Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Не се плашам од смртта, затоа што ја имам прифатено како дел од животот.Не размислувам многу за нејзе,уствари избегнувам да мислам на нејзе.Затоа што има многу поубави работи на овој свет на кои можам да им посветам внимание.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Тоа ти се законите на животот, се раѓаш и мора да умреш....
Од самата смрт не се плашам, нормална појава е, се плашам само од начинот на кој би умрела.
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Има една изрека:
-Во животот постојат две работи кои мора да се случат а тоа се:да извршиш нужда и да умриш
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.510
Поени од реакции
14.159
Се плашам од тоа како би умрел, а од тоа дека ќе умрам не, се си има свој век на живеење.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Не се плашам од смртта.. Само да не боли многу :pipi:
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Не се плашам од смртта, таа не постои. Смртта треба да се слави зашто тогаш завршува едно поглавје од процесот на искуство и се отфрла носачот (физичкото тело). Тоа е нешто како крај на школска година, некои ќе бидат одлични, некои одвај ќе се извлечат со преодни оцени а ќе има и такви кои ќе ја повторат таа "школска година". Процесот продолжува се додека индивидуата "не дипломира", со вакво или онакво тело, на оваа или онаа планета, во овој или оној дензитет.

Дијалог
Во стомакот на трудна жена се два ембриони. Првиот го прашува вториот:
- Дали веруваш во живот после раѓањето?
- Секако. Нешто мора да постои после раѓањето. Можеби токму тоа што сме овде значи дека се припремаме за тоа што доаѓа после.
- Глупости, не постои никаков живот после раѓањето. Како воопшто би можело тоа да изгледа?
- Не знам точно, но таму сигурно ќе има повеќе светлина отколку тука. Можеби ќе одиме и ќе јадиме со уста.
- Какви бесмислици се тоа! Не може да се оди ниту пак да се јаде со уста, тоа е сосема смешно. Нас не храни папочната врфца. Ќе ти кажам и нешто друго: Живот после раѓањето е невозможен, папочната врфца дури и сега е премногу кратка.
- Ма не, нешто сигурно постои. Веројатно се ќе биде малку поинаку од она на што сме навикнале овде.
- Но од таму сеуште никој не се вратил. Просто со раѓањето животот се завршува. Инаку животот не е ништо друго освен долго страдање во темнината.
- Па сега јас незнам како тоа ќе изгледа после породувањето, но сигурно ќе ја видиме мама и таа ќе се грижи за нас.
- Мама!? Ти веруваш во мајка? А каде според тебе би требало таа да се наоѓа?
- Па насекаде околу нас. Во неа и благодарение на неа ние живееме. Без неа и ние не би постоеле.
- Јас не верувам во тоа. Никаква мајка никогаш не сум видел, па со самото тоа е јасно дека таа не постои.
- Но понекогаш кога е тивко, можеш да ја чуеш како пее, или можеш да почувствуваш како го милува нашиот свет. Знаеш, јас навистина верувам дека вистинскиот живот не чека дури тогаш!
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Леле ова со ембриониве е прекрасно!
 

k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
Не се плашам од смртта,од пишано не се бега....:toe:
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Се плашам од смртта, не толку од самата неа- колку од тоа дали ќе бидам подготвена да го напуштам се ова овде , сите благодети, дали ќе ја остварам својата животна цел,дали делот од мене кој сакам да остане ќе остане вечно , како и тоа дали мојата душа ќе го надживее моето тело.
Смртта е нормална појава, кога луѓето умираат , одземаат и дел од своите најблиски со себе , но сепак најтешко е за тие што засекогаш заминуваат...
Ама тоа е циклусот, магичниот круг без кој ни ние не би постоеле...
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Не, ни најмалку не се плашам од смртта, таа е правило, неодминлива, неизбежна. Но, искрено ме плаши начинот на кој ќе умрам, ме потресуваат болни претсмртни агонии, умирање на рати... :nesvest:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Зашто да би се плашел...Природна појава која никој не ја одбегнал...Свесен сум дека еден ден ќе дојде по мене, па едноставно не се замарам кога...
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
има периоди кога многу се плашам и размислувам за неа, но повеќе се плашам таа да не дојде на луѓето кои ги сакам отколку на мене
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
нормално дека секој има чуство на страв од смрта, но кај мене не е толку голем тој страв бидејќи сепак неможе да се избега од неа .....повеќе се плашам од самото прашање на која возраст би дошла, еххх да можеше да се превиди кје беше полесно.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Јас сега на овие години се плашам,не сакам да умрам и многу се плашам од начинот на смртта,но кога би размислила и за понатака во животот,бидејќи јас имам некоја фобија од стареење,од немоќноста што тогаш ја имаме и од тоа што сме товар на други (зборувам за ептен стари луѓе),мислам дека тогаш не би се плашела од смртта,туку напротив....Општо за смртта,немам што да кажам освен дека и таа е дел од животот,поточно крајот на животот,но сепак негов составен дел,само жално е што некогаш на нејзиниот пат не гледа дека има луѓе што уште имаат за живеење,а некои дури тогаш почнуваат со нивниот живот...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355


песнава вреди да се слушни и многу работи после не ми се јасни.
А инаку да се плашам од смртта ама верувам дека таму има друг свет..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom