Дали се уште има чесни луѓе? (Случки и искуства)

Член од
30 јули 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
Чесните луѓе се најзагрозен вид на планетата земја...
 
Член од
1 мај 2006
Мислења
371
Поени од реакции
2
Мислам дека постојат но се ретки. Пример не ми текнува сега во моментот ако ми текни ке пишам.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Во ова време е тешко да си чесен,зашто сите околу се нечесни...
Да,постојат сеуште чесни луѓе,ама како се менуваат генерацииве...не знам до кога ќе ги има:toe:

П.С.Неам конкретен пример во моментов,така да-ќе едитирам друг пат.
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
да има чесни луге но за жал се ретки :(:(:(
 

jutel

"убавите работи доаѓаат на крај"
Член од
25 март 2007
Мислења
952
Поени од реакции
2
na zemjava 4esni luge se samo siromavite koi za zal gi ima se poveke :(
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Чесниот никад не признава дека е чесен,еве ја на пример не сум чесен:bounce:...
Инаку има чесни луѓе,иако нема ниеден у моја близина.
Инаку чесноста тука ја сведовте на НЕпрофитирање од нечиви грешки,па ај и ја да се надоврзам.
Пара на страна,ич не сум чесен,имам најдено мобилен,го шитнав си купив гардероба,си најдов 100 денари на автобуска,еднаш се свртев да видам да не бара некој,зар да прашам чиви се?
Ми се има десено неколку пати да видам како ќе му паднат пари на некого,сум потрчал сум му ги вратил,ама пак.Еднаш кога го направив тоа добив реплика од типот-Да беа 500 на шо ќе ми кажеше-ај шо да му напраиш на таков будала?
А инаку тоа со 5000евра во ташна,Аурора не си испаднала чесна,туку баш си ја прекршила правдата,земи парите,сигурно повеќе добрини би направила ти него некој неблагодарен будала.
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Има чесни луѓе само што уште не ги знам :)
Шала на страна има чесни луѓе и јас сум една од нив :) Никогаш не би земала нешто што не е мое и што ми е по грешка дадено, секогаш враќам во такви случаи. Ми се има десено келнерки или продавачки да ми вратат повеќе кусур, пример сум дала 500 а ми враќа од 1000 кусур и веднаш и кажам. Па нема смисла да си ги земам, кога можеби таа работи за нив неколку дена. Немам срце да правам некакви превари што би ги зафрканало другите луѓе и што би можело многу да ги чини.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Има чесни луѓе. Можеби многу ретко ги сретнуваме но сепак постојат. Излишно е да зборувам самата за себе, тоа го оставам на другите. Но, еве еден пример. Пред две години на брат ми му паднал мобилниот во автобус и тој не приметил. Некој човек го зел и дваесетина минути откако брат ми ни кажа, се јави тој кај мајка ми, ни објасни каде да се чекаме и ни го даде телефонот. Ова ме натера да верувам дека сепак постојт чесни луѓе, можеби се ретки но сепак постојат.
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Има чесни луѓе, но се помалку бројни од оние другите. Во денешно време повеќето гледаат за себе, па борба за опстанок е светов денес, како да се или да останат луѓето чесни покрај се ? Мене ме учеле на чесност, и до ден денеска ако земам нешто несакајќи - враќам, ако ми вратат повеќе пари (што не се случило, само ме крадат :pos2: ) сигурно дека ќе ги вратам и такви за мене ситни, а за човештвото големи работи. :)pos: )

Конкретни примери не ми текнуваат вака еуфорична. :helou:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.374
Неверојатно, но има. Само што немаат добар маркетинг.
Добрата вест, не е вест.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Има чесни луѓе бе. Случај пред две три недели, шетаме по плажите сабајле во 5 со еден другар, и слушаме телефон ѕвони... Во нормални околности секој би ја извадил батеријата и би го продал телефонот на делови, ама другаров се јави, се договори со сопственикот и му го врати телефонот... Тоа е, само што ретки се ваквите...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па еве ви пример. Одам на продавница со 50 денари купувам кисела вода, продавачот ми враќа кусур како за 100-ка. Тоа го видов дури кога си дојдов дома. И што да правам ајде назад па му ги вратив парите на човекот. Нема смисла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom