Во библиските цитати Исламот воопшто не е спомнат....причина, не постоел тогаш....така да барањето одговор таму ти е беспредметно...
...друго по темата...... гледаш ние атеистите, по ваше неверниците си немаме такви дилеми, сите ни се исти....
Vone, убаво напишав дека барам официјален став на христијанството.И што ако Исламот воопшто не е спомнат во библиските цитати, валјда се спомнати
нехристијаните. Инаку и вие атеистите
само на папиру, велите дека немате такви дилеми, додека во реалноста е сосем поинаку. И те како ги одбирате партнерите. Да бидеме реални и да не се лажеме.
Значи кое глупаво религиско ограничување, тоа е нешто немогуќе.
Не е глупаво ограничување ако се земаат во предвид конесквенциите кои што настануваат во таквите мешани бракови. Да не се повторувам: -Реалноста вели дека многу малку такви мешани бракови опстојуваат во мир,хармонија и брачна идила. Повеќето од нив се проблематични, нехармонични, поготово кога на сцена ќе настапат децата од таквите бракови. Прашањето е насушно и потребно да се елборира малце повеќе од секако, повеќе аспекти.
Да ви одговорам? НЕ! Ако се омажи за муслиман значи ја продала верата и неможе во црква да се венча ниту во црква да ги крсти децата. Се разбира сето ова ако е верник. Ако не е верник тогаш нема никаква пречка.
Ти благодарам! А уште повеќе кога истото би било поддржано со малце поширок елаборат зошто и поради кои причини е забранет таквиот брак.
секој ден земате по една христијанка за жена?
А дали во исламот е забрането да се земе жена од друга вера?
Не,не, не си ја сватил поентата.Јас убаво реков дека вакви бракови постојат и не навлегов во бројки.
Во исламот не е забрането муслиман да ожени христијанка или еврејка, но забрането е муслиманка да се омажи за христијан,евреин или припадник на некоја друга вера. Но, за ова може да се пишува на соодветна тема, бидејќи постојат посебни правила и прописи, и тоа не е нешто што може да се објасни во два -три збора.
Нели љубовта нема граници...или има?
Јас би прашал дали живееме за книгите и верите или за љубов и живот? Поинаку кажано и христијанка и муслиманка реално според мое убедување смеат и можат да се омажат за друга вера...ако до толку стигнала работата не треба да е пречка.
А инаку едно е нашиот став (она што го спомнав погоре), а друго како учи христијанството и другите вери (кои можеби се разликуваат од овој личен став).
А си размислил ли за понатака, кога ќе се изродат деца, па кога ќе треба да им се стават имиња, верски да се едуцираат итн.? Личните ставови се лични. Мене ме интересираат и религиските ставови.
Глупости бе, сме дошле до тој степен да постојат вакви ограничувања подобро и да нема религии
:nenene: Не брзај, дури и атеистите ги одбираат брачните партнери од престрожност кон консеквенциите кои што можат да произлезат од таквите мешани бракови.
Мarcus! Од твојот одговор заклучив дека НЕ Е дозволено христијанка да се омажи за муслиман. Ок, ти благодарам! Сега следно прашање:
-Како да постапи христијанката која не знаела на времето, дека тоа и е забрането ( или знаела, сеедно) но, сега увидела дека направила грешка. Постои ли некоја посебна препорака што да прави таа понатака?