Дали сте задоволни од животот во туѓина?

Член од
24 август 2011
Мислења
25
Поени од реакции
6
neznam kolku luge sledat sto se desava vo svetov....ama ima mnogu luge sto se vrakaat doma vo momentov od amerika i od drugi mesta...ekonomijata e sranje sekade...plus nikoj ne saka imigrantive da im gi zima rabotnite mesta vo amerika ili bilo kade na drugo mesto ...sekoja vlada gi zategnuva zakonite za imigranti i nivnite pravila da rabotat vo stranstvo...ke dojde vreme site da se vrakame od kade sme dosle...pozdrav
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
ретки се тие што се враќаат ... повеќето се жалат од странство, ама сепак остануваат таму ...
 
В

Вештерот

Гостин
Ајде и јас да дадам мислење на оваа тема.
Со пари сум релативно задоволен иако секогаш може повеќе нели. Мислам дека имав среќа(подолу пишува зошто ). Имам доволно пари за многу работи кои би можел да ги сонувам доколку останев во Македонија. И тоа е се што е подобро во странство отколку во Мк.
1. Проблемот со животот во странство е во тоа што си многу сам и осамен.Арно ама тоа некако се компензира со имањето повеќе пари. До кога и колку време можам духовните и емоционалните потреби да ги надоместувам со повеќе пари не знам. Тоа ќе покаже времето.
Луѓето во другите држави си имаат нешто поинакви начин на живеење и поинакви навики и обичаи. Втор проблем е затвореноста за странци.
Некако луѓето се ладни и ја немаат онаа дружељубивост како во Македонија (да го оставиме она упикување и лижење од корист на страна. Тоа не го рачунам.).
2.Во вторава точка ќе напишам што се проблемите на многу луѓе со кои сум разговарал.
Проблемите во странство се поизразени во време на економски кризи како што е сега. Многу често се случува луѓето да останат без работа, да не можат да добијат работа само затоа што се странци и имаат странско име презиме или образование. Доаѓаш до ситуација да ги потрошиш своите заштеди. И многу Македонци, а и други странци во моментов се наоѓаат во ситуација да немаат пари, работаат секакви работи кои се неколку нивоа испод нивното образование, едвај преживуваат и неретко живеат полош живот од просечните Македонци во Мк. Додајте го згора на тоа и немањето пријатели, сопствен живот, време за себе и крајниот резлтат е ужасен. Недај боже во таква ситуација да имаш и деца(а најголем дел од луѓето и имаат). Тогаш ужасот станува се поголем гледајќи како им се уништува иднината бидејќи заради релативната сиромаштија на семејството немаат еднакви можности за образование иако се талентирани. Тоа е најболното нешто. Да гледаш како децата се трудат и се талентирани, а не можат да успеат. И нормално е дека на крај човек ќе сака да се врати и ке се запраша: А да не се заебав?
И кога ќе сакаат да се вратат во Мк се соочуваат со уште повеќе проблеми. Во мк треба за работа да имаш некакви врски, а поради живеењето во странство ги немаш. А да работиш најдолна работа во мк е многу проблематично. Ќе бидеш стигматизиран, ќе ти се потсмеваат итн. А тоа уште додатно ја зголемува болката. Да ги враќаш децата назад и повторно да менуваат околина не е ред бидејќи тоа уште повеќе ќе им се одрази врз школскиот успех.
Ете така функционираат работите. Ако имаш малку среќа и многу работливост некако функционираш . Или немаш среќа и си последен роб и многу незадоволен.
Тоа е ризикот на заминувањето во странство. За жал многу луѓе заслепени од реклами,пропаганда или од неизвестеност и незаење не помислуваат на овие ризици (за воља на вистината и јас не помислував на овие работи кога се селев.) и се разочарани бидејќи животот им е под сите очекувања и не можат ништо да променат. Можат само да чекаат и да плачат, а годините си врват.
Ете така.
Да сумирам:
Одењето во странство е како играње рулет каде што си ставил буквално се на една бројка. Или губиш се и си многу несреќен или добиваш нешто поквалитетен живот.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
скоро сите овде напишале дека е тешко во странство ... јас не сум во странство (иако примамливо е да се оди), ама еве пример од мои блиски познаници ... добија на лотарија за САД и заминаа ... таму се снајдоа и имаат многу повеќе него што имаа овде ... пример овде возеа рено 4, а таму мерцедес луксузен ...
 
В

Вештерот

Гостин
скоро сите овде напишале дека е тешко во странство ... јас не сум во странство (иако примамливо е да се оди), ама еве пример од мои блиски познаници ... добија на лотарија за САД и заминаа ... таму се снајдоа и имаат многу повеќе него што имаа овде ... пример овде возеа рено 4, а таму мерцедес луксузен ...
Епа вистинското прашање не е дали они возат луксузен Мерцедес. Вистинското прашање кое треба да им го поставиш е колку луѓе возат полуксузен Мерцедес од нивниот и колку луѓе возат полоша кола од нивната. Со други зборови дали се во ниска, средна или висока класа таму.
Џабе ти е Мерцедесот ако буквално сите останати во твојата околина имаат трипати поскап автомобил. Исто како и во Македонија и во странство е многу фрустрирачки ако си на дното на општеството поради тоа што те дискриминираат иако си способен и образован. И тогаш автомобилот не ти значи ама буквално ништо. Верувај ми дека твоите познаници доколку се снашле спаѓаат во мала група на луѓе (20% би рекол). Многу побројни се тие што немале успех и се во странската држава во ниска или средна ниска класа. Некои можеби имаат повеќе плата отколку во Македонија ама нивната ситуација е прилично фрустрирачка.
И да не кажувам само за пари еден човек си има и други потреби (да не ги набројувам сега) и во странство тие потреби ке ти останат неисполнети.
Совет до сите: Во странство се оди ако навистина немаш друг избор и си во Мк сиромашен. Тогаш не губиш ништо. Човек треба да се потруди да не се најде во ситуација да мора да оди во странство бидејќи ризикува да живее како во ропство. Е тогаш не ти помага ниту еден Мерцедес и ниту едно Ферари.
Луѓето треба пред да си одат да знаат какви ризици да очекуваат. И криминалците живеат луксузно доколку не ги фатат. Но ризикот е преголем и затоа секој нормален човек се одлучува да проба чесно да живее. Така е и со одењето во странство. Едноставно ризикот не е мал (иако е далеку далеку помал во однос на ризикот кој го превземаат криминалци).
Во животот се си има своја цена и не треба да им се наседнува на некои приказни.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.481
Поени од реакции
9.219
Епа вистинското прашање не е дали они возат луксузен Мерцедес. Вистинското прашање кое треба да им го поставиш е колку луѓе возат полуксузен Мерцедес од нивниот и колку луѓе возат полоша кола од нивната. Со други зборови дали се во ниска, средна или висока класа таму.
Џабе ти е Мерцедесот ако буквално сите останати во твојата околина имаат трипати поскап автомобил. Исто како и во Македонија и во странство е многу фрустрирачки ако си на дното на општеството поради тоа што те дискриминираат иако си способен и образован. И тогаш автомобилот не ти значи ама буквално ништо. Верувај ми дека твоите познаници доколку се снашле спаѓаат во мала група на луѓе (20% би рекол). Многу побројни се тие што немале успех и се во странската држава во ниска или средна ниска класа. Некои можеби имаат повеќе плата отколку во Македонија ама нивната ситуација е прилично фрустрирачка.
И да не кажувам само за пари еден човек си има и други потреби (да не ги набројувам сега) и во странство тие потреби ке ти останат неисполнети.
Совет до сите: Во странство се оди ако навистина немаш друг избор и си во Мк сиромашен. Тогаш не губиш ништо. Човек треба да се потруди да не се најде во ситуација да мора да оди во странство бидејќи ризикува да живее како во ропство. Е тогаш не ти помага ниту еден Мерцедес и ниту едно Ферари.
Луѓето треба пред да си одат да знаат какви ризици да очекуваат. И криминалците живеат луксузно доколку не ги фатат. Но ризикот е преголем и затоа секој нормален човек се одлучува да проба чесно да живее. Така е и со одењето во странство. Едноставно ризикот не е мал (иако е далеку далеку помал во однос на ризикот кој го превземаат криминалци).
Во животот се си има своја цена и не треба да им се наседнува на некои приказни.
што да кажам, ти убаво напиша и во претходниот пост дури и многу прецизно ја опиша цела ситуација али прашање е дали лугето што го прочитаа твојот пост се потрудија и да го разберат, форум како форум, има луге не ни читаат до крај што се зборува туку едноставно доаѓаат и ке си кажат тоа што сакаат да кажат, патем многу работи треба да се доживеат за да може човек да ги почуствува, вака се е сведено на кој како кажал, кој се снашол кој не, голем број што се чуствуваат мизерно едноставно кријат и се срамат да ја кажат вистината, некој дури и лажат,така да вистинската слика тешко излегува на површина, или има луге таму по светот, се повредил на работно место, земал голема компензација и после глуми како тој бил јак фраер па заработил тешки пари криејки дека тие пари му се од оштета.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Mene ovde zivotot mi e kako vo tugina. gradov veke ne go poznavam mu sm,enija licen opis dojdoa nekoi novi luge tie sto gi znam se izgubija nekade ko ja za niv. Vo tugina bar ke gi iskoristat tvoite sposobnosti so platena rabota, ovde sme ko vo geto em ne plakaat em nema rabota mnogumina koi si zaminale jabana podobro se integrirale nego ovde. Nit mozes da izlezes nit mozes nesto da napravis...
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Од западот кај нас ги увезовме само лошите работи, покрај привидната демократија. Отуѓеноста, ладноста, индифернтноста спрема луѓето ни станаа секојдневие. Иако секој различно ги доживува работите и секој различно се снаоѓа во одредени ситуации кај нас мислам дека генерално проблемот е што политиката е длабоко вкоренета во секојдневието и секое обвинување и оправдување се изразува преку неа. Моќта на политичките партии да влијаат врз масовната свест на луѓето и врз нивното лично размислување ја кочи интелектуалната сила во Македонија. Плус на тоа ако го додадеме и перманетното труење преку НЕЗАВИСНИВЕ медиуми кои нон-стоп ги држат луѓево на шах како со коњ светлото во тунелот никогаш нема да блесне. Луѓето ја напуштаат земјава од пуста надеж дека полошо нема да ги снајде или едноставно преку ..р им е па решиле да си ја пробаат среќата а дали ќе ги огрее сонце таму некаде позади седум мориња и седум ридови се е до нив самите како ќе го доживеат. Никој не може да каже како би му било на некој друг. И точно не е се во парите, лично познавам луѓе кои да постоеше аристократија во Македонија сигурно ќе беа погорниот дел од неа па се исселија и тоа во позрели години. Нема правило и нема ист начин на видување на работите. Има некој кој го пробал тоа и знае и има изградено став околу тоа, и има некој кој живее во илузија дека таму некаде се што лета се јаде. Кога би постоел начин да се биде на двете места во исто време ќе можеме сите да знаеме на што сме и која е нашата земја од соништата...
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Deka e tesko vo stranstvo e tesko no tezok e zivotot i vo Makedonija. Samo ako sporedis edni problemi so drugi totalno se razlicni. Jas licno ziveam vo Nov Zeland veke 2 godini i za cudo ne me faka mnogu nostalgija. Drustvo od mladi Makedonci si imame site po okolu 30tina godini i se druzime redovno, nema ljubomori i ogovaranja, za pari za cudo ne paga muabet nikogas, site se relaksirani si pravat deca si pecalat pari. Samo nikoj ili retko koj od Makedoncite dosol so namera vo stranstvo da pecali pa posle na da se vraka vo Makedonija. Site go ziveat zivotot den za den.

Mislam deka glavnite problemi na emigracijata doagaat od dve pricini ednata e sekako nostalgijata koja sekoj covek go faka razlicno i drugiot problem e rabotata. Ako covek ne e zadovolen od rabotata odnosno e premoren, premalku platen ili ne si ja saka strukata togas sigurno nema da bide zadovolen so zivotot vo stranstvo. Samo toj problem relativno lesno se menuva vo stransto so promena na rabotata i dosta potesko vo Makedonija poradi jasni pricini. Jas licno ja menuvav rabotata na sekoi 3 do 6 meseci dodeka ne najdov toa sto mi se sviga.

A za vrakanje nazad mozebi na odmor nikogas za zivot nazad. Posle podolg prestoj vo stranstvo covek se naviknuva na toa opsestvo i ako se vrati nazad da zivee posle medeniot period od 3 meseci pocnuva da gi naoga manite vo Makedonija i pak se vraka kako jojo vo stranstvo. A toa e golem sok i za mladite i decata.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
A za vrakanje nazad mozebi na odmor nikogas za zivot nazad. Posle podolg prestoj vo stranstvo covek se naviknuva na toa opsestvo i ako se vrati nazad da zivee posle medeniot period od 3 meseci pocnuva da gi naoga manite vo Makedonija i pak se vraka kako jojo vo stranstvo. A toa e golem sok i za mladite i decata.

A zosto bi se vracal ako si vece odlucil da ne zivees vo MK .... nema smisla i kolku sto znam za Nov zeland treba i dosta gotovina da dades da otides..Steta za ovaa drzava sto gubi tolku mladi i talentirani kadri .. navistina steta
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Е штета ама која сигурност ни ја нуди државава ај кажи ми???со продавање муда за бубрези?не е се сјајно на западот ама човек желен за пристојна плата кому и не му е битно што работи ќе најде нешто за да живее попристојно од овде. 8050 денари минималец...абе ајде, катастрофа сме не манипулираат со малоумни пропагандни идиотштини:facepalm:
 

Scorpion_MKD

Бездомник
Член од
19 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
88
Нашиов народ е работлив и вреден кај и да отиде дали у странство дали дома ке се покаже како вреден за парите што го плаќаат. Ама ја па ке кажам дома си е дома со своите со блиските и никогаш не би заминал доколку би имал солидна плата кај нас у МКД и да одработам пристојно 8 саати па да замиинам дома или негде на викенд со семејството. Да одиме на Гурбет се за пусти пари и за подобро на семејството ама сите ние знаеме каква е состојбата сега за сега кај нас и молчиме се затвараме во себе легнуваме и стануваме само со една мисла.... ДОМА. Малку да размрда ова економијава а и овие транзиции де распад СФРЈ де сега НАТО ЕУ да ги ебам сите и ова политичариве се сите едни големи лажговци и се тепаат за фотеља а нродот е овца и само го стрижат и си молчи не крева револуција да каже еј алоооооооо па до кога бе у пм ке не лажете и ке идеме по белиов свет за да обезбедиме иднина за нашите семејства и ние овде сонуваме да се будиме дома со децата со сопругата да живееме во своја земја и да збориме на свој мајчин јазик. До кога ке сонуваме или пак Гурбетов ке биде меч со 2 острици за фотељшите и црнокостумашите така да парите што ги носиме за нашите семејства и нашата земја ке ги свртиме против нив со формирање на терористичка но патриотска организација која ке го брани овој напатен Македонски народ а на предавниците ке им суди само со СМРТ за злоделата против соптвениот народ и држава сите тие се исти лопови...... Па сега у целиот свет тоа е модерно Тероризам врз политичарите и лоповите што оваа наша прекрасна земја со сите услови дадени од бога Вода Сонце плодна Почва ја разграбаа и растурија и еден народ од 2 милиони луѓе го донесоа на питачки стап за да они ги пунат џебовите и банкарските сметки а ние ке трпиме и секој ден ке сонувам за ДОМА за семејството за родниот крај за Македонија...... Клошари политичари па сега ми пукна филм и знамиња ке финансираме прослави и не знам што од нашите пари и нашите даноци да ти ебам тоа клошарите и ѓубриња политичарски сите се исти само за СМРТ за вас или да ви дадам подобро Мотика и да ве пратам на нива на +40 без вода и така да ви ја вадам душата со памук лопови белосветски....... :mad::mad::mad::mad:
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
До сега сум заминал 6 пати во туѓина по работа, секогаш кога сум се враќам дома по 1 месец ми се враќа назад во туѓина. Незнам зошто така, мислев дека треба да е обратно. Ах Македонијо , колку ли само бедна и жалосна стана...
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Во Македонија водам лош живот, таа е моја држава и ќе ја сакам до гроб, но вистина е, дека во МК животот е тежок посебно за луѓе од мали места кои одамна ја напуштија Македонија.
Еве кај нас во Италија, има поголеми плати, но малку останува за нас. Скоро ништо. Да имам сигрна работа во МК и ќе можам да си ги плаќам своите разходи веднаш се враќам. НЕМА НИШТО ПОУБАВО ОД ДОМА!!!
se nadevam i posakuvam da e podobro
 

Kajgana Shop

На врв Bottom