промил одат во црква (надвор од големите празници кога се оди од помодарство) и просечниот македонец абер нема за христијанството, не знае ни "Оче наш" да ја каже, не знае ни 10те Божји заповеди да ги наброи, мисли дека "Христос" е презимето на Исус... всушност се што знае за христијанството е од филмот "Исус од Назарет" :pos2:

Ете, ако споредуваме барем аргументирано да споредуваме ;)
Да не заборавиш дека во Македонија до пред 18 години побожноста беше исмевана, а нејзиното јавно прикажување минимизирано. Направи споредба каде беше американската и општо западната побожност пред 20 години, а каде е сега. Исто така направи споредба за македонската побожност пред 20 години и сега и ќе видиш каде е падот во безбожноста поголем.

Од религиозни фанатици како сард ми се примочува.
Прво јас не сум религиозен.
Второ за вистината треба да се биде фанатик, само присилата не е дозволена во нејзиното промовирање.
Трето во кој дел од моите ставови освен убедување употребив или се заканив со присила.
Четврто пред да етикетираш прво покажи ги аргументите.

Мислев на цитатот кој предходно ти беше текст. И во него се опишани зли работи како продавање на ќерка на робија, убивање кои според мене се контрадикторни затоа што господ е прикажан како совршено добро. Како тогаш во негово име се повикуваат на вакви работи.
Види мој одговор за цитираните места од Стариот Завет.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=36518
 
Kajgana Shop

На врв Bottom