Дали треба да се остава бакшиш?

Дали треба да се остава бакшиш?

  • Да

    Гласови: 127 70,2%
  • Не

    Гласови: 54 29,8%

  • Вкупно гласачи
    181

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Зборувам за ресторан кањон матка, венето, и дежа ву и соул кичен бар.Другиве ми се сите во ист кош горе доле.
За цените се согалсувам но да не ја ширам темата во друга насока.Харизматичните луѓе добиват бакшиш, само треба да знаат да го искористат тоа.
Од тие што си ги наброил во Соул Кичен имам влезено повеќе пати и не е ништо различно од останатите локали на кеј во поглед на услуга, едниот пат ме заборавија повеќе од половина саат воопшто да ме прашаат дали ми се јаде или ми се пие нешто, влегуваш внатре, си седнуваш, никој не ти носи ни мени, ниту те прашува за кој к си влегол, абе лепота.
Тоа е она што недостига во многу локали, услугата и харизмата што треба да ја има вработениот кога те услужува. Не само во овој бизнис, туку и во останатите, луѓето тоа што се лошо платени или незадоволни од газдата го префрлаат кон клиентот, што ако има професионалност не смее да се случи никако. Келнер како и останатите работи кои вклучуваат интеракција со клиентела е тешка работа и ќе видиш секаков народ, но да ми дојдеш смуртен на маса или со однос како да те заболе курац за се околу тебе е непрофесионално.
Он на темата, ако односот е добар и професионален ок е да се остави бакшиш, иако мислам дека кога се работи за храна тој бакшиш често го оставам поради тој во кујната, а не за келнерот, некогаш и за двете услуги ако се добри, иако знам дека кога го оставам бидејќи сум задоволен од кујната никогаш нема да заврши на правото место, мислам дека е добро да се има сандаче на излегување каде што ти ќе одбереш дали ќе го оставиш бакшишот во сандачето од келнерот или во тоа од кујната.
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Kaj nas vo pogolemite kafici/kafeani veke si naplakjaat prinudno baksis koga e pivoto 80 den, im davas 100ka i ti vikaat nemas nesto positno bidejki nemam kusur da ti vratam?
 
F

Flatter

Гостин
Имам јас поима, ти само врска немаш што зборуваш, апчињата си ги помешал нешто.

КЕЛНЕРОТ мора да има пристојно однесување кон сите кој влегуваат во ресторанот, ТОА МУ Е РАБОТА. Јас не сум центарот на светот па да биде љубезен кон мене и да ме почитува како ГОСПОТ.

СОСЕМА нормално е келнерот да биде љубезен и да ги почитува луѓето кој влегуваат во самиот локал да порачат некоја услуга.

НЕ СЕ СЕЌИРАЈ нема да му падне јазикот доколку кон клиентите во локалот се обрати со "Повелете Што Ќе Порачате" затоа што тоа му дел од работата, нема ништо овде лошо или бедно што ќе биде љубезен кон некоко и онака тоа му дел од работата. Нема ништо овде понижувачки или засрамувачки тоа тој сосема си ја работи работата чесно.

ЗНАЧИ тој е платен да биде љубезен и со почит да се однесува кон мене, не само кон мене и кон сите останати кој влегуваат во тој локал да нарачат одредена услуга.

Ти појма немаш зошто се остава бакшиш, затоа вака зборуваш. Бакшиш е награда за почитта што "вработениот" ја има и покажува кон тебе повеќе од "предвиденото". Бакшиш не се остава затоа што мора, туку затоа што ТИ си посакал да НАГРАДИШ некој поради неговото однесување. Станува збор за личен однос човек со човек, а не клиент со ... (одбери професија)
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Зборувам за ресторан кањон матка, венето, и дежа ву и соул кичен бар.Другиве ми се сите во ист кош горе доле.
За цените се согалсувам но да не ја ширам темата во друга насока.Харизматичните луѓе добиват бакшиш, само треба да знаат да го искористат тоа.
Во Соул сами си земаат бакшиш, ако треба да ти врати 120 денари тие ти враќаат 100. Не знам стварно како може на кеј да седите, толку дигнати фаци нигде немам видено.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Во Соул сами си земаат бакшиш, ако треба да ти врати 120 денари тие ти враќаат 100. Не знам стварно како може на кеј да седите, толку дигнати фаци нигде немам видено.
Види, ако некој ми врати 100 денари а треба да ми врати 120 фино лепо ќе му кажам да ми ги врати и тие 20. Ако не го направи тоа ќе направам таков скандал што неколку години потоа ќе се зборува за тоа. Не знам што ви е филмот со келнерите и невраќањето пари, ама барем со тоа многу лесно може да се справи човек. Јас редовно оставам бакшиш каде и да одам, не голем, но оставам, освен ако баш проба да ми ја направи финтата со немам ситно. Тогаш седам во локалот додека не добија до денар кусур.
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Цела мк во локалите цените за било кој порачан пијалок, се најниска х 3 од набавната па оди нагоре, за храната математиката на газдите започнува од х 4.
За кафето е некаде х 10/20 зависно од локацијата.
Е во таа угостителска нелогика и математика се вклучени, кирија, сметки, плати и профит за газдата.
Бакшижот како категорија сам по себе ми е толку одвратен сам по себе што речиси и никаде не оставам, затоа што на келнерот тоа му е работа.
Друга причина поради која не оставам, ако заседнеш и испиеш две три пијачки повеќе детално треба да си ја проверуваш сметката а до сега се нема случено да не се обиделе да натпишат па макар и една пијачка, ова се случува насекаде низ мк.
Затоа нека си преговараат за плата со газдата, јас еднаш веќе сум го платил два пати немам намера.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Штoзнaм дo сегa не се сеќaвaм дa ми се десилa финтaтa "немaм ситнo". Oбичнo кaде и дa сум oдел келнерите биле пристoјни и не ме укрaле нa сметкa.

Зa бaкшиш oбичнo oстaвaм 20-50 денaри кoлку дa јa зaoкружaм сумaтa. И пo 10 денaри дa му oстaви секoј гoстин нa крaј нa денoт нa келнерoт ќе му излезе еднa дневницa плус пa ете би се сoбрaлa плaтaтa кoјa јa зaслужувaaт.

Инaче кaј нaс мнoгу пoтценувaчки се гледa нa прoфесијaтa келнер. Келнерoт е секoгaш крив кoгa нештo не чини, без рaзликa дaли шaнкерoт или кујната зaебaле рaбoтa.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Види, ако некој ми врати 100 денари а треба да ми врати 120 фино лепо ќе му кажам да ми ги врати и тие 20. Ако не го направи тоа ќе направам таков скандал што неколку години потоа ќе се зборува за тоа. Не знам што ви е филмот со келнерите и невраќањето пари, ама барем со тоа многу лесно може да се справи човек. Јас редовно оставам бакшиш каде и да одам, не голем, но оставам, освен ако баш проба да ми ја направи финтата со немам ситно. Тогаш седам во локалот додека не добија до денар кусур.
Секако дека ќе го чекам кусурот само зборот ми беше дека не треба да им се влегува никогаш. И не ја прават финтата со немам ситно туку во очи ти кажуваат дека тие 20 денари се бакшиш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Секако дека ќе го чекам кусурот само зборот ми беше дека не треба да им се влегува никогаш. И не ја прават финтата со немам ситно туку во очи ти кажуваат дека тие 20 денари се бакшиш.
Не знам што прават во Скопје, но ако во очи ми каже дека тие 20 денари му се бакшиш ти гарантирам дека ќе ми ги врати во рок од 30 секунди.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
... со самото тоа што не му барам фискална сметка (најчесто даваат обична ,,паралелна сметка,,) тоа е доволно да си имаат цел пероснал бакшиш од тоа, иако често ми даваат само мене фискална мислејќи дека сум од некоја УЈП „тајна контрола“ :)
а тоа што ако „тој што служи“ ги исполни сите мои барања и желби „мој бакшиш“ ќе биде мојата повторна редовна посета како и препорака на другите, било да е кафич, ресторан,бар, пицерија, слаткарница... :smirce:
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
А сите се буните кога банката ќе ви наплати 30-тина денари годишно за одржавање на сметка.
...
Не викам дека бакшиш е добро или лошо, ама многу е полошо кога луѓето во ресторанот живеат за тој бакшиш, тоа значи дека газдата на ресторанот е многу лош.
Тој надомест од банката е ставка што ја имаш уште во старт. Не мешај јаболки и портокали, што би рекле Амери. За второто се согласувам. :)[DOUBLEPOST=1532881795][/DOUBLEPOST]
Имам јас поима, ти само врска немаш што зборуваш, апчињата си ги помешал нешто.

КЕЛНЕРОТ мора да има пристојно однесување кон сите кој влегуваат во ресторанот, ТОА МУ Е РАБОТА. Јас не сум центарот на светот па да биде љубезен кон мене и да ме почитува како ГОСПОТ.

СОСЕМА нормално е келнерот да биде љубезен и да ги почитува луѓето кој влегуваат во самиот локал да порачат некоја услуга.

НЕ СЕ СЕЌИРАЈ нема да му падне јазикот доколку кон клиентите во локалот се обрати со "Повелете Што Ќе Порачате" затоа што тоа му дел од работата, нема ништо овде лошо или бедно што ќе биде љубезен кон некоко и онака тоа му дел од работата. Нема ништо овде понижувачки или засрамувачки тоа тој сосема си ја работи работата чесно.

ЗНАЧИ тој е платен да биде љубезен и со почит да се однесува кон мене, не само кон мене и кон сите останати кој влегуваат во тој локал да нарачат одредена услуга.
Повторно ќе ти кажам: НЕ знаеш што е бакшиш! Ако ти е криво што на тој начин келнер "заработува" плус пари, не давај. Сите вртите околу истото, ќе се збогателе келнери, шанкери, на бензинска и останати. Ало Франкфурт, ако седнеш на шанк и нарачаш пиво и шанкерот сам ти даде кикирики што нема да ти ги наплати...ако седнеш да пиеш кафе и келнер/ка ти "ували" чоколатце во тацната...кажи ми дека нема да оставиш бакшиш и да завршиме. За 30-50-100 денари "преплатено" ќе те третираат како КРАЛ. Секогаш ќе бидеш прв услужен, секогаш ќе добиеш најдобра маса, највкусно кафе, најискрена насмевка...кога ќе видиш скиснат келнер/ка во некој агол, а на твој повик доаѓа со насмевка (каква, таква), па да му е..м матер, заслужува плус пари! Не од газда, не од процент на продадено, туку од мене, тебе и сите останати на кои им го прави денот убав. На крај, парите се твои. Троши ги како сакаш.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Другарка во еден познат Охридски кафич , како келнерка 10 000 вкупно бакшиш имала пред некој ден.
Има доста пари на лето во охрид посебно ако келнерката е некоја јака затегната женска ..
 
Член од
27 август 2016
Мислења
32
Поени од реакции
12
Не:

Не е моја одговорност јас да плаќам на вработените во објектот. Зошто само не ги направат цените поскапи (на веќе високите цени во кафичите) и да ѓи плаќаат вработените повеќе, ем ќе имаат повисока пензија, ем ќе имаат стабилни примања.

Бакшиш и типување е нешто што треба со закон да се забрани.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Во Соул сами си земаат бакшиш, ако треба да ти врати 120 денари тие ти враќаат 100. Не знам стварно како може на кеј да седите, толку дигнати фаци нигде немам видено.
Имаат убава храна со прифатливи цени(пилешки прст мх мх ).До сега не се десило недоразбирање.Келнер/ките ми делуваат фино, и секогаш заокружувам на цената.Јас не се замарам со дигнати фаци, претежно сум со девојката и си имаме наш муабет.

Денес бев во ганза на ручек и сметка од 580.Дадовме 1100 ради полесно на кусур да ни вратат 500.И го гледам оди до чардак (локалот до нив), па до тие карши ... на крај доаѓа и вели дечки извинете немав ситни уште 20ден а и комшииве немале ..Нит се напнав нит се изнервирав, и онака тие беа планирани за него.Но пред мои очи го видов како отиде да побара ситни.Затоа ги почитувам како гостилница и со квалитет и со услуга.
[DOUBLEPOST=1532889035][/DOUBLEPOST]
... со самото тоа што не му барам фискална сметка (најчесто даваат обична ,,паралелна сметка,,) тоа е доволно да си имаат цел пероснал бакшиш од тоа, иако често ми даваат само мене фискална мислејќи дека сум од некоја УЈП „тајна контрола“ :)
а тоа што ако „тој што служи“ ги исполни сите мои барања и желби „мој бакшиш“ ќе биде мојата повторна редовна посета како и препорака на другите, било да е кафич, ресторан,бар, пицерија, слаткарница... :smirce:
Опасна женска си :pos:.Дај не е.и келнерите што се криви ако газдата е мучкарош.[DOUBLEPOST=1532889440][/DOUBLEPOST]
Од тие што си ги наброил во Соул Кичен имам влезено повеќе пати и не е ништо различно од останатите локали на кеј во поглед на услуга, едниот пат ме заборавија повеќе од половина саат воопшто да ме прашаат дали ми се јаде или ми се пие нешто, влегуваш внатре, си седнуваш, никој не ти носи ни мени, ниту те прашува за кој к си влегол, абе лепота.
Тоа е она што недостига во многу локали, услугата и харизмата што треба да ја има вработениот кога те услужува. Не само во овој бизнис, туку и во останатите, луѓето тоа што се лошо платени или незадоволни од газдата го префрлаат кон клиентот, што ако има професионалност не смее да се случи никако. Келнер како и останатите работи кои вклучуваат интеракција со клиентела е тешка работа и ќе видиш секаков народ, но да ми дојдеш смуртен на маса или со однос како да те заболе курац за се околу тебе е непрофесионално.
Он на темата, ако односот е добар и професионален ок е да се остави бакшиш, иако мислам дека кога се работи за храна тој бакшиш често го оставам поради тој во кујната, а не за келнерот, некогаш и за двете услуги ако се добри, иако знам дека кога го оставам бидејќи сум задоволен од кујната никогаш нема да заврши на правото место, мислам дека е добро да се има сандаче на излегување каде што ти ќе одбереш дали ќе го оставиш бакшишот во сандачето од келнерот или во тоа од кујната.
10 тина пати го имам посетено локалов, најчесто викенди и за време на ручек кога е гужва.Не сум имал вакво искуство лошо, но затоа Дион е типична селска биртија со лош персонал и лоши газди.Таму не бакшиш, не требаше сметкта да им ја платам.....
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Опасна женска си :pos:.Дај не е.и келнерите што се криви ако газдата е мучкарош.
...му велам, ај ако сакаш една лута пиперка со магданос, лукче итн... ми носи,ама блага, ај да не правам проблем ја јадам, ама ми се јаде љута и јас пак...ај ако сакаш една лута пиперка со лукче, магданос... ми носи пак блага, ај ако сакаш една газирана вода.... ми носи минерална негазирана.... ако сакаш скарата да биде чиста ем неизгорена...тој ми носи црнила изгорена демек модерно со барбикју.... ај ако сакаш дај ми јаболков оцет за салатава? нема, има само балсамико... зашто ми ја земаш чинијава, немаш друг прибор? ако дојадам или не - е мој проблем, кога ќе си одам тогаш собери ја масава, додека јадам нема да чепкаш ништо ... дали имаш собна температура сокови? НЕ..само грч ладни! ... и ? јас да му оставам бакшиш за што? и што е крив тука газдата кога тој треба да даде наредба во кујната за желбата на гостинот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom