Дали сте среќни?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Можам да кажам дека сум среќна, да. Кога го гледам мојот живот, кога се гледам самата каде сум и што сум. Тоа ме исполнува и ме прави среќна, да.
Но, има работи кои секогаш ме растажуваат. Знам дека тие никогаш нема да се така како што јас сакам, па затоа барем на моменти ги тргам од мисли. Значи, само тогаш, кога ги живеам само моите моменти, уживам во мојата среќа ... цело останато време жалам по туѓите несреќи.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Ха,срекен сум.Можда?...Не знам.На моменти сум во последно време.Има некои зраци кои животот го прават интресен.Ама никако да се вратам на тоа што беше.Многу повеке ми треба сега за да бидам срекен од порано.Поинаку е...сега треба да ја очекувам среката,да се борам за неа...да страдам за неа.И кога ке дојде на крај,дали ке можам да уживам во неа после толку искушенија?...Не знам.Во секој случај,баш би сакал да биде како порано.Толку малку потребно,за толку многу срека.Задоволство.Уживаш комплетно во неа.Знаеш дека нема така брзо да помине,а и знаеш дека не ти се телото и умот распарани од рани додека си дошол до неа.Можеби треба да целам на тоа?...Ми недостига топлината.Сонцето.Ме задушува есента.Секогаш е така.Депресивност.Никогаш не сум уживал во ладното,макар што сум роден на најладниот ден од годината:pos2:.Ај,си посакувам срека,ке дојде каде и да е...неможе да ми бега толку време.Долго беше со мене,веројатно и недостигам.Мисли на мене моментално.Ке се врати.Мојата мила срекичка.
Си го претварам форумов во личен дневник.Се извинувам
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Прилично чудно ја перцепирам среќата. Понекогаш ми е само апстрактен поим, не можам да си го објаснам, дефинирам, ниту анализирам (што ме иритира), а понекогаш ја чувствувам како парче од себе и имам впечаток дека ме следи од секогаш. Во превод, не ја разбирам најдобро (веројатно и никогаш нема :icon_roll).

Не ми треба мотив за среќа. Ја наоѓам во се`, иако она вистинското допрва следува. Не ми било се` светло, нормално, животов во пар наврати ми има така добри шлаканици врзано, па уште стојам. И верувам дека и понатаму нешто ќе ми застанува на патот, до самиот крај, ама тоа е тоа што те тера на побрзо созревање и те учи. Составен дел е, не се бега од таква работа. А ова го кажува човек што не ги прифаќа работите лесно и едноставно.

Некогаш ми беше страв да кажам вакво нешто, ама среќна сум. Најмногу, кога сум причина за нечија туѓа среќа.
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
Ха,срекен сум.Можда?...Не знам.На моменти сум во последно време.Има некои зраци кои животот го прават интресен.Ама никако да се вратам на тоа што беше.Многу повеке ми треба сега за да бидам срекен од порано.Поинаку е...сега треба да ја очекувам среката,да се борам за неа...да страдам за неа.И кога ке дојде на крај,дали ке можам да уживам во неа после толку искушенија?...Не знам.Во секој случај,баш би сакал да биде како порано.Толку малку потребно,за толку многу срека.Задоволство.Уживаш комплетно во неа.Знаеш дека нема така брзо да помине,а и знаеш дека не ти се телото и умот распарани од рани додека си дошол до неа.Можеби треба да целам на тоа?...Ми недостига топлината.Сонцето.Ме задушува есента.Секогаш е така.Депресивност.Никогаш не сум уживал во ладното,макар што сум роден на најладниот ден од годината:pos2:.Ај,си посакувам срека,ке дојде каде и да е...неможе да ми бега толку време.Долго беше со мене,веројатно и недостигам.Мисли на мене моментално.Ке се врати.Мојата мила срекичка.
Си го претварам форумов во личен дневник.Се извинувам
aaaaaaa ne bas dobar post..samo nadevaj se i ke dojde.bidejki samo licnostute koi imaat pozitivni misli imaat i pozitivni i srekni migovi vo nivniot zivot.onie koi se negativci..sami si ja vikaat nesrekata.toa e fakt:toe:
don't worry posle dozdot doaga sonce SEKOGAS E TAKA!
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
Koga ke soberam se vo mojot zivot i plus vo cel moj zivot ima uste edna licnost zaradi koja sum presreken sto ja zapoznav mozam da kazam deka sum najsrekniot covek na planetata
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Да,можам да кажам дека сум среќна!Сето она што го правам и што моите најблиски го прават за мене ме прават среќна.Секој нов ден ме прави среќна.Има моменти во животот кои ме прават тажна,нервозна но не и несреќна.Некогаш сум повеќе некогаш помалку среќна,но тоа се моментални чувства за кои лично се трудам да не ме фрлат во депресија која би ме направила несреќна...
Среќата ја барам во се.И во најмалите и најнебитни работи во животот ја барам онаа искра која ме прави среќна...
Среќна сум и во моментов што сум во состојба да пишувам на форумов на темава...
 
Член од
31 октомври 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
"Najlosoto nesto koe moze da ti se sluci e za celi dva dena da bides postojano sreken-posle taa sreka ke cela godina ke bides nesreken"

Kolku e tocno sami otcenete. Nekoi mozat da si ja kupat koga ke mu pritreba:toe:
 

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
уфф релативно е ова со срекава.Еве цели 3 дена неможев да спијам од гнев, тага некоја болка , нервоза бе........

али па вчера се ми се среди и пак сум релативно срекна , не премногу но...http://www.warez-box.net/index.php/2007/06/07/number-23-2007-dvdrip/
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Среќата е релативна работа. Од оваа гледна точка не можам да кажам дека сум среќна или не. Постојат моменти кога чувствувам неизмерна среќа, но постојат и моменти кога сум разочарана и несреќна.
Она што можам да го кажам е дека сум задоволна со она што сум и што сум го постигнала досега. А за тоа дали сум среќна има уште многу да проживеам и поминам за да кажам дали сум била среќна или не.
 
С

Сатори

Гостин
.

Среќата е релативна?:nesvest:

Луѓето природно очекуваат да најдат среќа што всушност е и нивната најголема грешка ... блаженство, оххх духовно спокојство и задоволство.Финтата е дека сите нас различни работи не прават среќни, па тешко се поклопуваме, па несреќа.:vozbud:

Да се благословат Демокрит и евтимијата.
Амин!:star:
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
Среќата е релативна?:nesvest:

Луѓето природно очекуваат да најдат среќа што всушност е и нивната најголема грешка ... блаженство, оххх духовно спокојство и задоволство.Финтата е дека сите нас различни работи не прават среќни, па тешко се поклопуваме, па несреќа.:vozbud:

Да се благословат Демокрит и евтимијата.
Амин!:star:
aaa ako cekas ti da se pogodis so nekoj za da bides srekna naeba...
zboram za tvoja licna sreka..i mislam deka srekata ne treba da ni zavisi od nikoj dr osven od samite sebe,iako ponekogas ni zavisi od nekoj dr.
 

Orkad

The Master
Член од
5 октомври 2007
Мислења
1.010
Поени од реакции
10
точно дека пред се среката ни зависи од самите себе, но исто така среката е и релативна работа чие времетраење се брои во секунди
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не знам ултимативна дефиниција за среќа, така да не знам ни да кажам дали сум среќна.
Инаку многу нешта ми фалат. Многу нешта ме болат. Од многу нешта сакам да побегнам и уште од толку се плашам. Но затоа ја имам шансата да сликам и пишувам која често прави да мислам дека сум најсреќниот човек на светов. Дадено ми е и да имам шака луѓе околу себе кои прават срцево побрзо да ми чука и кои ми даваат причина за насмевка.
А кога ќе се осврнам околу себе и ќе видам човечка болка и мизерија, одеднаш ми изгледа кукавичко сето мое лигавење околу сопствената несреќа. Затоа што среќата може да ја оцениш единствено у споредба со другите.
Така да, да среќна сум. Многу повеќе од некој...многу помалку од некој.
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Pa da sreken sum . Ima nekoi raboti koisto bi mozele da bidat podobri no zadovolen sum so 90 posto od rabotite vo zivotot. Zivotot e premnogu kratok za da bides nesreken
 

Kajgana Shop

На врв Bottom