Дали сум јас предавник ?

Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
1. Поради тоа што не се слагам со многу работи кои што ги прави владеачката куро-партија со перманентно перење и затупуење на и онака „просветлен„ народ.
2. Поради тоа што сметам дека ова преминува во шовинизам и е исто со тоа што го прават нашите комшии.
3. Поради тоа што сметам дека владеачката партија не направила апсолутно ништо за подобрување на економскиот живот во Македонија, напротив.
4. Не враќа во древно време, каде луѓето верувале на крави кози и триста глупости.
5. Поради тоа што сметам дека владата или било која друга политичка партија ја заболе баш дали ние ќе одиме у европа или не, тие си имаат дипломатски пасоши и можат да идат на сиртаки во Солун
6. Поради тоа што сметам дека Миленко е едно големо ѓубре со неговите емисии каде што го пере мозокот на народот за да го сака диктаторот грујо, Хаил Зиг!
7. Поради тоа што не се прави воопшто никаква борба против криминалот во Македонија, туку се тоа е само една фарса за замачкување на и онака тупав народ кој е програмиран, сам да не може да мисли.
8. Поради тоа што сметам дека спомениците што се прават се тотално непотребни и сметам дека е потребно да се работи за подобра иднина на овој мутиран народ.
9. Поради тоа што сметам со законите што се воведуваат како на пример оној за прислушкување кој се лапна кај нас без на некој око да му трепне и без да ги знае последиците од тоа.
10. Поради тоа што сметам дека владата го продолжува само она што другите го правеа.
11. Поради тоа што сметам дека владата не прави апсолутно ништо во врска со името и не може да прави.
и ред други работи.

пс. да не заборавиме, јас глупавиот, лично дадов огромна подршка за финансираниот протест од владата во врска со името кој и онака беше уништен повторно од владата наводно со некои каубојци шо запалија некој контињер со ѓубре на улицата, притоа изопачувајќи ја вистината и напаѓањето на опозиционата партија ако се сеќавате со гомнојадецот Латас, прикажувајќи го контињерот запален со ѓубре и обрнувајќи му толку многу големо внимание на тој смрдлив контињер наместо на тие триесетина илјади овци собрани на протест за да докажеме дека владата ја има подршката во врска со името.
итн. итн. итн.


ДАЛИ СУМ ЈАС ПРЕДАВНИК!?


Ајде ботови, навалете! :)
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Не си предавник, ама во случајов и не си во право.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Ти си како мене ист...наивен и со крстот на челото Македонец, кој на оваа држава и народ и го мисли најдоброто.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ne si predavnik.
Ti si protivnik. Samo neznam cij. Ako si protivnik na vladata vo red, i toa nema nikakva vrska so predavstvata makedonski. Ako si protivnik na ovoj " онака тупав народ кој е програмиран, сам да не може да мисли"..."овој мутиран народ".. "и онака „просветлен„ народ"... "каде луѓето верувале на крави кози и триста глупости"...
TOGAS SI PREDAVNIK i ne mozes da bides nisto drugo.:toe:
Samo neznam sto si pa ti tolkuvazen sto treba da te tesime na forumov. Vakvi teski psihosituacii najdobro bi bilo sam da gi resis.
pozdrav
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
659
Поени од реакции
559
Не си предавник, само си побаеги искомплексирана и недоволно информирана личност.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Фала богу дека си предавник.
Мнозинството не трпи критики затоа што така се нарушува конформитетот на стадото.

Дефиниција за предавник (на форумов и во државава):
Кога барем и во една мисла или реченица не се согласуваш со мнозинството, или не премолчуваш некои работи, тогаш си предавник и изрод.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Форумов е само рефлексија на она што денес се случува во Македонија.
Елиминација на индивидуализмот и секое друго мислење или став кој се коси со ставовите контролирани од центрите на моќ, што ќе значи контрола врз слободно искажаниот збор и мисла, што па од друга страна води кон монополизација на правото на размисување.
А сето ова погоре води само кон една насока која се нарекува едноумие.
А јас искрено би сакал наместо тропање едни исти излитени и празни фрази, "патриотиштата" барем на 5 минути да ги симнат розевите наочари, и да демантираат барем некоја точка наведена во темава.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Не си предавник, само си побаеги искомплексирана и недоволно информирана личност.
Kога се немаат аргументи се мава на лупање глупости...

ајде каде се другите ботови
Бараат аргументи, ама слабо им иде...

Фала богу дека си предавник.
Мнозинството не трпи критики затоа што така се нарушува конформитетот на стадото.

Дефиниција за предавник (на форумов и во државава):
Кога барем и во една мисла или реченица не се согласуваш со мнозинството, или не премолчуваш некои работи, тогаш си предавник и изрод.

А ако сака некој да излезе од стадото тогаш е предавник, макар тој некој имал право во врска со дадената ситуација ?

Ако тоне бродот,а капетанот прв го напушти тој брод и полека се откажува од ситуацијата која го снашла, дали и останатите кои тонат со него ќе продолжат да бидат под негова закрила или фино ќе го напуштат бродот кој тоне ? Дали тоа ќе ги направи предавници ?
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Не си предавник.Тие што ги спомна во постот, нив подобро би им стоел тој епитет.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
659
Поени од реакции
559
Kога се немаат аргументи се мава на лупање глупости...


Ај сега кажи ми како подруго да наречам личност кој на својот народ му дава епитети како “просветлен„ народ, тупав народ кој е програмиран сам да не може да мисли, мутиран народ, освен како комплексирана личност која има комплекс на интелектуална супериорност во однос на другите припадници на македонскиот народ.

Како да наречам личност ако не неинформирана ако тврди:
Не враќа во древно време, каде луѓето верувале на крави кози и триста глупости. (кога никогаш во Македонија не се верувало во крави и кози). Или пак:
Поради тоа што сметам дека владата или било која друга политичка партија ја заболе баш дали ние ќе одиме у европа или не, тие си имаат дипломатски пасоши и можат да идат на сиртаки во Солун. ( кога и покрај дипломатскиот пасош ако го имаш, пак ти се потребни визи за одредени земји ако одиш во приватна посета.) :toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Аууу, чоек, ти си 'предавник' по сите 11 точки.

Сега да се појават 'патриотиве' ќе ти 'објаснат' убо, a тоа што го нарече Миленко за ѓубре е смртен грев, ако не друг, тогаш VOLK2234, ќе ти пресуди по кратка постапка.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Или не му е ден на мали и нешто е изнервиран или па некој му го хакнал акаунтот, друго нема.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Хехехе човекот си ги кажува маките, па уште и го дупат од страна дека не му бил денот.:vozbud::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom