Да, мислам дека парите носат слобода кога станува збор за материјални работи.Но, само за материјалните работи. Парите не носат среќа бидејќи среќата не е поврзана со парите, туку со задоволството на душата.
Знам многу богати луѓе полни со кеш кои можат да си дозволат луксузни работи, скапи одмори, брендирана облека, а јас ништо од тоа, но кога ќе седнеме на маса и правиме муабет, нема никаква разлика меѓу нас. И оние со пари се несреќни, разочарани, депресивни, мизерни како и оние без пари, а верувајте уште помизерно се чувствуваат ако видат дека некој посиромав од нив има среќа во љубовта, одлични оценки на факултет, грижливи родители, искрени пријатели, верна сопруга и слично. Не дека тоа намерно го прават, но богатите луѓе едноставно сметаат дека со пари се се средува и на другите им создаваат таква претстава. Парите се средства, но не и гаранција за слобода, бидејќи секој различно ја толкува слободата.
Вистината е дека не можеме да имаме се истовремено, но добро е човек да знае каков е животот и со пари и без пари, за да ги цени оние среќни моменти во животот кои се толку многу ретки.