Неофашизам во Европа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Amnaesiac
  • Време на започнување Време на започнување
Ја би ипак директно и без обланди.
Во Македонија дефинитивно постојат елементи на фашизам, а грција не може да биде изговор за се' што се случува во државава.

Реален темава нама ама баш ништо со тоа дека некој рече дека фашизмот или неофашизмот во некоја соседна или подалечна држава е изговор за што и да се случува во државава.
А пошто гледам почнуваш да отупуеш (дали е поради изборите или не незнам) експлицитно во детали ќе ти опишам за што е темава: Темава е за фашистички односно неофашистички движења во европа односно во европските држави а НЕ како тие движења се одсликуваат, влијаат или се интерпретираат во нашата држава.
 
Како прво, грубо елиминирање на индивидуализмот.
Ај сеа...И ја можам таква конструкција неоснована да смислам за било што.

Примери бе друже...Поткрепи со нив.
 
тоталитарен, екстремно националистички политички систем, во кој државата контролира се и ја потиснува опозицијата, како и залагање за таков систем

требаше да ја крстам неофашизам

тоталитарен - как е во Македониjа?
екстремно националистички политички систем - как е во Македониjа?
во кој државата контролира се и ја потиснува опозицијата - как е во Македониjа?
 
Неофашизмот е одговор на профитабилната логика на капитализмот. Капитализмот како систем профитот го става како врвна вредност, а не националните интереси, и капиталистите сакаат евтина работна сила и затоа вработуваат емигранрти кои повеќето се од исламските земји и цената на трудот паѓа поради таа нелојална конкуренција. Оттаму разбирлив е револтот на неонацистите кои сакаат да имаат предност во својата држава ( да се биде националист во своја држава не е грев!) но владеачките структури немаат смисла за национална стратегија, бидејќи единствено работничката класа е највеќе засегната и заинтересирана за нацијата и нејзините интереси. Оттаму неонацистички скинхедси, кои се чувствуваат загрозено од нелојалната конкуренција на секакви дојденци. Исто е и со Македонија, но нема сериозна сила која ги штити националните интереси, бидејќи капитализмот не прави национална селекција, затоа ќе видите како родени македонци се сиромашни или невработени, а разни дојденци се поинтегрирани во владеачките структури на општеството. Но не ни е никој крив, кога власта нема смисла за држава, а Хегел има кажано дека народ кој нема држава не заслужува да се нарече народ. Поентата и е во Германија предност при вработување треба да имаат германците, во Франција французите, во Македонија македонците, но не е така, и затопа се јавува неонацизам. Значи таа омраза не е туку така затоа што ги мразат другите или имаат предрасуди и стереотипи, туку едноставно заштита на своите интереси!
 
тоталитарен - как е во Македониjа?
екстремно националистички политички систем - как е во Македониjа?
во кој државата контролира се и ја потиснува опозицијата - как е во Македониjа?

тоталитарен - НЕ е така
екстремно националистички политички систем - НЕ е така
во кој државата контролира се и ја потиснува опозицијата - НЕ е така
 
ngnannuanuenaunaun,
перманентен, поради отворање на нов јузер.

Про-сид.
 
Ај сеа...И ја можам таква конструкција неоснована да смислам за било што.

Примери бе друже...Поткрепи со нив.
Па штотуку ти наведов пример.
Елиминација на индивидуализмот и секое друго мислење или став кој се коси со ставовите контролирани од центрите на моќ, што ќе значи контрола врз слободно искажаниот збор и мисла, што па од друга страна води кон монополизација на правото на размисување.
А сето ова погоре води само кон една насока која се нарекува едноумие.

Доволно јасно ?
 
да мислам дека е...

спрега на невладини, пропали експерти, професори, печатени и тв медиуми..мислам дека е јасно

GERO%2002_resize%282%29.jpg
 
Како прво, грубо елиминирање на индивидуализмот.

индивидуализам......нели 45 години и декларативно ,значи не само практично, него и системот 45 години деклариран како еднопартиски не дозволуваше ништо сем една опција , член на партија,титови пионери ( памтам ко ми ставија мармата дете од 6 год,појма немав зошто), сите во петок во 20 часот серија, во сабота едини иран филм, сите деца исто се понашавме со исти херои ( сите штрумфови), моравме да сме претплатени на ``кекец``, во школството предмет марксизам........е тоа беше елимнација на индивидуализмот.

самиот факт што јавно обвинуваш појава која ја сметаш за таква, делуваш легално за своја заложба, имаш можност еден настан да ти го сервираат од повеќе агли е само доказ дека индивидуалноста која патем никој не ти брани да ја канализираш во некоја организација ( невладина, политичка партија и сл) не е загрозена. Можеби е загрозена политичката опција која ја милуваш најповеќе поради своја вина, али тоа не значи дека треба да се алибира сопствениот неуспех со памфлет ``погазена индивидуалност``

п.с. јас би бил пресреќен кога би ја потчиниле индивидуалноста во корист на колективна национална агенда, ама за жал сеуште не е тоа така.
 
Најголем раст на неонацизам има во Русија,ова грчка,западна европа(австија,германија,франција) добро франција со партијата национален фронт се држи добро и германците имаат слична партија али тие се гола вода во споредба со русите.
 
Ај сеа...И ја можам таква конструкција неоснована да смислам за било што.

Примери бе друже...Поткрепи со нив.

Елиминирање на кандидати за председателските избори кои се дрзнале да не го послушаат пастирот,пример ти е Љубе Бошковски,уште еден судски процес пред изборите.....
Наградување на послушниците пример ти оној СоколЧЕ кој нели како ``независен`` кандидат не им дозволи на просветарите од неговата општина да штрајкуваат и додека траеше штрајкот типот 100 пати го дадоа на МКТВ ,за да докаже дека ете и ``независните`` градоначалници не го подржуваат штрајкот бидејќи е неоснован.За по еден месец пастирот го награди со повторно кандидирање за градоначалник но сега како кандидат на ВМРО ДПМНЕ...
 
Па штотуку ти наведов пример.
Елиминација на индивидуализмот и секое друго мислење или став кој се коси со ставовите контролирани од центрите на моќ, што ќе значи контрола врз слободно искажаниот збор и мисла, што па од друга страна води кон монополизација на правото на размисување.
А сето ова погоре води само кон една насока која се нарекува едноумие.

Доволно јасно ?
Благодарам за лекцијата околу слободата на говор и изразување, ја знаев и без тоа.
Проблемот е што ова повторно НЕ е конкретен пример. А, уште помалку индиција на нео-фашизам.

Посочи ми случаи во кои одредени новинари и интелектуалци биле репресирани и било постапувано незаконски со нив, само затоа што искажале став кој се коси со одреден центар на моќ.

И поважно...За да наречеш нешто нео-фашистичко, постои фин список на "симптоми" кои дефинитвно не се ограничуваат на твојата една и единствена претпоставка.

Елиминирање на кандидати за председателските избори кои се дрзнале да не го послушаат пастирот,пример ти е Љубе Бошковски,уште еден судски процес пред изборите.....
Наградување на послушниците пример ти оној СоколЧЕ кој нели како ``независен`` кандидат не им дозволи на просветарите од неговата општина да штрајкуваат и додека траеше штрајкот типот 100 пати го дадоа на МКТВ ,за да докаже дека ете и ``независните`` градоначалници не го подржуваат штрајкот бидејќи е неоснован.За по еден месец пастирот го награди со повторно кандидирање за градоначалник но сега како кандидат на ВМРО ДПМНЕ...
И да претпоставиме дека ова е така...Не мешајте политички игри на моќ, присутни кај секоја власт до сега, и тоа во светски рамки, со нео-фашизам.
Има огромна разлика помеѓу двете.
 
Ај малку за историја и настанокот на фашизмот(не национал социјализмот,не е исто,но слични општества се)
Значи Фашизмот се појавува во Италија од новинарот(кој немал друга работа)па решил да глуми диктатор,мистер Бенито Мусолини
Кога ке го спомнат зборот Фашист или Фашизам луѓево толку многу се згадат што си мислат дека тој збор означува нешто како националист или убица,или пропагатор или угнетувач на народи итн.
Зборот Фашизам доаѓа од зборот fascio што означува сноп,или во политичкиот речник обединување на народот.
Симболот на фашистите не е свастиката(како на национал-социјалистите)туку сноп со секирче
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/46/Fasces2.png
Разликите во уредувањето помеѓу Фашистите и Нацистите е тоа што Нацистите силно се предаваат на Фирерот(популистичка доминација на еден човек).
 
кај нас како да не се прави разлика помеѓу патриотизам, национализам, фашизам, расизам, шовинизам......
само етикети да се лепеле....:toe:

а и да! На такви како Героски, Фрчкоски.. би им забранила да постојат... а не да зборат...
фашиста а?? :tv:
 
Овие се најголеми фашисти во Македонија,и дефинитивно им нема конкуренција.
Тие се оние кои што сакаат да збришат цела маса народ ,цела милениумска историја.Тие величат една раса, само што наместо ариевската,тие ја величат словенската.Тие се словенофашисти.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom