Имам одлична библиотека. Дедо ми, кој уште е жив, покрај класиците, ми остави чудо од политичка, правна и економска литература. Имаше и философија, ама таа недека се изгуби.
Дел од истата е застарена и дотрајана. Ми остави и доста романи, на српско-хрватски јазик. Тие полици со книги, станува збор за неколку илјади книги, ми ја всадија љубовта кон книгата, иако нешто покасно во мојот живот исплива на површина (за тоа пишував на ДК). Беше отсекогаш присутна, ама блага и невидлива.
Сакам да мешам и жанрови и вкусови, сакам и стручна литература, но и (авто)биографии. Така лично мојата библиотека се состои од релативно понови изданија, затоа што релативно скоро и почнав да ја правам (имам околу, лично мои, 500 книги). И не е тоа дека се правам начитан, туку уживам во своето хоби, уживам во книгите.
Порано имав многу повеќе слободно време, сега не толку, па и бројот на книги кои ги читам е редуциран, и гледам да го читам она што ќе ми го задржи интересот, вниманието и фокусот. Така ги баталив маратоните од по 500+ страни.
Штета што книгите не ми се систематизирани. Библиотеката која ми ја остави дедо ми е во подрум, дел е и во пакети, а мојата е во плакар! Направив простор за полица во спалната, се надевам дека наскоро ќе ја поставам, а можеби и ќе ја фотнам.
На оваа тема ги заборавивме клуб картичките. Има и скалести попусти и фиксни. Само од Арс Ламина немам картичка, ами онака ги посетувам само и само кога имаат попусти. Или-или не знам дали даваат, во случај да даваат, и од нив немам.
Ги заборавивме и дебелите корици. Сем дел од класиците и дел од книгите на англиски, не сум видел книга со дебели корици! Не мора да е шиена, нека е лепена, ама нека има тврд повез. Па и онаму каде го има, се доплаќа доста поскапо (100+ ден!).
Ги заборавивме и веб страните на српски (Лагуна), каде имаат фантастични сезонски попусти.
Најголем проблем, како што напишав и на темата ХП, ми е долгата листа на желби и афинитети, а цените на повеќето книги се доста солени. Мора малку да го спуштат стандардот. Убави се сите тие едиции, каде на дел не треба да се плаќаат авторски права (мислам дека 99 год е рокот, ама одамна дебатирав за тоа и не се сеќавам најдобро)! Спушти топка, намали цена. Во спротивно сите ќе купуваат книги на српски (како што го носи Матица она што не успеало да се продаде на Саемот во Србија за 150-200 ден, дури и со тврд повез). Па и Топер (сега има Агата за 150 ден, а Арс 380!). Или на англиски.
Пазарот бара супститути, мора да имаат подобар маркетинг тим. Мора да го знаат тоа.
пи.ес. Дали од bookland го повлекоа попустот на книгите на Арс Ламина додека траеше Саемот или се трипам!? Беше активен само неколку дена!