Отсекогаш сум викала дека никогаш нема да плачам за дечко. Но, никогаш не вели никогаш (иако не ја оправдувам многу оваа изрека).
Кога се солзите во прашање, најчесто ги потиснувам што повеќе лошо, отколку добро. Јас не се сеќавам кога последен пат и за што сум заплакала пред некој друг. Во тој поглед се имам многу променето. Порано без проблем можев да заплачам пред другарки, но сега не. Сега ми се случува дури и пред моите да не заплачам, да не покажам слабост.
Чим толку се потиснувам пред другарки и родители да заплачам, можете да замислите дека за ништо на светов не би пуштила солза пред дечко. Ми се има случено да заплачам, но затворена во мојата соба, без никој да ме види.