До ден денес не сфатив дали сум само премногу срамежлива или премногу здрвена или двете. Знам само дека премногу ми е тешко да се опуштам. Посебно во гужва, се губам меѓу луѓе и зборувам со 600 на саат, затоа што ми е така едно незгодно, па зборам за се и сешто. Најтрагично од се, што некои луѓе ми викаат ти си најопуштениот човек што го знам и се имам расправано и до ден денешен не ми веруваат дека сум срамежлива, некои ми викаат зашто си толку срамежлива.
Да не имам јас сестра близначка?
Не е дека не сум социјално суштество, сакам луѓе, ама понекад не знам како со нив.
Башка многу се вцрвенувам. По природа сум ептен бела и ептен се приметува кога ќе се вцрвенам од срам. Ко 5 години да имам. Ма и пудри и све, џабе, ко црвена пиперка сум, среќа само тие што ме знаат приметуваат, други може не знаат... Тоа може и највеќе ме нервира кај таа моја срамежливост ли е, здравеност ли е, кој да ја знае. Или ќе почнам да се фаќам за коса, па и цела вцрвенета...
Животна мистерија ми е, ич не се сфаќам во тој поглед. Не ми е проблем да зборувам пред полна просторија со луѓе, да предавам или да говорам нешто пред група луѓе, ама затоа стави ме во социјална ситуација, готова сум, се вцрвенувам, се гужвам како бакшиш, се губам понекад... А трагедијата е што многу луѓе имаат прв лош впечаток за мене, мислеле дека сум арогантна, а веза нема...
Не знам ни дали се надминува.
Од средно до сега додуша имам постигнато напредок, ама ме кочи доста.