Дали смее христијанка да се омажи за муслиман?

O

Omer el Faruk

Гостин
Интересна тема, реална тема, актуелна тема, секодневна тема.
Ме интересира вашиот став по ова прашање, но, не од рекла -казала муабети туку што и како учи Христијанството за ова. Што кажуваат Библиските цитати?
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
шо е тука проблемот??? или ако беше обратно ќе имаше проблем...
 
O

Omer el Faruk

Гостин
шо е тука проблемот??? или ако беше обратно ќе имаше проблем...
И јас тоа прашувам?

Ако беше обратно, секако дека ќе беше проблем,зошто на муслиманка забрането и е да се омажи за немуслиман.

Мислам дека темата е супер,како кроена за овој подфорум, па да оставиме ревносните христијани што ќе кажат на оваа тема.:smir:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Интересна тема, реална тема, актуелна тема, секодневна тема.
Ме интересира вашиот став по ова прашање, но, не од рекла -казала муабети туку што и како учи Христијанството за ова. Што кажуваат Библиските цитати?
Во библиските цитати Исламот воопшто не е спомнат....причина, не постоел тогаш....така да барањето одговор таму ти е беспредметно...

...друго по темата...... гледаш ние атеистите, по ваше неверниците си немаме такви дилеми, сите ни се исти....
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Значи кое глупаво религиско ограничување, тоа е нешто немогуќе.
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Да ви одговорам? НЕ! Ако се омажи за муслиман значи ја продала верата и неможе во црква да се венча ниту во црква да ги крсти децата. Се разбира сето ова ако е верник. Ако не е верник тогаш нема никаква пречка.

секодневна тема?
Вие секој ден земате по една христијанка за жена?
А дали во исламот е забрането да се земе жена од друга вера?
Во библиските цитати Исламот воопшто не е спомнат....причина, не постоел тогаш....така да барањето одговор таму ти е беспредметно...

...друго по темата...... гледаш ние атеистите, по ваше неверниците си немаме такви дилеми, сите ни се исти....
Така е потполно се согласувам. Безпредметно е да се зборува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Нели љубовта нема граници...или има?

Ме интересира вашиот став по ова прашање, но, не од рекла -казала муабети туку што и како учи Христијанството за ова.
Јас би прашал дали живееме за книгите и верите или за љубов и живот? Поинаку кажано и христијанка и муслиманка реално според мое убедување смеат и можат да се омажат за друга вера...ако до толку стигнала работата не треба да е пречка.

А инаку едно е нашиот став (она што го спомнав погоре), а друго како учи христијанството и другите вери (кои можеби се разликуваат од овој личен став).
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
И јас тоа прашувам?

Ако беше обратно, секако дека ќе беше проблем,зошто на муслиманка забрането и е да се омажи за немуслиман.

Мислам дека темата е супер,како кроена за овој подфорум, па да оставиме ревносните христијани што ќе кажат на оваа тема.:smir:
Како муслиманството доаѓа пар векови покасно во Библијата нема конкретни стихови за забрана од ваков вид..сепак кога се работи за неверници постои еден стих..кој иако не се однесува директно на бракот сепак би можело да се зеде во тој контекст...
2Коринтјани 6:14
Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?
Мислам дека е јасно до какви разлики и судири би дошло во еден таков брак..резултатот кај христијанството по тоа прашање е нешто сличенн како и кај вас во Сура2:122
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Глупости бе, сме дошле до тој степен да постојат вакви ограничувања подобро и да нема религии :tapp:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Во библиските цитати Исламот воопшто не е спомнат....причина, не постоел тогаш....така да барањето одговор таму ти е беспредметно...

...друго по темата...... гледаш ние атеистите, по ваше неверниците си немаме такви дилеми, сите ни се исти....
Vone, убаво напишав дека барам официјален став на христијанството.И што ако Исламот воопшто не е спомнат во библиските цитати, валјда се спомнати нехристијаните. Инаку и вие атеистите само на папиру, велите дека немате такви дилеми, додека во реалноста е сосем поинаку. И те како ги одбирате партнерите. Да бидеме реални и да не се лажеме. :)

Значи кое глупаво религиско ограничување, тоа е нешто немогуќе.
Не е глупаво ограничување ако се земаат во предвид конесквенциите кои што настануваат во таквите мешани бракови. Да не се повторувам: -Реалноста вели дека многу малку такви мешани бракови опстојуваат во мир,хармонија и брачна идила. Повеќето од нив се проблематични, нехармонични, поготово кога на сцена ќе настапат децата од таквите бракови. Прашањето е насушно и потребно да се елборира малце повеќе од секако, повеќе аспекти. :)

Да ви одговорам? НЕ! Ако се омажи за муслиман значи ја продала верата и неможе во црква да се венча ниту во црква да ги крсти децата. Се разбира сето ова ако е верник. Ако не е верник тогаш нема никаква пречка.
Ти благодарам! А уште повеќе кога истото би било поддржано со малце поширок елаборат зошто и поради кои причини е забранет таквиот брак. :)


секој ден земате по една христијанка за жена?
А дали во исламот е забрането да се земе жена од друга вера?
Не,не, не си ја сватил поентата.Јас убаво реков дека вакви бракови постојат и не навлегов во бројки. :)

Во исламот не е забрането муслиман да ожени христијанка или еврејка, но забрането е муслиманка да се омажи за христијан,евреин или припадник на некоја друга вера. Но, за ова може да се пишува на соодветна тема, бидејќи постојат посебни правила и прописи, и тоа не е нешто што може да се објасни во два -три збора.

Нели љубовта нема граници...или има?

Јас би прашал дали живееме за книгите и верите или за љубов и живот? Поинаку кажано и христијанка и муслиманка реално според мое убедување смеат и можат да се омажат за друга вера...ако до толку стигнала работата не треба да е пречка.

А инаку едно е нашиот став (она што го спомнав погоре), а друго како учи христијанството и другите вери (кои можеби се разликуваат од овој личен став).
А си размислил ли за понатака, кога ќе се изродат деца, па кога ќе треба да им се стават имиња, верски да се едуцираат итн.? Личните ставови се лични. Мене ме интересираат и религиските ставови.

Глупости бе, сме дошле до тој степен да постојат вакви ограничувања подобро и да нема религии :tapp:
:nenene: Не брзај, дури и атеистите ги одбираат брачните партнери од престрожност кон консеквенциите кои што можат да произлезат од таквите мешани бракови.

Мarcus! Од твојот одговор заклучив дека НЕ Е дозволено христијанка да се омажи за муслиман. Ок, ти благодарам! Сега следно прашање:

-Како да постапи христијанката која не знаела на времето, дека тоа и е забрането ( или знаела, сеедно) но, сега увидела дека направила грешка. Постои ли некоја посебна препорака што да прави таа понатака?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Мarcus! Од твојот одговор заклучив дека НЕ Е дозволено христијанка да се омажи за муслиман. Ок, ти благодарам! Сега следно прашање:

-Како да постапи христијанката која не знаела на времето, дека тоа и е забрането ( или знаела, сеедно) но, сега увидела дека направила грешка. Постои ли некоја посебна препорака што да прави таа понатака?
Реално..таа истата веќе не би била христијанка..оти ќе мора да промени верата..барем такви се правилата на игра..
Инаку препораката би била..
1Коринтјани 7:13,14
А жената која има маж, кој не верува, а кој се согласува да живее со неа, да не го напушта мажот, зашто мажот кој не верува се осветува преку жената, а жената која не верува се осветува преку мажот. Инаку вашите деца би биле нечисти, а сега се свети.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Интересна тема, реална тема, актуелна тема, секодневна тема.
Ме интересира вашиот став по ова прашање, но, не од рекла -казала муабети туку што и како учи Христијанството за ова. Што кажуваат Библиските цитати?

Христијанка може да се омажи за припадник од друга вера, оти не смее да постои притисок врз личната слободна волја, дури кога е во прашање брачното живеење.

А последиците од тој избор, разбира се, ќе си ги трпи избирачот, оти „..после (хммм...) нема каење...„.

Во православнтото рисјанство, важи принципот „...слично се препознава со слично...„. Парвославната христијанка, ако и „сече„ умот и ако е доволно силно утврдена во верата, ќе бара сличен на себеси, што значи, ќе бара сопруг од својата Црква. Се друго, е ризик, но ако е таква нејзината волја, нека повели, слободата не смее да се исклучи. Кој знае, може ради православната сопруга, нејзиниот неправославен сопруг „...да поверува и да се крсти...„.
 
?

..........

Гостин
Па дали смее?.....види сеа оти нели на муслиманите му ги сечат:vozbud:

па јас да сум женско двапати би размислила:helou:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Поголемо огранучување на мозокот не создава ништо толку колку религијата.
Односно разно-разни варијации од истата и некакви своевидни дедукции. Идиотизам.

Него, нели љубовта е создадена од оо големиот креатор на светот и се проследно, и нели љубовта немаше граници? Што се мени тиче, не е проблем ако се од различна вера додека се САКААТ (љубат, оби4ат.. yea right) и сексот им е добар. А црквата може наједноставно да одјеба. Неможеле да се венчаат во црква. Big fuckin deal. И така е веќе уште една излишна традиција. Немам веќе коментари за ваквите теми.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Omer el Faruk : :nenene: Не брзај, дури и атеистите ги одбираат брачните партнери од престрожност кон консеквенциите кои што можат да произлезат од таквите мешани бракови.

Не го спомнав никаде атеизмот, па зарем ти е неопходна религија да веруваш во Бог?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom