Дали ќе пропаднеме заедно со безбожната Европа

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Со оглед на големото антицрковно и антиверско расположение кое се повеќе се појавува кај нас би сакал нешто да им пренесам, сугерирам и замолам сите оние кои не најдуваат нешто добро во верата во Бог.
Делам целосна убеденост дека западните нации со падот во безбожноста итаат кон сопственото руинирање. Ова го зборувам најмалку 2 години што значи пред настанувањето на банкарско-економската криза која најмногу го зафати развиениот запад. Човекот е себично суштество и мисли само на своето. Луѓето кои ја признале сопствената себичност и кои ја признале себичноста на човечкиот род имаат елементарна поштеност барем тоа да го признаат и исто така имаат со тоа елементарна свесност да побараат решение за својата себичност.
Нашиот народ решението на човековата злобност ја најде во тоа што го откри делото на Богочовекот Исус Христос и им го пренесовме на другите. Ние сме во коренот на најзначајната и најразвиената западна гранка на христијанството. Примерот на Богочовекот е прекомплексен, но најкратко тоа е сопствена жртва за доброто на другите. Љубов кон сите вклучувајќи ги и своите непријатели. Вера што значи превземање на ризик на злото да се одговори со добро. Тоа го изгради нашиот македонски народ да биде еден од оние народи кој не должи никому. Тоа треба да го цени секој Македонец. Покрај сите слабости убаво е да се биде Македонец, затоа што убаво е да се знае дека сме чисти луѓе и немаме товар на никакви масакри, геноциди или било какви долгови кон некого. Таа вера не беше нашата слабост, туку таа беше нашата сила. Ние не сме спаднати на оваа слаба политичко-економска состојба поради таа христијанска мекост, туку поради лошата географска положба, каде владението на Македонија води кон доминација на Балканот, а пак тоа е добар чекор кон создавање на голема политичка сила. Бидејќи овој простор од 4 век п.н.е. до 20 век н.е, значи 2200 години е просторот на најсилните империи. Македонската, Римската, Византиската, Отоманската. И во таква лоша положба ние со силата на Верата преживеавме.
Затоа им сугерирам на сите оние кои имаат негативен став кон Верата, да размислат малку и да се стрпат во критиките на нашата Вера во наредните 15 години. Јас ја ставам мојата чест на маса, ако таа нешто значи, дека ќе бидеме сведоци на распадот на безбожничкиот западен нихилизам. Таму каде што постои принципот на моќта, таму нема трајно единство, принципот на љубовта е способен да обезбеди единство и мир. Неконтролираната човековата себичност ќе ги уништи. Да ја одржиме верата во наредните деценија и пол за да бидат сите сведоци што безбожноста ќе направи од западните моќни народи.

Затоа повнимателно во критиките на Верата бидејќи
Нашиот ум е еднонасочен. Каде што ќе тргне таму и ќе пристигне. Ако докажува дека е ДА, ДА и ќе му излезе. Ако докажува дека е НЕ, НЕ и ќе му излезе. Кој пат ќе го фати, таму и ќе стигне. А меѓу различните патишта никогаш нема да знае кој е правиот бидејќи секогаш правиот ќе му изгледа оној на кој во тој момент се наоѓа. Секој да си влече на своја страна е неизбежно, таква е природата на умот, секој е убеден дека е во право. Затоа и нашата иднина е анархијата. Му доверуваме на рациото на умот да не води, а тој не дели како поединци. Затоа и се залагам не рациото туку духот и тоа Духот на христијанството да не води како нација.
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Многу точно и целосно се согласувам со авторот.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Европа никогаш нема да пропадне. Типично е за религиозните групи ад предвидуваат крај на светот, ама колку пати тоа стварно ќе се случи и никако да дојде оа веќе стана патетично.
 
O

Out Boy

Гостин
Покрај сите слабости убаво е да се биде Македонец, затоа што убаво е да се знае дека сме чисти луѓе и немаме товар на никакви масакри, геноциди или било какви долгови кон некого.

Јас ја ставам мојата чест на маса, ако таа нешто значи, дека ќе бидеме сведоци на распадот на безбожничкиот западен нихилизам. Таму каде што постои принципот на моќта, таму нема трајно единство, принципот на љубовта е способен да обезбеди единство и мир. Неконтролираната човековата себичност ќе ги уништи. Да ја одржиме верата во наредните деценија и пол за да бидат сите сведоци што безбожноста ќе направи од западните моќни народи.

Секој да си влече на своја страна е неизбежно, таква е природата на умот, секој е убеден дека е во право. Затоа и нашата иднина е анархијата. Му доверуваме на рациото на умот да не води, а тој не дели како поединци. Затоа и се залагам не рациото туку духот и тоа Духот на христијанството да не води како нација.[/B]
1. Колкав процент од вкупната популација во светот тогаш, има убиено македонската Фаланга на чело со Алекс Македонецот? :wink:

2. Америка може е нихилистичка, ама старата Европа негува култура кон либерализмот, слободата и науката за каква на некои држави од Азија и Африка ќе им треба уште 500 години. Посебно Европската Унија, која е рајска градина каде секоја индивидуа е ценета и почитувана без разлика на своите карактеристики, освен ако не се криминални.

3. Верата (онаа кон македонската нација и држава) нема никогаш да умре, ама религијата мора да си замине од нашите животи за да си симнете вие „верниците“ едно големо бреме од душата. Знаете ли вашиот пастир, г.г. Капо ди тути Капи, што се има подновено последно? :vozbud: Не може мултиконфесиска држава да биде водена од „духот на христијанството“. Всушност, државата мора да биде одвоена од „Црквата“ за доброто на народот. Ете, Иран е држава водена од верски ајатоласи, па само црно гледа иранскиот народ.

4. Секој си влече за своето. Е тоа е демократија. Ни фали само малку социјална жичка, а не религија да не труе. И да... ИНДИВИДУАТА и нејзините права, а не некакви национал-фашистички поделби кои носат само војни, крв и омраза.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Европа никогаш нема да пропадне. Типично е за религиозните групи ад предвидуваат крај на светот, ама колку пати тоа стварно ќе се случи и никако да дојде оа веќе стана патетично.
Никогаш неречи никогаш!

Како - ние модерните луѓе - го игнорираме ЕВАНГЕЛИЕТО, Неговите совети и предскажувања, не е ништо чудо што е се пожешко и пожешко на планетава, на која се наоѓа и континентчето наречено европа!

Единственото позитивно на целата работа е ХРИСТОС и ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ!

Шалом + Селам + Мир вам!
 
O

Out Boy

Гостин
Како - ние модерните луѓе - го игнорираме ЕВАНГЕЛИЕТО, Неговите совети и предскажувања, не е ништо чудо што е се пожешко и пожешко на планетава, на која се наоѓа и континентчето наречено европа!
Евангелието, кој се го има пишувано него? Неколкумина 80 годишни фосили + нешто Црквата си додала за свои потреби, а тоа што и пречело, го уништила.

И зарем некој верува во хорор прикаската наречена „Откровение“ од скај-фај писателот Јов? Патем, дел од „светото“ Евангелие кое неколку пати официјално било отфрлано од „официјалната“ црква:pos2:
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211

Иронија Иронија е животот на атеистите само се вртат во круг... ее стварно многу си ''јак'' што ја исплука библијата , немаш прочитано книга не објаснуваш ништо конкретно ок разбирам не можам да очекувам ништо од тебе повеке, мозокот ти го испрале новите трендови и сосем е логично така да размислуваш ограничен си нејкиш да излезиш од општеството зошо тоа всушност инајмногу ги оправдува твоите гревови, општествени робови... на еден или друг начин.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ви ги избришав офтопиците(Атеист досата спамираше со текстот за МПЦ..веќе го постираше ..нема потреба да стои во секоја тема)..држете се до темата
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Европа никогаш нема да пропадне. Типично е за религиозните групи ад предвидуваат крај на светот, ама колку пати тоа стварно ќе се случи и никако да дојде оа веќе стана патетично.
Многу од самите западни експерти спротивно на твоето мислење тврдат дека свршено е со досегашниот систем што најверојатно ќе се одрази и на културните и политичките системи на западните нации.

Не зборувам за крај на светот, само зборувам за пропаста која се случува во секоја заедница, независно, семејство, град, село, народ, нација, држава кога секој ќе се потпре на своите убедувања, наместо да побара некој заеднички критериум надвор од себе. Дали може да биде фунционално семејство каде детето не ја почитува заповедта за слушање на родителот, а каде родителот не ја почитува заповедта да не го дразни детото. Дали може да биде функционално едно семејство каде жената не се посветува само на сопругот, а мажот не се самоограничува само во однос на жената.
Какви татковци се тие? Какви мајки ќе бидат тие?
Дали ќе биде нормална заедница каде децата си дозволуваат да размислуваат или да влезат во неприродни еднополови врски.
Таквите луѓе ќе мислат само на своето себично задоволување а никогаш спремни за љубов и себежртвување во името на љубовта. Каква љубов тие ќе дадат за своите деца, ако воопшто ги посакаат.

Што го уништи моќниот Египет? Што ја уништи Персија, АсироВавилонското Царство? Што го уништи Римското Царство? Што го уништи Византиското Царство? Зошто Кина сеуште се одржува? Што ги издигна и што ги уништи?

Во секоја од овие империи главната причина беше што достигнувајќи огромно богатство дошло до внатрешен морален и духовен распад. Во секоја од овие империи се појавил демографскиот проблем. Во секоја од нив (Грција, Рим) морале постојано да внесуваат нови во аристократските кругови затоа што за 4тина се намалувале во секоја генерација. Односно богатите народи оддавајќи се на хедонистичката култура стануваат толку саможиви што не ги интересира ни да имаат потомство, а не да ги интересира иднината на потомството. Откако го напуштиле она кое ги издигнало, тие набрзо пропаднале. Истото СЕГА се случува со западната култура. Сега кога сме во фаза кога ги отфрлаат вреднувањата на христијанството за полезност и штетност како основа на својата култура, се водат себе си кон пропаст на своите етнички и политички заедници.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Евангелието, кој се го има пишувано него? Неколкумина 80 годишни фосили + нешто Црквата си додала за свои потреби, а тоа што и пречело, го уништила.

И зарем некој верува во хорор прикаската наречена „Откровение“ од скај-фај писателот Јов? Патем, дел од „светото“ Евангелие кое неколку пати официјално било отфрлано од „официјалната“ црква:pos2:
за што уствари се газиш од смеење? хорор, скај фај, фосили... бре бре...
Плукање, ломотење безвезе.

А дека има луѓе што и веруваат на Библијата има. И побројни се од твојата сорта.
 
S

smart ass

Гостин
Европа ке се распадне како кула од карти,ама не затоа што е безбожна,туку заради политички и финансиски причини..:tv:
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Европа нека си е*ит матер,пошо ние кога бевме и сеуште сме православни они незнаеа да бањаат и им гниеа градовите.

BTW нели не сме дел од европското инцестуозно семејство?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Европа ке се распадне како кула од карти,ама не затоа што е безбожна,туку заради политички и финансиски причини..:tv:
Не бе не...правата на хомосексуалците, браковите и посвојувањето деца е чиста политика..јас би рекол е чисто блудничење и тоа со сите загреани кандидати за ЕУ кои мораат да го прифатат тоа како услов..
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
1. Колкав процент од вкупната популација во светот тогаш, има убиено македонската Фаланга на чело со Алекс Македонецот? :wink:
Колку што знам Александар не бил христијанин и од таму живеел во време каде војните биле постојана занимација. Токму тоа потврдува дека човекот без Христијанскиот Бог ќе војува како што војувал пред тоа.

2. Америка може е нихилистичка, ама старата Европа негува култура кон либерализмот, слободата и науката за каква на некои држави од Азија и Африка ќе им треба уште 500 години. Посебно Европската Унија, која е рајска градина каде секоја индивидуа е ценета и почитувана без разлика на своите карактеристики, освен ако не се криминални.
Америка не беше нихилистичка туку стана таква 60тите, 70тите години. Дотогаш таа повеќе или помалку успешно се обидуваше да влијае на внатре и надвор во зголемување на демократските вредности, но од падот во нихилизмот, од тогаш само залажува на стара слава, за што цел свет е свесен.

3. Верата (онаа кон македонската нација и држава) нема никогаш да умре, ама религијата мора да си замине од нашите животи за да си симнете вие „верниците“ едно големо бреме од душата. Знаете ли вашиот пастир, г.г. Капо ди тути Капи, што се има подновено последно? :vozbud: Не може мултиконфесиска држава да биде водена од „духот на христијанството“. Всушност, државата мора да биде одвоена од „Црквата“ за доброто на народот. Ете, Иран е држава водена од верски ајатоласи, па само црно гледа иранскиот народ.
И ние верниците се залагаме за умирање на религијата, но се залагаме за жива Вера во Бог. Колку сака некој да го убие христијанството, законот на доброто и злото ќе постои онака како христијанството го вредувало. Така што бремето ќе остане за секој зависно од тоа колку ги почитувал совршените христијански правила, независно дали тоа го признавал или не. И Љубчо Бугаринот беше на чело на Македонија, дали тоа значи дека Македонија е бугарска. За мултиконфесионалноста ќе се договориме со верниците муслимани за начинот на кој верски ќе се уредат односите во земјата почитувајќи ја верата на другиот. Верувам дека секој добар муслиман од обичен верник до свештеник, многу повеќе би сакал да живее во земја со христијански и муслимански правила на живеење отколку во морално уништено атеистичко и беспринципиелно општество.
Во врска со Иран, каде беше Иран некогаш во однос на западот и каде е сега откако западот падна во атеистичкиот нихилизам.

4. Секој си влече за своето. Е тоа е демократија. Ни фали само малку социјална жичка, а не религија да не труе. И да... ИНДИВИДУАТА и нејзините права, а не некакви национал-фашистички поделби кои носат само војни, крв и омраза.
Не тоа е анархија и нема врз која основа да дојде до социјална жичка кога индивидуата нема поважно нешто од себе си. Индивидуата само соборно преку другите индивидуи може да ја најде вистината, инаку просечната индивидуа САМА без соборноста со другите проектира сопствени фикс идеи. Социјалната жичка значи спремност на жртва и себеограничување заради заедницата, а безбожната индивидуа не ја интересира соборноста и социјалната жртва кога нема мисловна оправдана причина да влезе во соборност. Безбожната индивидуа нема поголема вредност од себичното Јас, додека за верникот вредноста е во Бог, Бог е вредноста и треба да се биде добар за да се живее во задоволството на таа вредност и без оглед на тоа дали општеството знае, дали може да казни и кога општеството воопшто не постои.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Многу од самите западни експерти спротивно на твоето мислење тврдат дека свршено е со досегашниот систем што најверојатно ќе се одрази и на културните и политичките системи на западните нации.

Не зборувам за крај на светот, само зборувам за пропаста која се случува во секоја заедница, независно, семејство, град, село, народ, нација, држава кога секој ќе се потпре на своите убедувања, наместо да побара некој заеднички критериум надвор од себе. Дали може да биде фунционално семејство каде детето не ја почитува заповедта за слушање на родителот, а каде родителот не ја почитува заповедта да не го дразни детото. Дали може да биде функционално едно семејство каде жената не се посветува само на сопругот, а мажот не се самоограничува само во однос на жената.
Какви татковци се тие? Какви мајки ќе бидат тие?
Дали ќе биде нормална заедница каде децата си дозволуваат да размислуваат или да влезат во неприродни еднополови врски.
Таквите луѓе ќе мислат само на своето себично задоволување а никогаш спремни за љубов и себежртвување во името на љубовта. Каква љубов тие ќе дадат за своите деца, ако воопшто ги посакаат.

Што го уништи моќниот Египет? Што ја уништи Персија, АсироВавилонското Царство? Што го уништи Римското Царство? Што го уништи Византиското Царство? Зошто Кина сеуште се одржува? Што ги издигна и што ги уништи?

Во секоја од овие империи главната причина беше што достигнувајќи огромно богатство дошло до внатрешен морален и духовен распад. Во секоја од овие империи се појавил демографскиот проблем. Во секоја од нив (Грција, Рим) морале постојано да внесуваат нови во аристократските кругови затоа што за 4тина се намалувале во секоја генерација. Односно богатите народи оддавајќи се на хедонистичката култура стануваат толку саможиви што не ги интересира ни да имаат потомство, а не да ги интересира иднината на потомството. Откако го напуштиле она кое ги издигнало, тие набрзо пропаднале. Истото СЕГА се случува со западната култура. Сега кога сме во фаза кога ги отфрлаат вреднувањата на христијанството за полезност и штетност како основа на својата култура, се водат себе си кон пропаст на своите етнички и политички заедници.
Земено предвид дека општеството веќе постои изградено како такво значи функционира. Најала стапка на раст на популација имаат земјите во развој како македонија, бугарија, русија, и сл, а не европските земји.
Други популацијата не е проблем во Европа бидејќи таа е веќе пренаселена. Ја даваш кина како пример но забораваш дека таму до пред година и нешто беше забрането да се има повеќе од едно дете.

Ниту една држава не пропаднала поради растур на фамилии. Рим функционирал на ист начин пред да пропадне над 500 години, но потоа се појавиле сили посилни од него и го уништиле. Во светот денес нема поголеми сили од Америка, Европа и Русија, а нивната економија и политика е заемно поврзана. Ако пропадне една со себе ќе ги повлечче и другите.

Само што тоа никогаш нема да се случи пред се поради фактот дека тие имаат толкава воена сила што никој со нив не може да се замери. А ако навистина дојде до некоја голема финансиска криза европа и америка ќе го направат тоа што го знаат најдобро , ќе ги нападнат поразвиените муслимански земји каде се наоѓа нафтата и ќе ги освојат. Секоја жена ја интерсира да има потомство, само што условите сега се сменија. Од жените се бара да можат најпрвен да изградат кариера,а потоа да можат да имат деца процес кој не е толу лесно остварлив. За тоа има решение но како и секогаш најголем проблем се заостанатите гледни точки кои цело време го пречат развојот. Зошто не е дозволено речиси никаде во свет да се има сурогат родител,и да се донираат јајце клетки. Со оваа можност постарите жени би можеле да подигаат семејства по изградувањето на кариерата. И само да ти биде појасно квалитетот на животот носи кон напрдок не кон пропаст.

Што се однесува до хомосексулаците кој ги спомна нив ги имало константно низ историјата, како што ги има и во муслиманските земји акде се казнува тоа со смрт. Нема ниеден доказ дека нивната бројка расте, расте само нивната прифатеност од општеството. Знам дека некој би сакал да ги види на клада затоа што не може да разбере, но можеби и јас сакам да нема неписмени луѓе ама тоа е што да се прави.

И наместо да се посочуваат како проблем зошто не се посочат како една од можностите за излез од малиот раст на популацијата. Милиони хомосексуални парови би сакале да имаат деца. Во Америка каде е дозволемо да има сурогат родители процентуално повеќе Геј двојки се изразиле дека сакаат да имаат деца отколку стрејт. Ова особено важи за до пред 30 години бидејќи е покажано дека тие парови се многу поемоционало и поекономски стабилни од традиционалните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom