Имаше слична тема на еден друг форум, па едноставно ќе го пастирам моето мислење и тука:
Смртта како појава ме фасцинира.
"...why am I dying to live, if I'm just living TO DIE?"
Исто онака како што е скоро невозможно да се сфати смислата на човековото постоење (освен ако самите не му дадеме смисла), така е скоро невозможно да се сфати смртта, нејзината причина и воопшто, постоење. Меѓутоа, ако се опфати целокупната слика што ја носи смртта кај човекот, ќе се добие рефлексија на СТРАВ. Ужас. Агонија. Таква е човечката природа-плашлива кон нештата кои не ги разбира. Сепак, смртта само не потсетува дека има почеток и крај на се што е земско. Или пак, ако повеќе сакате, круг во кој се врти истото.
И кога некој ќе умре, телото му гние, а душата не. Некому пак, душата му е гнила од раѓање, ама телото си опстојува. Феномен. Моќна е Мајка Природа. Надмоќна. И затоа смртта, треба да се сфати како нешто нормално, како продолжеток на животот, на човештвото, а не како крај.
Еден цитат: (од еден премногу поучен филм)
„...Додека сум жив, јас ќе зборувам и ќе те учам. Ти ќе слушаш. Откога ќе умрам, ти ќе дојдеш на мојот гроб и ќе зборуваш, а јас ќе слушам...“
Секогаш постои кружење на материјата и енергијата.